Julie1 -> RE: Искри на нашата душа (11.8.2009 17:40:29)
|
И .. сака.. Беше девојче.. Нејзината руса коса се прелеваше на сончевата светлина. Ја гледаше ко капка роса во цветна градина. И Ја сакаше! Полна со живот беше Таа. Од нејзиното лице насмевка зрачеше. Неговите очи Ја милуваа крај него кога ќе минеше. И Ја сакаше! А Таа не ни знаеше дека Тој постои. Едностраната љубов траеше, ко лузна што стои. И Ја сакаше! Беше девојка.. Преполн со радост кога ќе ја здогледа. Сега се другари во нивната младост, делат иста креда. И Ја сакаше! Заедно лудуваа, но Тој ништо не и откри. Убави работи им се случуваа, но чувствата од Неа ги сокри. И Ја сакаше! Таа беше со друг, но секогаш тажна кога беше креираше за Неа магичен круг и да ја насмевне успеваше. И Ја сакаше! Со друга беше Тој, за да ја заборави, да ја остави на спомените свои, друга љубов да се појави. И Ја сакаше! Повторно беше сам. Почна женски срца да крши без нималку срам. Никоја неможеше да го задржи. И Ја сакаше! Се немаа видено долго време. Секој по свој пат, секој различно почна да пати. Таа бараше нешто да ја крене, повторно во живот да ја врати. И Ја сакаше! Одеднаш јасно и беше се. Сакаше да го види неговиот лик. Солзи и навреа на очите две. Се мачеше да не пушти вик. И Го сакаше! Животот и се сведе на неговата потрага. Спомените со себе ги зеде, да ја крепат додека трага. И Го сакаше! Ништо неможе да ја сопре жената која љуби. До најдалечното место ќе допре, само човекот свој да не го изгуби. И Го сакаше! Потрагата вредеше. Го најде во едно планинско село. Целата трепереше од средбата со Него. И Го сакаше! Влезе во куќичката мала и го здогледа легнат на кревет. Помисли, судбината и го дала на дланка целиот свет. И Го сакаше! Тој скокна од кревет кога ја здогледа. Од неговиот сакан цвет, имаше само слика бледа. И Ја сакаше! Не веруваше на очите свои дека Таа е тука. Му рече: “Сакам да ги бакнам усните твои. Срцево мое за тебе чука.” И Го сакаше! Го бакна нежно и кратко. Времето запре во тој миг. Се гледаа вљубено, слатко. Пред двајцата беше саканиот лик. И Го сакаше! Да можеше некој да го распара неговото срце распламтено, никој веќе не ќе требаше љубов да бара. Ќе имаше доволно за секое срце, напатено. И Ја сакаше! Почнаа да се бакнуваат, а тој низ плач ја отфрли од себе. Чиниш ѕидовите почнаа да тагуваат, кога и рече: “Неможам да бидам со тебе.” И Ја сакаше! “Но, јас Те сакам”. Се чу низ плачот нејзиниот глас. “Долго ми требаше да сватам дека неможам да живеам без тебе, јас”. И Го сакаше! Повторно да го бакне сакаше, а Тој со последните сили од намерата ја одвраќаше. Неможеше да гледа во нејзините очи мили. И Ја сакаше! Чиниш некој, најтежок товар му фрлил и врз градите му притиска. Ко сиот воздух од себе да го исфрлил. Со последниот здив почна да вреска. И Ја сакаше! “Умирам! Имам сида!” Ја отвори вратата и почна да бега. Се срушија врз неа сите четири ѕида. Крикот на двајцата, го слушам и сега. И Се сакаа!
|
|
|
|