|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Алергија на полен
16.4.2009 9:45:38   
Еца
Со доаѓањето на пролетта стигнуваат првите проблеми за оние склони на алергии.Пролетните зраци значат и расцутување на дрвјата и билките, па така оние кои имаат проблеми со поленот треба да се подготват.Кивање во серија, затнат нос, солзење на очите, главоболка, потешко дишење, промена на кожата се едни од многубројните симпртоми на алергијата на поленит, но сепак треба да се посети доктор за да се утврди точно за што се работи.
Симптомите на алергија може да се менуваат во зависност од концентрацијата на поленот во воздухот.Присатноста на поленот во воздухот најголема е наутро,додека во текот на денот со растење на температурата  се намалува.,

Поленот живее до есен
Иако во пролет алергиите се најчести,нема месец во годината кога не сме изложени на потенцијални поленски алергенски.

Март-брест, топола, бреза
Април-топола и орев
Мај-бор и храст
Јуни-поленот од липата и тревата
Август-поленот ос слезот и тревата
Септември-тревите и папратите
Октомври-тивките папрати

< Поракaта ја уредил mis. -- 24.12.2009 10:50:47 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Алергија на полен
29.4.2009 14:53:21   
Еца
katuske не си ја приметила темата,одамна ја поставивuser posted image

< Поракaта ја уредил mis. -- 24.12.2009 10:51:17 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Алергија на полен
24.5.2009 12:15:27   
Боцко
уште како бебе, приметивме кај стефан дека кога одиме во парк отприлика овој период од годината, целиот беше со црвени печати, кратко време, додека да дојдеме дома. знам дека има предиспозиција на алергии зашто и јас и сестра ми овој период патиме, таа повеќе. сега повторно, стефан се закашлува, носот му тече посебно кога одиме во парк. потоа му поминува. исто, поткашлува ког ќе прснам дезодоранс. моментно имам адидас, малку му ставав и на него, да биде „голем како тато" ама кога сфативме дека има проблем веќе не го користам. сега одам на стик. по себе знам дека повременото џвакање мед со саќе 1 месец пред и во тек на сезоната помага. исто така по 30-тата година ефектите се помалку изразени. но тој е мал за да џвака, барем уште 1 година. а, што би рекла дани, што до тогаш?

< Поракaта ја уредил mis. -- 24.12.2009 10:51:40 >


_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Алергија на полен
24.5.2009 12:29:24   
Еца
Па Боцко би било добро за ова да поразговарате со педијатар, бидејќи доколку организмот почесто се изложува на алергени, може по некое време да настане бурна и лоша реакција.Затоа сето ова кажете го на стручно лице, кое ќе одреди дали можеби Стефан овие месеци би требало да биде ставен под заштита со некој антихистаминик.Мислам многу пропативме со тие алергии, многу читав за алергии, па сметам дека со нив нема шала,значи мора многу претпазливо да се сфати и пристапи кон алеријата.

< Поракaта ја уредил mis. -- 24.12.2009 10:51:59 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Алергија на полен
1.8.2009 8:37:16   
Еца
Пролетта можеби е најубавиот период од годината, но воедно и најтешкиот за оние кои се алергични на полен и трева. Но, алергијата, освен со медицински препарати,  може да се ублажи и со уште неколку едноставни методи. Ви претставуваме неколку совети кои можат да ви помогнат при справувањето со овој проблем.
Постелнината менувајте ја еднаш неделно, а кога ќе ја перете, правете го тоа на висока температура. Поленот се насобира на кожата и косата, па така наместо наутро, туширајте се пред спиење.

Пролетно чистење со заштита
Доколку сте се фатиле да чистите, допирот со прашината е неизбежен. Носете заштитна маска и гумени ракавици додека чистите доколку сакате да се заштитите од прашината и хемиските средства. Барем најмалку двапати неделно поминете го станот со правосмукалка.

Редовно перете ги прекривките и перниците
Перници, ќебиња, прекривки... денеска речиси сите кога купуваат ги избираат оние кои би можеле почесто да се перат.

Чист воздух, чиста клима
Одржувајте го воздухот во собата чист, а прозорите држете ги затворени, особено навечер за да го спречите влегувањето на поленот во домот. Редовно менувајте ги филтрите на климата и одржувајте ја чиста.

Внимавајте на бањата
Влагата и мувлата се вистински непријател кога станува збор за алергиите и астмата, затоа редовно чистете ја  бањата, особено пределите околу тушот или кадата. Мувлата најдобро отстранете ја со средства за чистење со висок концентрат на хлор.

Внимавајте на декларацијата на средствата за лична хигиена за да ги избегнете состојките кои би можеле да ви пречат. Средствата за лична хигиена исто така можат да предизвикаат алергиска реакција, затоа внимавајте на нивните состојки.

Внимавајте на косената трева
Избегнувајте ги местата со свежо косена тревата, бидејќи при косење поленот се крева во воздухот. Доколку имате домашно милениче, не дозволувајте да ви се шета насекаде низ станот, особено не во спалната соба.

Консултирајте лекар
Не смеете да консумирате лекови на своја рака, без притоа да се консултирате со лекар. Некои лекови може да ви ги ублажат симптомите, но не сите лекови се подеднакво делотворни за сите видови алергии

< Поракaта ја уредил mis. -- 24.12.2009 10:52:26 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Алергија на полен
4.11.2009 13:43:55   
mis.
Алергија е преосетливост на некои супстанци, додека алергијската реакција е одговор на имуниот систем на организмот кон внесените алергиски субстанци. Носечките супстанци (алергени) кои предизвикуваат алергијска реакција може да бидат: храна, полен, спори, микрокрлжи, делови од тело на животните, отров, од инсектите, и др.


Како настанува?
Нормално имуниот систем функционира како одбрана од штетни агенси (пр. бактерии и вируси). Кај поголем дел од алергиските реакциите имуниот систем реагира на алергенот како на штетен агенс. При првиот контакт со алергенот, организмот произведува голема колична на антитела (IgE). Овие антитела се соединенија од протеинска природа и тие се карактеристични за секој алерген (пр: за различни видови полен). Молекулите на имуноглобулинот Е (IgE) во организмот се прицврстени за мастоцитите (клетки присутни во многу ткива) и за крвните базофилни гранулоцити (клетки кои се ноѓаат во крвта).
Кога алергенот повторно ке дојде во организмот, тој се прилепува за две специфични IgE, прицврстени за горе споменатите клетки. Контактот момеѓу IgE и алергените представува сигнал за мастоцитите и базофилните гранулоцити да произведуваати ослободуваат силни инфламаторни материи, како сто се: хистамини, простагландини и леукотриени. Ефектот на делување од овие хемиски материи на различни делови од телото предизвикуваат симптоми на алергиски реакции. Кај алергиите на полен може да се забележат следните симптоми: кивање, чешаwе во пределот на носот, грлото и очите; темни кругови околу очите (предизвикани од ограничениот проток на крв околу синусите), насолзени очи; коњуктивитис; ринитис.Некои луѓе, алергични на полен, можат да развијат асма

Како се лечи ?
Постојат три основни постапки во лечење на алергијата, а тоа се:
1. Избегнување на алергени
2. Земање на лекови кои ги намалуваат симптомите (ги спречуваат ослободувањето на активните хемиски материи)
3. Имунотерапија или комбинација од овие методи
Избегнувањето на поленот тешко може да се постигне, но следењето на следниве совети може многу да помогне:
1. Испитајте кои се тие растителни видови на чии полен сте алергицни.
2. Побарајте совет од доктор кои лекови ке ви ги олеснат симптомите (Запомнете дека поголем број од лековите најдобро делуваат ако се применат пред симптомите да се влошат).
3. Користете го пребројувањето на полени (алерголошки извештаи), и според нив организирајте ја Вашата активност.
4. По можност престојувајте подолго во затворен простор во текот на сезоната кога цветаат растенија на чии полени сте алергични, а дождливите денови одберете ги за прошетка.
5. Имајте на ум дека деновите со релативно ниска влажност на воздухот и слаб ветер се изразито погодни за ослободување на поленот во воздухот.
6. Секогаш носете наочари за сонце за да ги заштите очите од поленот (Најдобар ефект имаат наочрите со штитници од сите страни на оквирот).
7. Не косете трева Вие, и останете внатре додека тоа се прави (Сепак ако неможете да го избегнете косењето задолжително носете маска).
8. Честото косење на тревата може да го спречи цветањето на тревата (Сепак тревата со тек на време, се прилагодува да цвета иако се коси многу ниско).
9. Редовно одржувајте ја хигиената на нечистите површини.
10. Држете ги затворени прозорците во домот, а посебно во колата, кога концентрациите на поленот е висока од тој вид.
11. Идеално за ладење и провертување е употребата на клима уред, бидејки тоа значително ће го намали внесот на полени.
12. Ако не можете да си дозволите кола со клима уред, тогаш размислете за вградување на систем за вентилација.
13. Не престојувајте во паркови или на село во текот на сезоната кога цветаат растителните видови, на чиј полен сте алергични.
14. Избегнувајте прошетка покрај и низ многу нечисти површини.
15. Планирајте го вашиот одмор така за да можете да ја избегнете сезоната на цветаwе на одредените алергени растенија.
16. Ако сте алергични на полен од вид на растение кое е под вашиоп прозорец, одстранете го.
17. За да го одстраните поленот од вашата коса, туширајте се кога ке дојдете дома.
18. Почесто мијте ги вашите очи и лице.
19. Избегнувајте сушење алишта на отворено.
20. Пациентите кои и покрај овие едноставни мерки на предпазливост, имаат силни алергиски симптоми, треба да размислат за терапијска десензитизација. Кога започнува ладно и влажно време воглавно престануваат тегобите предизвикани од аларгијата на полен. Доколку алергиската реакција продолжи, особено кога подолго време престојувате во затворен простор, возможно е да сте алегични на многубројните алергени кои може да се најдат во домашна прашина тс. да имате таканаречена ИНДОР АЛЕРГИЈУ.

< Поракaта ја уредил mis. -- 24.12.2009 10:52:47 >

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Алергија на полен
24.12.2009 10:49:38   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

Поленот на амброзијата предизвикува алергија кај 10% од луѓето. Од сите поленски алергии, поленот на амброзијата е предизвикувач во 50 до 60% од случаите. Кај најчувствителните лица, 8-20 поленови зрна во 1 m3 воздух, можат да предизвикаат силни реакции, а само еднo растение амброзија произведува 1-8 милијарди поленови зрна. Во поленот на амброзијата се констатирани 52 соединенија кои се алергогени, од кои 6 се посебно опасни. Алергиската реакција првенствено се појавува на горните дишни патишта. Отежнатото дишење и засилената секреција се основни облици на алергијата која може во некои ситуации да премине и во асматични напади. Се почесто во светот се бележат смртни случаи предизвикани од претерана алергиска реакција на амброзија.


< Поракaта ја уредил mis. -- 24.12.2009 10:53:08 >

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Алергија на полен
27.1.2010 21:36:01   
BEBICA
Алергиски ринитис / Алергија на полен / Сезонски ринитис
Доколку секоја пролет имате затнат нос, очите ви се зацрвенети и ве чешаат и имате кивавица-можно е да имате алергија - алергиски ринитис ( најчесто алергија на полен.). Алергија на полен е најчесто употрeбуваниот термин, иако постојат огромен број на материи кои можат да предизвикат алергија.

Доколку  симптомите се јавуваат секоја година во ист период, најверојатно се работи за сезонска алергија, предизвикана од полен кој се јавува токму во тој период. Но доколку постои преосетливост (алергија) кон алергени како прашина на пример симптомите може да траат цела година.

Лековите кои се земаат без рецепт обично се доволни за смирување на симптомите на лесна форма на алергиски ринитис, но доколку симптомите се поизразени и посебно доколку се присутни во текот на цела година, треба да се обрне повеќе внимание, за да се намали ризикот од посериозни форми на алергија како астма и екцем.

Знаци и симптоми

Знаците и симптомите на алергиски ринитис варираат од лесни до многу изразени.  Симптомите на алергиски ринитис обично се развиваат веднаш по изложување на алергенот, но и материи како парфем и чад од цигари можат да ги влошат симптомите.
Симптомите на алергиски ринитис се: :
  • Течен секрет од носот  
  • Насолзени очи  
  • Чувство на притиок во носот, очите и лицето  
  • Често кивање  
  • Чешање во грлото, носот и очите  
  • Кашлица  
  • Несоница  
  • Малаксалост   

user posted image

user posted image
Обично тешко се прави разлика меѓу настинка и алергиски ринитис, поради речиси истите симптоми. Ова се главните разлики:

  Алергија/Алергиски ринитис Настинка Знаци и симптоми Течен бистар секрет од носот: нормална температура Течен  воденикав секрет со жолта пребоеност; благо покачена температура Старт на симптомите Веднаш по контакт со алергените (полен) Еден до три дена по изложеност на вирус Траење на симптомите Се додека трае изложеноста на алергените Од еден до седум дена
Доколку имате чести настинки кои се развиваат одеднадеш и се јавуваат во исто време во годината, можно е да се работи за алергиски ринитис. Иако алергиите и настинките имаат многу слична клиничка слика, тие се сепак многу различни болести. Еве зошто:
  • Причина Настинките се предизвикани од вируси, додека алергијата е преосетливост, претеран одговор на имуниот систем при контакт со одредена материја, алерген-како полен, влакна од животни, прашина и сл. Вирусите лесно се пренесуваат од човек на човек, но алергијата не е заразна болест, и не можете да добиете алергија од човек кој има алергија.
  • Траење Симптомите на настинка траат од еден до седум дена, ретко повеќе. Спротивно, симптомите на алергиски ринит се јавуваат секоја година во ист период и траат по неклку месеци, а доколку се работи за алергија кон материја која е секојдневно присутна, како прашина, симптомите се присутни постојано .
  • Лечење. Третманот на настинка и алергиски ринитис е донекаде сличен, во смисла на одмор, капки за нос, но при поизразени форми на алергиски ринит ќе бидат потребни и лекови против алергија, како кортикостероиди, анти-хистаминици и сл.
  • Превенција. За да се спречи појавата на настинка, потребно е да се избегнува контакт со лица кои се веќе заразени. За да се спречи појавата на симптомите на алергија, лицето треба да ги избегнува материите за кои е познато дека кај него предизвикуваат алергиска реакција.
Единствениот начин точно да дознаете дали имате алергија или настинка е да се обратите на лекар!

Иако алергискиот ринитис може да се појави во било која возраст, најчесто се јавува во детството и раната младост. Со стареење симптомите може да се влошат или подобрат, но сепак симптомите имаат тенденција да се намалуваат со текот на годините.

user posted image user posted image

Лицата кои имаат алергиски ринитис можат да бидат алергични на повеќе материи истовремено. Без разлика која материја ја предизвикува алергијата, причината е секогаш иста: преку процес наречен сензибилизација, имуниот систем погрешно ја идентификува таа материја како закана за организмот и произведува анти-тела против алергенот, имуноглобулин Е. Наредниот пат кога ќе дојдете во контакт со алергенот, имуниот систем ја започнува алергиската реакција. ИгЕ антителата го иницираат ослободувањето на хистамин, супстанца која предизвикува отекување на слузокожата и мукозната мембрана во носот, синусите и очите, предизвикувајќи кивање, течење на секрет од носот, зацрвенети очи и тн.

Ризик фактори
Следнива фактори го зголемуваат ризикот од поленска грозница (стар назив за алергија кон полен):
  • Фамилијарна историја за алергии
  • Машки пол   
  • Изложеност на чад од цигари во првата година од животот  
  • Изложеност на домашни алергени, како прашина


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Алергија на полен
31.3.2010 13:28:09   
mis.
Пролетни маки Секоја година, овој период од годината (а и наесен, есенското цветање на тревата е страшно, затоа треба многу често да се коси)  ми почнуваат маките со  алергии како последица на полен во воздухот. Тие што се склони кон алергии (како јас) претежно си знаат на што се алергични и едноставно избегнуваат контакти со алергените (болдирано ви се врежува во потсвеста), но за жал на пролеtните алергии сеуште никој не успеал да им го најде крајот, остануваат лоратадините, или летизенот, дексаметазонот, урбазонот, флексоназе, флексотиде, прокулин, …нели во зависност од тоа што треба…. лепезата на дроги кои ги ублажуваат симптомите е голема, ефектот истсе додека не поминат и липите (како краен пролетен алерген), јас се мавам од спунтови (врати, прозори) при нормално движење и сум благо поспана (последица на горенаведените лекови).Како се справувате со овие"Пролетни маки"?

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Алергија на полен
31.3.2010 13:46:26   
topce
е баш така Боцко што до тогаш?
еве ние имаме моментално проблем.Анастасија на почетокот на март и ги направија сите испитувања и ни рекоа доста беше летизен и поминала алергијата.
шипки што и поминала, извини на изразот.еве неколку дена се шетаме надвор, дрвјата се расцветуваат па и липите и слично и од денес сме со затнат нос, и зборува како баба и пак ни го вратија летизенот.


(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Алергија на полен
3.5.2010 21:26:14   
Julie1
Како се справувате со алергиите пролетва. Јас сум со антихистамини секој ден во вид на таблета и спреј. Помагаат но сепак не дозволуваат убава прошетка во парк или на некаде на друго место каде може да уживаш во зеленилото... Дали некој има пробано со вакцините кои ги споменуваат за алергија...?

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Алергија на полен
4.5.2010 8:36:52   
profesorica
помалиот син на жената што го чува Дамјан има проблеми со алергиите но женава не дозволува да прима инекции бидејќи биле хормонски.

имав еден пријател кој има ваква алергија на полен и многу лошо му се манифестираше, со со сува кашлица и гушење. навечер не можел да спие.знам дека примаше некоја терапија па ја прекина и пак му се вратија тегобите.сега не контактираме, незнам како му еuser posted image user posted image user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Алергија на полен
4.5.2010 9:54:48   
nataly_13215
vo vrska so vakciniranje za alergii kaj nas se pravi istoto za sekoj pacient vakcinata e individualna no mora da se napravat prvo alergo testovi rezultatot da se pravi vo firmata koja gi pravi alergotestovite i vrz baza na istoto se priprema vakcina koja treba da se primi pred sezona dokolku se raboti za inhalativni alergeni koi se pojavuvaat vo sezona. dokolku nekoj e zainteresiran slobodno neka mi prati poraka.pozdrav

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Алергија на полен
26.2.2013 8:59:37   
AnnaMolly RR
Девојки, има ли овој период некои полени или растенија што цутат?
Јас сум многу алергична на полен, кога е пролет ми е пекол. Ама еве овие два дена кивам, кашлам, очите ми се крвави... сите класични симптоми на алергија ги имам.
Знам дека во пролет кога врне ми е илјада пати полошо со алергиите, ама првпат вака во февруари да ме фати алергија.
Знае ли некој што е работава, има ли некој вакви симптоми?

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот nataly_13215)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Алергија на полен
26.2.2013 9:10:48   
dostickage
Nisto cudno AnnaMolly, toplo e vremeto pa i trevata e zelena a i drvata pocnaa da imaat pupki.
Nema vrska koj mesec e , sekogas koga ima zelenilo alergijata pravi problem. Znam kako e jas se macev so nea dolgi godini i nekako sama od sebe iscezna. Znae da se pojavi koga e najubavo i najtoplo vo prolet no daleku e od ona sto bese nekogas.
Kaj mene koga bese aktuelna ne birase sezona i vo januari da se izbacese treva i vo januari ja imav.
Edna godina od prvi mart pocnav so terapii demek da ja fatam na vreme ama nisto, pak si rabotese ...

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Алергија на полен
26.2.2013 12:20:47   
Cipi Ripi
Анамоли истото се случува и кај мене деновиве, а стагнираше некое време, дури се порадував дека можеби се излечив од тоа и од синусите. Деновиве сам ми тече носот, вода, и се чешам. Едното око вчера вечер си го приметив крваво и баш се зачудев. Инаку цело време сум дома, не бев негде у пушални па да ми е таквоuser posted image
Што е најтрагично си го гледам детево се чеша за нос исто ко јас, само него не му тече. Па си викам биваше ли најчурукот од мене да го наследил?user posted image

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Алергија на полен
26.2.2013 12:26:45   
dostickage
Cipi Ripi daj mu nekoe sirupce za imunitet na D ako se cesa. I V znae nekogas koga kje mu padne imunitetot da izbaci alergiska kaslica i cesanje zaedno so mene i togas i dvajcata se klukame so nesto pa ni proagja.
Trenje oci, nose... covek stom ima znae da prepoznae simptomi na alergija..

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Алергија на полен
26.2.2013 12:37:13   
Cipi Ripi

ИЗВОРНА ПОРАКА: dostickage

Cipi Ripi daj mu nekoe sirupce za imunitet na D ako se cesa. I V znae nekogas koga kje mu padne imunitetot da izbaci alergiska kaslica i cesanje zaedno so mene i togas i dvajcata se klukame so nesto pa ni proagja.
Trenje oci, nose... covek stom ima znae da prepoznae simptomi na alergija..


Баш така е, тој што си ја имал маката, ја препознава после. Никој не го примети.
А што сирупче да му дадам. Досега не сум му дала ништо, ама ич ништо не сме пиеле. Имаме 9 и пол месеци.

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Алергија на полен
26.2.2013 13:19:47   
dostickage
Baby Vit kapki, Imuno B, nesto na Erba Vita mislam deka mozes tie se za pod 1 godinka.
Ako bas se cesa daj mu ako ne e nesto mnogu, ne moras neka se bori i sam organizmot.
Jas ne sum mnogu mnogu za suplementi, ama ako ima potreba pak ne gi ni izbegnuvam... Proceni situacija user posted image

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Алергија на полен
26.2.2013 13:22:43   
dostickage
Cink so Vitamin C e preporaclivo kako kombinacija za ovie alergii i soleni kapki za nos. Ova povekje za nas a za D mozes i samo Vit C da mu dades od tie detskite na Pliva , sosem dovolno ne ti treba nisto drugo.

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Алергија на полен
26.2.2013 13:46:40   
AnnaMolly RR
Ципи Рипи, мене матичната ми рече дека белите бебиња со светла коса и очи се повеќе склони кон алергии, а особено ако еден од родителите има алергија на нешто.
И јас тоа си викам, кај најде најлошото од мене да го наследи - разделени заби и склоност кон алергии user posted image

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Алергија на полен
15.4.2013 11:08:44   
TamaraMartina
Jas i soprugot sme alergicni na polen a mislam i deka sin mi e alergicen bidejkii polsednive denovi samo gi cesa ocinjata i mu se vcrveneti. Vikendov bevme nador od gradov na vozduh i sega mu se uste poveke crveni i samo gi cesa. Mamickite sto imaat pominato niz toa ako mozat da mi kazat kade da odam...dali kaj Ezova ili na dr mesto za ispituvanje i preventivno sto da koristime??? Inaku maliot ima 1,5 godina. Jas si vikam aj moze ne mu e alergija moze mu e zosto se faka so racinjata pa sam da ne si napravil nekoja infekcija.. Sto koristevte vie za vcrveneti ocinja? Blagodaram

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Алергија на полен
29.4.2013 14:56:10   
Pepelaska *
Најдобро е да се консултираш со доктор сепак е малечко.

Знам дека не сум јас бебе ама ке ме убие ова поленов.Пијам летизен колку сосема малку да ми се смири.Мене ми е ужасно а камоли на мало бебенце или дете кое не знае што му се случува

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот TamaraMartina)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Алергија на полен
2.5.2013 22:54:35   
Snowhite RR
Дали може Летизен сируп да се дава на своја рака? М веќе недела две суво кашла, нема никакви други симптоми, па не сум го однесла на лекар, па си мислам дека е на алергиска база, плус пред некој ден се нафрла на рачето, ама остана на тоа, не се прошири осипот, на два пати му дадов Летизен сируп кој му го имаше препишано порано, ама не сум сигурна дали смеам така да му давам без консултација, а од друга страна не ми се носи на доктор.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Алергија на полен
3.5.2013 21:37:58   
Felly RR
Ако е алергија, би требало од два пати што си му дала да се намали кашлањето. Дали забележа некоја разлика?
Мислам дека не е ништо страшно ако му дадеш, ама ако за два-три дена не му се намали кашлањето консултирај се со лекар.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?