vezilka RR -> RE: Дали водите свој личен дневник? (12.1.2012 9:31:16)
|
Класичен дневник не сум пишувала никогаш и баш ми е криво оти мислам дека е многу добар начин да да меморираш чувства. Во принцип сите се сеќаваме на дешавките од животот но не можеме точно да ги запамтиме чувствата што сме ги имале во тој момент.. Имам неколку тетратки, во кои запишував разни ствари во текот на младоста, како на пример омилени стихови од некоја песна, извадоци од книги, сечев и лепев некои извадоци од весници и сл. Имам две тетратки полни со киксови кажани од другарките, моите дома и сите со кои сум се дружела во тоа време..урнебес се и ден денес кога ќе се збереме си ги читаме и се газиме од смеење. И ги имам моите чуени тетратки со колажи..еден период го правев следново, од фотографии ги сечев луѓето или само главите на луѓето и им ги прикачував на други тела исечени од весници и сл во даден контекст инспириран од некој случка што ни се десила и пишував коментари на тоа (старински фотошоп, ха,ха) После огромниот хамер што ми беше закачен преку целиот ѕид на кој исто запишував инересни мисли и секој кој ќе дојдеше кај мене на гости мораше да напише или нацрта таму нешто. И класика во тешките и пресудни моменти од животот..тажна поезија и проза обавезно, до денденес. Кога ќе го соберам сето ова може да излезе еден добар дневник на младоста [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|