RE: Како на детето да му ја објасниме смртта? (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


zansen -> RE: Како на детето да му ја објасниме смртта? (26.1.2013 14:25:56)

Najdobar odgovor e deka baba mu e sega na neboto zasto na dete od 4 godini tesko moze da se objasni smrtta eve moj primer imam izgubeno roditel i koga nekoj po greska ke me prasase kade sto ne znae deka e mrtov kazuvav deka spie so tekot na godinite sam svanes nekoi raboti ednostavno bez objasnuvanje [sm=smiley13.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Како на детето да му ја објасниме смртта? (27.1.2013 9:38:46)

Јас имам друго прашање.
Како да ја објасните смртта на дете, а тоа да не биде „тој и тој е сега горе на небото“. Јас не сум религиозна и не верувам во живот на небото после смртта. Како да се постапи во тој случај?




niki -> RE: Како на детето да му ја објасниме смртта? (27.1.2013 11:46:37)

kako sto mu objasnuvas kako se sozdava dozd
nie ne sme imale smrten slucaj na blizok na deteto, no bevme da go posetime grobot na tatkoto na mm, togas taa imase okolu 4 godini
i objasnivme deka lugeto koga ke ostarat ili ako se razbolat od nekoja strasna neizleciva bolest umiraat, umiranjeto i go objasnivme deka e koga ke prestanes da dises, da gledas, da slusas, da zboruvas, ne prasa zosto dedo i bil zakopan na grobista i toa objasnivme deka teloto koga ke prestane da zivee se raspaga i zatoa gi stavame tamu vo zemja da se raspadnat za da se nahrani trevickata i cvekinjata od ostatocite i deka stavame spomenik za koga ni nedostiga covekot da pojdeme tamu, da go pozdravime i da mu kazeme se sto sakame, iako ne ne slusa na nas zivite ni e polesno, taa prikaznata ubavo ja prifati na dedoto mu ispea pesnicki nie se isplakavme slusajki ja i taka
imavme momenti koga i se javi strav da ne umre nekoj od nas roditelite, togas si ja guskav i ja uveruvav deka sme zdravi i mladi seuste i deka ne mora da se grizi uste dolgo ke bideme tuka i taka, najnormalno, bez potresuvanje, otvoreno kako sto e
normalno koga ke dojde red da ne napusti nekoj so koj e bliska nema da i krijam ke i dozvolam da se pozdravi, da se isplace, da taguva, se e toa del od zivotot ne mozeme da gi zastitime od taga, mozeme da bideme pokraj niv i so niv da ja preziveeme




Maria -> RE: Како на детето да му ја објасниме смртта? (5.4.2013 10:52:00)

Пред два дена умре баба ми,со која поголемиот син,кој има 6години беше многу близок.[sm=smiley13.gif]На погребот не беше тој(се разбира) и сеуште незнае дека баба веќе ја нема.Несакам да го лажам дека ја боли ногата и неможе да дојде,но неможам ниту вистината да му ја кажам.[sm=smiley19.gif]Проблемот е што е многу емотивен и знам дека нема лесно да го прифати тоа.[sm=smiley13.gif]Незнам дали сега да му кажам ,па дури и да го посетиме нејзиниот гроб или да почекам да помине некое време?[sm=zmeden.gif]
Работата е што тој претчувствува...голем е...Незнам како да му кажам,прочитав многу совети погоре,но знам дека на кој и начин да му кажам,нема да биде лесно...незнам што да правам,сакам да му кажам,но сакам и да го заштитам од болка и тага...[sm=smiley13.gif]




Maca25 -> RE: Како на детето да му ја објасниме смртта? (5.4.2013 11:19:53)

Мариа, јас мислам дека треба да му кажеш. Мислам дека не треба да се крие од децата, посебно во твојот случај каде што детето е поголемо, разбира што му кажуваш и може да покаже емоции. Дедо ми кога почина, тетка ми не сакаше да му каже на братучед ми дека дедо му починал, сите знаевме само тој не. Не беше мал, беше неко 3-4 одделение. Детево осеќаше дека нешто не е ок, прашуваше каде е дедо, они го лажеа дека е болен, па после побара да го види - го излажаа дека е во болница и така само продолжуваа со лагите. Помина една година и тој мислеше дека дедо му е болен. Шок доживеа кога дозна дека родителите го лажеле цела година и многу потешко премина преку тоа.
Затоа јас сум да се каже, да се објасни на начин кој би бил најбезболен за детето.




AnnaMolly RR -> RE: Како на детето да му ја објасниме смртта? (5.4.2013 14:10:38)

Мариа, сочувство за баба ти.
И јас мислам дека треба убаво да му објасниш, спеак има 6 години, не е бебе. На твое место јас би му објаснила дека баба повеќе не е со нас затоа што бил стара и починала, нешто што е составен дел од животот. Не сакам да велам „Баба сега е во рајот, баба е кај дедо боже“ бидејќи не сум религиозна.
Исто така, пробај со син ти разговарај за се убаво што му се случувало со баба му, нека ти раскаже некоја убава случка со неа, кажи му дека кога сака може да раговарате на неа и дека нема да ја заборавите.
И добра ти е идејата да го однесеш на гробот, на некој начин мислам полесно ќе му биде.
Не знам, немам искуство во овие работи, ама вака некако мислам дека би изреагирала.




Maria -> RE: Како на детето да му ја објасниме смртта? (5.4.2013 16:40:55)

Фала ви [sm=smiley31.gif] се надевам дека што побрзо ќе соберам храброст да му кажам,и ако изрази желба тој самиот да го посетиме нејзиниот гроб, иако знам дека нема лесно да прифати,сепак...морам,несакам да го лажам,верувајте,многу ми е тешко...[sm=smiley13.gif]




Martins mom -> RE: Како на детето да му ја објасниме смртта? (6.4.2013 0:19:47)

Martin zboruvase na telefon so majka mi i ja prasa kaj e tatko i ( moj dedo koj pocina skoro). Taa mu odgovori deka spie, a Martin i vika:umre,neli? Ostanavme zaprepasteni,detevo ni gi slusalo muabetite i mu stanalo jasno. Utredenta se razbudi i prvo nesto sto mi rece e deka ne saka jas i tatko mu da umreme...znaci prodolzivme da si pravime muabet kako vozrasni i vidov deka navistina deteto go naucilo znacenjeto na zborot smrt \umren. Uste ne mi se veruva...imase nepolni 3 godinki koga zboravme na ovaa tema.




Maria -> RE: Како на детето да му ја објасниме смртта? (6.4.2013 7:27:34)

Синоќа пак почна да ме прашува за баба,дали оздраве и неможев да издржам и му кажав.[sm=smiley13.gif]Но со зборови дека дедо беше сам на небото,и така таа отиде,но не гледа од таму и не чува...[sm=smiley13.gif]Почна да плаче и ми вика: Ама мамо јас ја сакам...јас сакам пак да ја прегрнам и да ми го држи рачето....[sm=smiley13.gif]
Ме расплача и мене и му реков дека таа тоа го знае,но мораше да оди ...
Мислам дека пополека почна да прифаќа дека на баба и е поубаво на небото.Неможев да најдам поинаков начин,бидејќи е премногу чувствителен,a морав да најдам приказна која ќе биде најприфатлива за него...[sm=smiley13.gif]




niki -> RE: Како на детето да му ја објасниме смртта? (6.4.2013 18:59:00)

Mislam deka si postapila pravilno Maria, vprocem ne e tolku bitna prikaznata koja ke im ja raskazeme na decata kolku sto e bitno da ne gi liseme od vistinata, a vistinata e deka baba ja nema i nikogas nema da se vrati, i taa vistina tie treba da ja prifatat i da naucat da ziveat so nea... i ne postoi lesen nacin da se napravi toa i normalno e da gi boli i niv i nas, koga bi bilo poinaku ne bi imale cuvstva, koga bi mozele da ne cuvstvuvame taga i bolka, verojatno ne bi cuvstvuvale ni ljubov
Cuvajte se i tesete se zaedno, zboruvajte za cuvstvata, spodeli ja i tvojata taga so nego, so tek na vreme i na dvajcata ke vi stane polesno[sm=smiley31.gif]




Maria -> RE: Како на детето да му ја објасниме смртта? (6.4.2013 19:43:15)

Фала ти ники[sm=smiley31.gif]
Иако мм беше против и сакаше да ја скриеме вистината од него,јас неможев.[sm=smiley13.gif] Беше тешко но заслужува да ја знае дека баба веќе ја нема.[sm=smiley13.gif]
Така и мене ми олесна,а и тој полека почнува да ја прифаќа вистината.[sm=smiley13.gif]




bucko mal -> RE: Како на детето да му ја објасниме смртта? (20.8.2014 14:30:20)

Nie momentalno pominuvame niz eden tezok period,bogami neznam kolku ke trae.
Pred nekolku dena bevme izvesteni deka tatkoto na sin mi pocinal(39g) sekako mu kazavme na sin mi koj ima 11godini.
Dolgo vreme ne bea videni,nemaa nekoja blizina ama sepak tatko si e tatko,sin mi mnogu tesko prifat.
Dusava me boli sto zboruva,zapametil nekolku zbora sto mu kazal tatko mu I samo toa go zboruva.Vika nikogash ne go vidov a on umre,kako moze taka?Jas sum mnogu mal za da mi umre tatkoto.
I taka po cel den samo se vrtime vo krug so prashanja I zboruvanje za tatko mu.Neznam sto e podobro dali da zboram so nego samo za toa ili da mu menjam tema?
Razgovorite go natazuvaa ama I se raduva ajde mamo pak kazimi sto kaza tato koga se rodiv sto pravevte,kako pravevte........I taka.
Najstrasno vo celava situacija e sto e isplasen da ne sum umrela I jas,ne be sine mu vikam ne smeam jas da umram. I taka dragi moi,momentalno sme za nikade.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]