Idna mamica -> RE: Прв пат на гинеколог (6.10.2010 11:42:21)
|
Првпат отидов на гинеколог на 23 год.Многу ќе се чудат дека е прилично доцна за тие години,но јас до тогаш не бев сексуално активна и немав проблеми со циклусот,се додека не ја изгубив невиноста.Ми беше прилично страв(среќа што отидов кај жена-гинеколог),и имав трема но сето тоа не било толку страшно како што си мислев.Сега пак како да ми се надокнадува тоа што не одев како девојка,поради проблемот со стерилитетот одам многу често[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Одењето на гинеколог не е ништо страшно,срамно или чудно.Тоа е грижа за сопственото здравје,утре таа млада девојка треба да има деца,затоа е многу битно да се подготвува организмот за бременост,да се направат испитувања и да се санира нешто ако не е како што треба.
|
|
|
|