AnnaMolly RR -> RE: Што мислите за пријатели од друга вера? (29.12.2013 15:39:34)
|
Не сум верник, верата ама воопшто не ми игра улога дали некој ќе ми биде пријател или не. Живееме на Кале, таму 90% од комшиите ми се муслимани. На маж ми другарите од деца му се сите до еден Турци, Албанци па и Роми и никогаш не сум правела разлика меѓу нив. Кај повеќето од нив сум била стопати на гости, тие исто кај нас. Човек си е човек без разлика од која вера е. И најдобрите другарчиња на син ми, првите наши комшии, се муслимани, Турци. Децава се сакаат многу меѓу себе, ептен се дружат, а и јас со мајка им. Никогаш не би му забранила да се дружи со некој од друга вера :) Да додадам. Тие пријатели муслимани што ги има маж ми ни дојдоа и на венчавка во црква и на крштевка во црква, имаат почит спрема она што го правиме ние, а и ние спрема тоа во што веруваат тие и тоа е тоа.
|
|
|
|