RE: Логопед (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца

Порака

kikicka -> RE: Логопед (14.3.2013 14:24:08)

Иста возрас сме и ние и ние сега почнавме малку по малку ама на Англиски[sm=smiley36.gif] на моменти се плашам ама пак како и да е ќе прозбори. Сега трегна во градинка и почна да се опушта.
ИЗВОРНА ПОРАКА: barbi03

zdravo mamicki!moeto dete ima 2godini i 7 meseci seuste ne zboruva osven mma i tate dali ima nekoj ist problem

oliva -> RE: Логопед (15.4.2013 8:22:22)

ИЗВОРНА ПОРАКА: temjanuska75

Моето има 2 г. и 4 месеци и исто не зборува, т.е. 15-20 зборови. Од другите зборови
ги кажува само првите две букви.Дури и неговото име ги кажува само првите две букви.
Јас воопшто не сум загрижена, знам дека деца и помали од него зборуваат.
Малку ни е тешко да се разбереме што сака, ама погодувам и он весело вика ДА.
И моето не оди во градинка, планирам на 3 години да го пратам.

i moeto dete zboruva taja so prvite dve bukvi,no e pogolem ima tri godini,jas pocnav veke paniki da pravam zasto uste ne zbori kako so treba ,no pak site mi vikaat deka ke pocne ubavo da zbori,sega sum vo potraga po logoped,samo neznam kaj koj dfa go nosam

Natuska85 -> RE: Логопед (15.4.2013 9:57:25)

Сабајле прочитав кај нас во градинка дека секој петок овој месец може да се консултираме со логопет вработен во градинката. Инаку за недела дена правиме 2 години и зборови кои ги користиме се само да и не. Мама и тата ептен на зорт кога е [sm=smiley1.gif]. Се мислам дали има потреба да одам во петок да се консултирам , да не е рано уште [sm=smiley13.gif]

temjanuska75 -> RE: Логопед (15.4.2013 11:54:57)

ИЗВОРНА ПОРАКА: oliva

ИЗВОРНА ПОРАКА: temjanuska75

Моето има 2 г. и 4 месеци и исто не зборува, т.е. 15-20 зборови. Од другите зборови
ги кажува само првите две букви.Дури и неговото име ги кажува само првите две букви.
Јас воопшто не сум загрижена, знам дека деца и помали од него зборуваат.
Малку ни е тешко да се разбереме што сака, ама погодувам и он весело вика ДА.
И моето не оди во градинка, планирам на 3 години да го пратам.

i moeto dete zboruva taja so prvite dve bukvi,no e pogolem ima tri godini,jas pocnav veke paniki da pravam zasto uste ne zbori kako so treba ,no pak site mi vikaat deka ke pocne ubavo da zbori,sega sum vo potraga po logoped,samo neznam kaj koj dfa go nosam

ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85 RR

Сабајле прочитав кај нас во градинка дека секој петок овој месец може да се консултираме со логопет вработен во градинката. Инаку за недела дена правиме 2 години и зборови кои ги користиме се само да и не. Мама и тата ептен на зорт кога е [sm=smiley1.gif]. Се мислам дали има потреба да одам во петок да се консултирам , да не е рано уште [sm=smiley13.gif]

М. последниве неколку недели зборува поинтезивно, односно користи нови зборови, ама само кога ќе му кажеш тој го повторува, а кога сака да разговара, т.е. да каже нешто неразбирливо е, освен оние зборови и реченици кои ги употребува подолго време. Во четвртокот бевме кај д-р.Двојаков, кој посочи дека говорот се развива во целост од втората до четвртата година, односно нема место за паника. Кажа дека говорот доколку не се развие до четвртата година, односно не се изговараат чисто зборовите, тогаш се реагира со одење кај логопед и вежбање. Ме советуваше да го пратам М. во градинка или повеќе да се дружи со деца за говорот му биде појасен.

oliva -> RE: Логопед (15.4.2013 12:45:10)

а каде работи тој др.двојаков,како мозе да го најдам,инаку натуска твоето е мало за на логопед,викаат до три години да се чека

temjanuska75 -> RE: Логопед (15.4.2013 14:24:15)

Д.р. Двојаков е раководител на Центарот за деца родени со ризик, кој се наоѓа во поликлиниката БитПазар. Кај него можеш да отидеш само со упат од матичен лекар и претходно телефонски се закажува. Инаку покрај д.р Двојаков има цел тим на доктори т.е. психолог, логопед и сл.

oliva -> RE: Логопед (15.4.2013 14:36:31)

ИЗВОРНА ПОРАКА: temjanuska75

Д.р. Двојаков е раководител на Центарот за деца родени со ризик, кој се наоѓа во поликлиниката БитПазар. Кај него можеш да отидеш само со упат од матичен лекар и претходно телефонски се закажува. Инаку покрај д.р Двојаков има цел тим на доктори т.е. психолог, логопед и сл.

znaci vo poliklinika bit pazar ima i logoped,sega treba da zememe upat od kaj maticen i znaci treba da zakazam odnapred

nate86 -> RE: Логопед (3.5.2013 21:51:46)

dali postoji logoped vo kavadarci ama da ne e na privatno?

Палешка РР -> RE: Логопед (8.6.2013 12:57:57)

Јас само што се вратив од совет кај логопед.
Миа сеуште бебешки ги изговара некои зборови и не користи в на почеток на збор. Мислев дека има потреба од работа со логопед (има 3 години 5 месеци)

Логопедот ми објасни дека е тоа нормално во текот на развојот на говор кој трае до 4-та година. Од три ипол до четири години треба да се развијат согласките г, к, т, д, што се развиени кај неа и активно ги користи. По 4-та година се развиваат с, ж, ѕ, ц, ш, џ..кај Миа не се развиени само џ и ж.
Значи се` се смета за нормална развојна фаза на говор до четвртата година...важно е детето да соработува, да не е повлечено и да прифаќа тоа што му се зборува. Ако и по четвртата година продолж бебешкиот говор тогаш треба помош.
Овој совет го добивме: да инсистирам на правилен изговор, макар и со уцена, на пр. додека не речи вода да не и давам вода (се разбира не до бескрај [sm=smiley36.gif])
Тој глас што не го изговара да се инсстира на него, пр. вввввввввввввввввввввввввввода, вввввввввввввввввввввввоз, ввввввввввввввазна.

Прашав и за р и л...ми рече дека важи истото, пр. рррррррррррррррррррррррррррррррратка, ррррррррррррррррррррррррррамо, рррррррррррррррррррррррррека, лллллллллллллллллллллллллллллллллллллллета, ллллллллллллллллллллллллллллллето

Тоа беа советите. Малку сум подранила јас, ама ако...да не пропуштиме нешто.

учителка -> RE: Логопед (19.6.2013 11:45:51)

Здраво на сите, прва порака ми е ова иако одамна ве читам.

Сакав само да ги утешам загрижените мајки дека 2,3 години е рано за грижа дали детето ќе прозбори. Многу е важно да не му се зборува бебешки, за да научи правилен изговор и да не се зборува наместо детето (оставете го да ви каже што сака, наместо да му давате опции).

Моето прво дете, ќерка, ја потпрашувавме сите, трчавме по неа, и таа не зборуваше речиси ништо на 2.5 години. Ја пратив на одмор со моите и отидов да ја земам по 2 недели. За 2 недели таа не само што прозборела, туку ми ја искритикува облеката што ја носев, и тоа со полни реченици! :D Кога ние потоа отидовме на одмор, ја преколнував да молчи само 5 минути, да дремнеме на пладне. Џабе беше. Сега има 8 години и течно зборува 3 јазика.

Второто дете, син ми, немаше многу луѓе околу себе додека растеше, па прооде на 9 месеци, прозборе на 1,5 година, се уште погрешно изговара се живо, ама гајле нема. Битно да добие што сака, меле цело време.
Така да не се секирајте, ќе прозборат. И после ќе ви биде тажничко што веќе научиле дека пододан всушност се вика тобоган. :)

Bethany -> RE: Логопед (19.6.2013 18:04:01)

учителка, фала за споделеното искуство. Мене ми многу значи бидејќи и самата очекувам секој ден детето да почне да зборува.
Си зборува тој, имам пишано во другите теми, ама тоа е многу слабо, си комуницира што сака на сите други можни начини, и можам да речам дека доста е снаодлив со изналажење нови начини. [sm=smiley36.gif]
За логопед знам дека е рано, мал е и нема да може да соработува.

И да, добредојде на РР. Се надевам дека ќе ти биде пријатна дружба тука со нас. [sm=smiley1.gif]

Sirma Vojvoda -> RE: Логопед (8.9.2013 10:43:25)

Најнапред поздрав до сите а потоа и една информација за сите загрижени мамички
П О К А Н А ЗА С Е М И Н А Р (26,27.09.2013)
Тема: НАВРЕМЕНА И ПРАВИЛНА ДЕТЕКЦИЈА НА РАЗВОЈНИТЕ НАРУШУВАЊА ОД 0- 6 ГОДИНИ.
Целта на овој семинар е да се прикажат првите и основни симптоми, односно алармантните сигнали на раните развојни нарушувања уште од најмала возраст, како да се препознаат, кога, каде и до кои стручни лица е потребно да се обратат сите оние кои се во директен контакт со децата.
ПРЕДАВАЧИ:
1. Д-р. О.Јотовска спец. педијатар –Првите препознатливи симптоми на развојните нарушувања од 0-3 години
2. Д-р. Д. Копачев- детски невропсихијатар- Првите препознатливи симптоми на развојните нарушувања од 4-6години
3. В. Керамитчиевска-логопед : Првите препознатливни отстапувања во говорната комуникација кај деца во рана возраст
4. Б. Маричиќ-Јакимовска - детски психолог: Психолошкиот аспект на раните развојни нарушувања
5. М-р Р. Митревска-дефектолог – Програма за стимулација на психомоторниот развој кај деца до 2 годишна возраст
6. М. Делетиќ -дефектолог Програма за стимулација на психомоторниот развој кај деца од 2-4год (предучилишна возраст)
7. М-р Т. М.-Стојковска-дефектолог Програма за стимулација на психомоторниот развој кај деца од 4-6 год (училишна восраст).
ПРИЈАВУВАЊЕ: nvolastovica@yahoo.com, до 15.09.2013
МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ : Во просториите на Младински културен центар (МКЦ )
КОТИЗАЦИЈА: 1500,00 ден.

zvezdicki -> RE: Логопед (5.12.2013 10:59:48)

Imam kerka od 3 godini koja sto seuste zboruva nerazbirlivo.Ima mal fond na zborovi koi gi izgovara tocno a so drugite edvaj se razbirame.Me interesira dali nekoj na forumot moze da mi preporaca logoped.Probav da zakazam na klinika no komjuterski se e zafateno-nema termin.Ve molam ako nekoj znae kade da se obrtam neka mi prati poraka.

miana -> RE: Логопед (26.9.2014 14:45:50)

Мамички дали знаете да ми препорачате добар приватен Логопед?

Felly RR -> RE: Логопед (17.11.2014 13:42:18)

Ние во склоп на систематскиот преглед бевме и на логопед - М само буквата Л не ја кажува убаво, и тоа некогаш ќе ја каже, некогаш не. Логопедот ни рече дека тој глас најдоцна се формирал, и се толерира до 5 и пол години, а во меѓувреме ние да и нагласуваме зборови со Л , да обрнуваме повеќе внимание, кога раскажуваме приказни или кога читаме сликовници.

Палешка РР -> RE: Логопед (17.11.2014 19:42:04)

Ете и јас конечно да се пофалам [sm=bravo.gif] Миа научи да ги изговара ш, ч, џ и ж.
Останаа уште р и л, иако л ја има во повеќето зборови.

Сега многу ми е смешна и кај што не треба става ш[sm=smiley36.gif]

Мамо шакам да вежбаме пишување и рашкажување [sm=smiley36.gif]

Anuska14 -> RE: Логопед (24.11.2014 9:40:42)

Ние од пред еден месец почнавме на логопед на возрадт од речиси 5 години бидејќи не ја кажува Р и некои буквички ги менува. Сеуште нема некој резултат ама сакам да потенцирам дека мора и дома да се вежба а јас некако немам време за тоа. Дополнителен проблем ми е што детето не сака да вежба односно ако не и успее од прва да каже нокој збор правилно, после третиот обид почнува да плаче....ах слатки маки...
Се надевам дека ке успееме да го надминеме проблемот

Snowhite RR -> RE: Логопед (24.11.2014 10:19:42)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Ние во склоп на систематскиот преглед бевме и на логопед - М само буквата Л не ја кажува убаво, и тоа некогаш ќе ја каже, некогаш не. Логопедот ни рече дека тој глас најдоцна се формирал, и се толерира до 5 и пол години, а во меѓувреме ние да и нагласуваме зборови со Л , да обрнуваме повеќе внимание, кога раскажуваме приказни или кога читаме сликовници.

И нас логопедот на систематскиот истото ни го кажа дека Л се јавува после 5тата година, до тогаш не е страшно. Јас мислам дека тој ја изговара таа буква, само изгледа не го мести јазикот правилно за изговор и затоа така ни рече, да вежбаме зборови кои ја содржат таа буква

Anuska14 -> RE: Логопед (24.11.2014 11:04:58)

Инаку да дополнам и ние прозборевме покасно-докај 2,5 год. имавме мн мал фонд на зборови ама се во свое време

Felly RR -> RE: Логопед (24.11.2014 13:58:56)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Ние во склоп на систематскиот преглед бевме и на логопед - М само буквата Л не ја кажува убаво, и тоа некогаш ќе ја каже, некогаш не. Логопедот ни рече дека тој глас најдоцна се формирал, и се толерира до 5 и пол години, а во меѓувреме ние да и нагласуваме зборови со Л , да обрнуваме повеќе внимание, кога раскажуваме приказни или кога читаме сликовници.

И нас логопедот на систематскиот истото ни го кажа дека Л се јавува после 5тата година, до тогаш не е страшно. Јас мислам дека тој ја изговара таа буква, само изгледа не го мести јазикот правилно за изговор и затоа така ни рече, да вежбаме зборови кои ја содржат таа буква

Јас забележав дека М во зборови кои се на ЛЕ, убаво ја кажува, а во друга комбинација не.

Felly RR -> RE: Логопед (24.11.2014 14:02:03)

АНеЛав, твојот пост е префрлен во темата Говор на детето.

vezilka RR -> RE: Логопед (28.1.2016 15:55:36)

Од градинка добивме порака дека Никола треба да го носиме на логопед бидејќи завлекува. И навистина малку завлекува кога е возбуден. Добивме и некој лист со вежби. Сакам да прашам за искуства, каде да го носам. Давајте некои препораки.

Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]