|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Алергии кај децата
16.4.2009 9:33:33   
vesna_kr
КАко ја откривате алергијата кај децата?НА што е алергично вашето дете?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Алергии кај децата
16.4.2009 9:36:20   
vesna_kr
Јас денес почнав да се  сомневам дека Мила е алергична на мед.Ама не сум сигурна. Тоа го приметив и порано откако ке пие млеко со мед кашла, и додека е болна јас и давам мед и млеко и нe и поминува. Ама 1 недела не и имав дадено млеко со мед и не кашлаше воопшто.Денес сакав да проверам дали ќе кашла од мeдот иако потсвесно мислев дека не.Се напи сабајлe едно шише млеко со лажиче мед и кога стана 2, 3 пати кашлаше.Значи ли тоа дека е алергична или треба да ја однесам на лекар да ја проверат?
Ве молам ако нeкој има слично искуство нека ми каже што да правам.
Благодарам.

< Поракaта ја уредил vesna_kr -- 16.4.2009 9:38:03 >

(Одговор на членот vesna_kr)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Алергии кај децата
16.4.2009 9:50:11   
Еца
Па Весна со оглед на тоа дека јас се изнамачив со алергии и пазење мислам дека е најдобро да се исконсултираш со доктор, знам дека не мозе да се испита за алергија на мед на клиника засто немаат реагенс, меќутоа по приватните веројатно имаат.Според она што си го напишала и јас мислам дека  покажува алергија на мед, па затоа додека проверите немој да и даваш.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот vesna_kr)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Алергии кај децата
16.4.2009 9:53:05   
Еца
Весна не те прашав,дали Мила по лицето ома ситни брумциња или и е чисто?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Алергии кај децата
16.4.2009 12:08:35   
vesna_kr
Елена нема никакви рекации на кожата, значи буквално ништо.Незнам сега дали и во градинка кашла ама ете сабајле кашлаше како што кажав,е сега дали се погоди така или е алергија појкма немам.Пишими уште нешто ако знаеш.Лелеее незнам.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Алергии кај децата
16.4.2009 14:51:38   
Еца
Весна додека не испитате најдобро е воопшто да не и даваш мед,обавезно поразговарај со доктор за ова, зашто знам дека ако организмот постојано се изложува на алергенот може да прерасне во потежок и опасен облик.Мислам доколку постои сомневање и додека не испиташ исфрли го медот од нејзината исхрана. 

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот vesna_kr)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Алергии кај децата
3.2.2012 21:57:48   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: mama toci

Ferhunde,alergo testovi imame praveno samo dodeka lezevme vo kozle i se utvrdi deka iako mala(2 godini)pokazuva nekoi alergiski reakcii na drva i treva,ama se nekako mi izgledase povrsno,zata sakam da pobaram i drugo mislenje drug alergotest ama poim nemam kade,navodno alergotestovite bile najtocni posle tretata godina.



_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Алергии кај децата
10.2.2012 11:42:48   
ferdunde
ИЗВОРНА ПОРАКА: mama toci

Ferhunde,alergo testovi imame praveno samo dodeka lezevme vo kozle i se utvrdi deka iako mala(2 godini)pokazuva nekoi alergiski reakcii na drva i treva,ama se nekako mi izgledase povrsno,zata sakam da pobaram i drugo mislenje drug alergotest ama poim nemam kade,navodno alergotestovite bile najtocni posle tretata godina.


Jas gi prvev kaj Dr Ezova vo Jane Sandanski i potoa kaj Dr Dokic vo Promedika i kaj site e isto ...trevi, zitarici i muvla. Povtorete si gi uste ednas... i vo Sistina znam deka pravat

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Алергии кај децата
26.3.2012 19:22:58   
Yummy Mammy
Sto se pravi so dete sto pokazuva alergiski reakcii?!
S ima 3,5 god i za prv pat i se zatnuva noseto, i se pravat onaka kako topcinja na nosnite sinusi, tocno se gleda kade e zapusuvanjeto, nema mrsuli, samo vodicka i tece, no i koga duva ne i se otpusuva noseto. Kako da i go olesnam disenjeto? Kako da i pomognam?
Treba da ja odnesam da napravime alergo testovi, no sto vo megjuvreme?! I kolku kostaat testovive vo Sistina i Remedika?

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот ferdunde)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Алергии кај децата
26.3.2012 20:17:44   
mama toci
Yummy Mammy,vo alergo test ke dobies poveke informacii za ova sto te interesira

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Алергии кај децата
26.3.2012 20:22:41   
topce
verojatno e inhalaciona alergija i osven inhalacija pomaga i soleni kapki so patenol ili acedosalus.vidi dali go cesha noseto i dali koga e nadvor i se scrvenuvaat kapacite na ocite togassh sigurno e alergija inhalaciona.za sistina site ceni gi imate na nivniot web site,obocki e tamu od kozle,ili mozete vo kozle kaj sonja bash vtornik i e den za ambulanta ama pokasno odete ne rano vo guzvata.

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Алергии кај децата
9.4.2012 11:46:23   
Felly RR
Паѓа возрасната граница за појава на алергии


Чешање на носот, бистра, воденеста носна секреција, интензивно кивање, чешање и боцкање во очите, солзење и црвенило, па дури и тешкотии како што се отежнато и свиркаво дишење, кашлица со недостиг од воздух, засипнатост на гласот се дел од симптомите на т.н. пролетни алергии, кои доаѓаат со пролетта и расцутувањето на дрвата, а со кои се соочува голем дел од нашата популација.


Интересен е податокот дека секој четврти Македонец страда од алергии, а од година на година се' повеќе се зголемува бројот на луѓе што имаат алергиски ринитис. „Една особеност за општата популација на територијата на нашата држава во последните десетина години е намалување на возрасната граница кај децата за почнување со респираторни тешкотии провоцирани од присутноста на полен во воздухот. Поточно, доколку пред десетина години поленските алергени беа носечки по осмата или деветтата година на животот, последните години тие се тригер-фактори за страдања и кај деца на возраст околу четвртата година на животот“, додава докторката.



Основна особеност дали една индивидуа ќе има тешкотии или не лежи во нејзиниот генетски код. Постојат повеќе генски локуси што се носители за потенцијални можни тешкотии, лоцирани на повеќе хромозоми. „За да постои проблем, потребно е индивидуата со самото раѓање да го носи потенцијалниот ген за алергиско страдање кое се ’разбудува‘ живеејќи во околина која е богата со алергени. Клиничките тешкотии варираат од човек до човек, од детска до адултна возраст“. Најчести клинички тешкотии се на лигавицата на носот и се пројавуваат како алергиски ринитис - бистра, воденеста носна секреција, чешање на носот, кивање во салви и носна оптурираност. Тешкотиите се особено присутни кога лицата престојуваат на отворено, во ветровити денови, како и по пролетни и летни дождови. „По 10-11. година на животот, следуваат тешкотии од очната лигавица - чешање и боцкање во очите, солзење и црвенило кое се надоврзува, најчесто на проблемите од алергискиот ринитис. Кај одредени индивидуи, не толку ретко, може да проследат и тешкотии од типот на отежнато и свиркаво дишење, кашлица со глад за воздух, а кај некои, поретко, и засипнатост на гласот“.

Д-р Маческа-Баџакова објаснува дека третирањето на алергиите се врши со внесување лекови што имаат моќ да ја намалуваат воспалителната алерген-компонента (имаат антиинфламаторен ефект), по претходна детекција на алергенот што ја причинува клиничката слика (реализирајќи кожни алерголошки тестови за инхалирачките алергени). „Третманот бара упорност, подолго користење на пропишаните лекови од лекарот алерголог, редовно земање на терапијата и придржување до практичните мерки: пократок престој на отворено меѓу 12-13 и 20 часот (активностите да се изведуваат рано наутро или доцна навечер), миење на телото - туширање со чиста вода (секојдневно користејќи шампони за високосензитивни индивидуи), како и носење на капа и очила, затворање на прозорците од автомобилите додека се возиме и затворање на вратите и прозорците од нашите домови во период на ветровити часови од денот“, советува лекарката Баџакова, која вели дека секој може да почне да манифестира алергиски тешкотии во која било животна возраст, од 7 до 70 години, за што е потребно да се поседува генетика за тоа и присутни фактори во надворешната средина што го откочуваат генот што се носи.

извор: Утрински Весник

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Алергии кај децата
21.5.2012 12:36:41   
mama Iva
sin mi pred nekolku dena se nafrla kaj kureto i kako i obicno poznata mi bese situacijata si zedov edna mast so stalno si ja zemav i mu vrvese od nea ,ama drugiot den pocna na grbot i kaj stomaceto znaci cel bese nafrlan osven racete i nozete.Bev na doktor nemozea tocno da mi kazat za so se raboti pa me pustija na kozno i tie ne znaeja ,pa na zarazno mi rekoja ne sum za tamu ne bilo strasno.Mi prepisaja loratadin ,me prasaja dali ima temperatura dali kiva ,mu go pregledaja grloto ama od seto ova nisto nemase zatoa neznat so e rabotata.nNavodno od promena na omeknuvac ili prasok ,od kupkata za kapenje.neznam poveke so e ,znaci ne se nekoj vidlivi mozolcinja tuku epten sitni i e grub ,rapav po celo telo sega pocnaja i na nozete.Dali vi e poznata ova alergija ?

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Алергии кај децата
22.11.2013 8:42:00   
Felly RR
Малку се мислев кај да го сместам постов, пошто се однесува на повеќе работи, ама првично на алергијата кај ќерка ми па затоа ја избрав оваа тема.
Кога земавме упат од кај матичната за контрола кај докторката што ни правеше алерго тестови, сестрата ни спомна дека иди од СКопје некоја докторка еднаш во месецот, спец. пулмолог алерголот (така јас сфатив, а сега видов на печатот дека само пишува спец. педијатар) па закажавме и кај неа.
Е вчера бевме на преглед, ние првенствено сакавме да се консултираме за алергијата ама муабетот на докторката повеќе беше во насока на настинки. Осевн што ни го препиша сирупот Аериус (кој ни беше прекинат од септември и немавме никакви проблеми, се до пред 3-4 дена која и се јави кашлица), ни препиша и Фликсоназе, и бидејќи крајниците и биле големи, почнувала сезона на шарлах во градинките, и превентивно да не настанат компликации на другите органи од бактериите да зема 1-2 месеци Оспен сируп, па по 2 месеци да одиме на контрола во Тафталиџе (патем која е таа амбуланта во Тафталиџе?)
Малку чудно ми падна земањево антибиотик 2 месеци, и дури ја препрашав - 1-2 месеци, докторке??? На што таа ми го даде погоре напишаното објаснување.
Дали некој имал такво искуство да му биде препишан антибиотик толку долго време, еднаш во денот по 5 мл.
Исто забораваив да пишам - кажавме дека има чести настинки, ама лесно ги поминува, ретко правиме инхалции со Вентолин, не праша дали кога спие грчи - Не, дали крева висока Т - НЕ.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 22.11.2013 8:43:27 >


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот mama Iva)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Алергии кај децата
22.11.2013 8:59:17   
Slagjana
Не сум доктор, ама имам слушнато за таква терапија со Оспен еднаш дневно неколку месеци само во случај кога детето често се поболува, има гнојни ангини и единствено решение му е вадење на крајниците. Сирупот се зема пред таа операција. А Фликсоназе може да се користи и подолго време иако нема затнат нос и слични симптоми. Мислам дека спрејот најмногу ќе делува. Сепак консултирај се со алерголог-пулмолог.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Алергии кај децата
22.11.2013 9:02:04   
Палешка РР
Felly малку ми е чудно два месеци да пие антибиотик, обично го препишуваат за 7-10 дена секој антибиотик. Сирупот за алергии може и до два месеци, тоа и нас така ни го препишале. Да не е некое недоразбирање? Јас би се советувала и со друг доктор, ова не ми е логично. user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Алергии кај децата
22.11.2013 9:23:25   
Felly RR
Не е недоразбирање, и мене ми беше чудно, и ја препрашав, да не мислеше 1-2 недели. Ама не. И баш ме зачуди бидејќи како што спомнав и кажавме дека има чести ама лесни настинки, гнојна ангина имала еднаш до сега. И кажавме дека сега, од мај месец нема воопшто настинато. За фликсоназето ок, знам дека го коритат и помага при алергии. Ама Оспенот многу ме збуни. Секако ќе се консултирам и со друг доктор, не планирам да и го давам. Ако ми даде некое пологично објаснување за толку долга терапија, за случај како што вика Слаѓана, тогаш во ред. Ама оваа докторка не ни спона ништо за вадење на крајниците.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Алергии кај децата
22.11.2013 10:19:43   
Annet
ne veruvam deka treba antibiotik da se prina 2 meseci, da ne mislela Aeriusot..cudno..i nie imavme gnojni angini primivme inekcii,a za alergijata Aerius pievme,Fliksonaze ni prepisaa,ama mnogu mi bese I mala,prskav nekolku dena i sama prekinav. Da si pobaras drugo mislenje mislam:)

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Алергии кај децата
22.11.2013 11:36:01   
vezilka RR
Felly RR овој пост е од темата Крајници кај дете. Еве уште некое објаснување за оспенот.


ИЗВОРНА ПОРАКА: anchi

Zdravo kerkami ima problem so krajnicite pred dve i pol godini pocna so gnojni angini i od togas ke pomine mesec dva detevo e so bolki pri goltanje zgora n a set_o toa zakaci i streptokoka na grlo ,blagodarenie na streptokokot aso(asosteptolizin) ni se kaci do 921 a normalno e da bide 200... e sea posle 10 dnevna terapija so amoksiklav za bakterijava prodolzivme so pola tableta od 1000 ospen , sekojdnevno samo edna na den celi 2 meseci za da se namali aso ...mi rekoa deka tabletata pola na den ako se pie dva meseci e ravno na 5 meseci mesecna inekcija depopen koja se bocka sekoj 24 den samo edna s vo mesecot.No bideiki inekciite bile premnogu bolni i nebilo veke vo praktika bockanje muskulno zatoa da sme gi piele ospenot...taka i napravivme eve mesec i pol veke pieme ospen i aso pocna da se namaluva.Od kako ke se namali aso ni rekoa operacija obavezna i da cekame prolet !JAS I PREDHODNO IMAV PSIUVANO VO TEMATA KAJ DECA SO BAKTERII EVE SEGA I OVDE PROCITAV KOJ STO NAPISAL OD ISKUSTVO. ME INTERESIRA DALI NEKOJ OD VAS IMAL SLICEN ILI POZNAVA SLICEN SLUCAJ SO POKACENO ASO KAJ DETE I KAKO SETO TOA DOSLO VO RED SE STABILIZIRALO???POZDRAV GOLEM DO SITE!!!


Ова се надоврзува не еден скорашен случа со детенцето на една пријателка. Девојчево исто често настинува. Прво ја лечеа соантибиотици еден месец. Па после откако тоа не помогна, ја лечеа од алергија уште два месеци без успех, за на крај да откријат дека има стрептокока во носето.

Еве уште една тема за Терапија со оспен.

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 22.11.2013 11:38:50 >

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Алергии кај децата
23.11.2013 12:40:08   
Felly RR
Се консултирав и со матичната. Ваквата терапија ми кажа дека се дава превентивно кај деца со чести настинки, ама за сигурно треба претходно да се испита АСО, ЦРП, па после да се дава. Еве и Анчи тоа пишала дека АСо-то им било високо, па затоа имале таква терапија.
Јас уште во четвртокот и дадов Зиртек - за алергија (бидејќи го имав дома) вчера зедов и Фликсоназе, и ќе и ги давам само тие. Кашлањето и се намали, таа бидејќи е алергична на мувла, и смета и влагата што е во воздухов, а исто и дерматофагоидите имаат баш поволна клима за рамножување. Па може и од едното и од другото, имаше реакција.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 23.11.2013 12:44:27 >


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Алергии кај децата
5.12.2013 12:09:56   
Felly RR
На форумот е забрането рекламирање и поставување на надворешни линкови. Правилата на користење ги имате ТУКА, ве молам почитувајте ги.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот green house)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Алергии кај децата
19.6.2014 12:07:09   
Felly RR
Еве некои информации кои ги најдов на груман.мк за додатоци во исхраната кои ги ублажуваат симптомите при алергии. Се надевам на некого ќе помогнат.

Лист од коприва
Про­тив­во­спа­ли­те­лното делу­вање на копри­вата може да се кори­сти кај многу алер­гии. Едно истра­жу­вање пока­жало дека кај лицата со алер­ги­ски рини­тис, само 600 мг од прав од лист од коприва ги сми­рува симпто­мите од алергијата.

Астра­га­лус
Со векови е дел од тра­ди­ци­о­на­лната кине­ска меди­цина. Помага за јак­нење на орга­ни­змот и го сти­му­лира про­и­звод­ството и цир­ку­ла­ци­јата на иму­но­ло­шките Т-клетки. Астра­га­лу­сот осо­бено помага кај симпто­мите на сезон­ски ринитис.

Прав од зелен јач­мен
Во послед­ните години се напра­вени бројни истра­жу­вања кои ја дока­жаа анток­си­да­тив­ната и деток­си­ка­ци­ската моќ на зеле­ниот јач­мен. Сокот од зелен јач­мен содржи хло­ро­фил, ензими и фито­хе­ми­ка­лии кои играат важна улога во бор­бата про­тив сло­бод­ните ради­кали. Спо­ред науч­ни­ците, суопероксид-дисмутаза и 2-гликозилизовитексин се моле­ку­лите кои го пра­ват зеле­ниот јач­мен супер лек за нашиот организам.

Масло од црн ким
Се кори­сти при пре­вен­ција и сми­ру­вање на алер­ги­ските реак­ции, биде­јќи делува на нивото на хиста­мин. Осо­бено добро делува која рини­ти­сот и симпто­мите на астма. Важно е да го кори­стат оние лица кои не смеат да кори­стат лекови про­тив алер­гии.

Калциум и вита­мин Ц
Веќе долг период се пре­по­ра­чува земање на калциум заедно со вита­мин Ц. Заед­нички имаат многу пое­фек­тивно делу­вање на симпто­мите на алер­гија и го јак­нат иму­ни­те­тот. Калци­у­мот го сма­лува нивото на хиста­мин во орга­ни­змот и на тој начин е под­го­твен за успе­шна борба со надво­ре­шни тела кои вле­гу­ваат во него.

Про­би­о­тици
Со секојд­невно вне­су­вање на про­би­о­тици преку фер­мен­ти­рани млечни про­и­зводи, делу­ваме пово­лно на рам­но­те­жата на црев­ната микро­флора, која игра важна улога во јак­не­њето на иму­ни­те­тот со оглед дека 60% од клет­ките на овој систем се нао­ѓаат во цре­вата. Ова е осо­бено важно да се има пред­вид кај ново­ро­ден­чи­њата и малите бебиња.

Про­по­лис
Ста­нува збор пче­лин про­и­звод чиј рас­твор делува анти­ви­ру­сно, анти­бак­те­ри­ски и ане­стет­ски. Содржи разни смоли, восок, ете­рични масла, армо­тични врски, мине­ра­лни состојки и фито­хор­мони. Оваа ком­би­на­ција од состојки има тера­певт­ска моќ кај алер­гии, астма, артри­стис, акни, брон­хи­тис, изго­ре­ници, ден­та­лни про­блеми, гастро про­блеми.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.6.2014 12:08:06 >


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Алергии кај децата
19.6.2014 12:12:51   
Felly RR
За кимот и за копривата прочитав и на повеќе места дека помагаат при алергии, но на М и немав дадено коприва воопшто - мислам во било каква форма. Вчера прв пат проба сок од коприва, ама веднаш и се јави црвенило на лицето исто како што и се јавува и кога ќе касне чоколадо - на кое е алергична. Да напоменам дека пола саат пред да го проба сокот бевме на инхалација со вентолин (бидејќи има бронхит). И стварно се зачудив - не сум слушнала до сега дека копривата предизвикува алергии, туку еве баш спротивно, дека ги ублажува симптомите.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Алергии кај децата
19.6.2014 13:10:49   
topce
сум пишувала ама еве пак ќе напишам.
Поголемата ќерка имаше страшна алергија, респираторна, течење нос, ларингит и зацрвенување на очи.
никогаш не давав флексотиде, флексоназе и слично, тоа се кортико и доколку не е ептен ептен сериозно не
сакам да го внесуваат во организам па макар и да ме убедуваат дека е локално и не штети.
е сега како и што ни помогна.значи ептен на почетокот пиеше летизен,зиртек и слично и потоа најдов дека
ацидосалусот е наменет меѓу другото и за алергии.спрејот за нос и грло за нас беше спас од алергија.
алергија и се појавуваше во март кога се појавува тревата или на косена трева и на се што е со трева врзано.
цвеќиња и липи не ни се проблем ама тревата убиство, па шетавме на бетон :).
кога ми спомнаа од козле за кортикото реков не и прашав дали може со ацидосалусот и одговорот беше дека е доста корисен.
не ми е јасно зошто тогаш не го преферираат, знам дека е скап, ама на природна база е и може да спомнат па родителите ќе си одлучат.


(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Алергии кај децата
19.6.2014 13:20:35   
Felly RR
Топче, ти благодарам на споделената информација. user posted image Имав слушнато за спрејот, баш тука на форумот, но мислам дека немаше никој спомнато дека и за алергии помага. И во право си - штом знаат докториве дека помага, треба е да се спомне. Па и нека е скап. Подобро да ги дадеш парите за нешто поскапо, но на природна база,и да знаеш дека помага, отколку па да го труеш детето со антибиотици и Вентолин.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?