Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Kako se cuvstvuvate koga ke slusnete vest za tuga bremenost (osven brat, sestra neli).
Jas na pr. sum mnogu oset_liva, se raduvam ama i srceto mi place vo isto vreme, zatoa sto ziveam so mislata deka nema da bidam mama. Denes mojata najdobra drugarka mi kaza deka e bremena, od 1 pat ostana trudna. Jas sum i presrekna i pretazna vo isto vreme, a ne sakam da oset_i deka toa me boli posto ona ne e kriva za toa.
Ajjde ovaa tema da ni bide izduven ventil, da si gi kazime milsite koi ne macat koga sme tazni i da si ja olesnime dusata.
< Поракaта ја уредил Палешка -- 12.10.2010 12:37:58 >
_____________________________
Svetot moj minus tebe vo nego ona sto ke ostane malku e!
RE: Neplodnost i tuga bremenost 12.10.2010 12:12:38
AnnaMolly RR
Јас останав бремена од прв обид. А јатрва ми и девер ми се во брак 8 години и не можат да имаат . Искрено, мене ми беше непријатно кога им кажавме, зашто во очите им се гледаше тага. Ама знам дека се радуваат за нашето бебенце, сепак им е внук. И до ден денес кога ќе се видиме и прашуваат за бебчето (живеат во странство и се гледаме преку Скајп) мене ми е некако незгодно зашто колку и да се обидуваат да сокријат, се гледа дека не им е баш сеедно. Знам дека не е моја вина што не можат да имаат деца, но ете јас така се чувствувам. Од сесрце им посакувам нив, а и на тебе, сончоглед, да си дочекате да ве огрее едно мало сонценце.
RE: Neplodnost i tuga bremenost 12.10.2010 12:21:57
prettygirl
Mnogu e ubavo koga ke razberam za nekoja nova trrudnica.Mene vcera drugarka mi na koja i sum deverica mi kaza deka e tret mesec bremena.Bev presrekna za nea posto ednas imase spontan abortus pa i se iskomplicira so bakterii ama vazno sega e vo red.Od druga strana jas sum totalno razocarana koga ke se prisetam sto mi se sluci mene.Ete sega ovaj mesec prv pat probavme po 5 meseci i se nadevam deka ke bidi
RE: Неплодност и туѓа бременост 12.10.2010 12:35:27
Bethany
I jas so mm se obiduvame veke skoro 2 godini i za sega nisto. Ja razbiram taa bolkata koga ke slusnes za nekoj drug. Ne deka ne mi e drago za niv, ama sepak sekogas dojde toa prasanje: a zosto ne jas? I iskreno mojata neplodnost ja dozivuvam kako licen poraz, poraz kako zena. Znam deka toa ne e vistina, ali sepak se boram so toa. Imam edna prijatelka koja dvapati od prv pat ostana bremena i sega planiraat i treto i iskreno imam problem vistinski da se raduvam so nea. I vo posledno vreme site okolu mene ostanuvaat bremeni. Ali , bas pred nekoe vreme bev ohrabrena od edna druga prijatelka, na koja i doktorite kazale deka tesko moze da ostane bremena, ali ete posle 6 god. obidi taa ostana. I taa mi kaza deka koga se malku opusti i koga pocna da misli za drugite zeni koi gi poznava , a koi isto taka se borat za dete, i koga pocna da se moli za niv....... togas i samata ostana bremena.
Opet od druga strana, nie se narekuvame neplodni koga ne moze da zacneme od prva, iako i toa ne e vistina. Sepak sekoj ima svoje vreme, koga da se rodi, kako, se opredeleno od Boga, samo nekoj ceka poveke..... mada ne e lesno. Go mrazam toj zbor "neplodnost". I cesto zboruvam na sebesi: Jas ne sum neplodna! I nema da bidam!!!
Neka ne Gospod iznenadi i ohrabri site koi cekame Nie cekame......
< Поракaта ја уредил Палешка -- 12.10.2010 12:38:18 >
RE: Neplodnost i tuga bremenost 12.10.2010 12:42:23
prettygirl
Mila Bethany nemoze site od prv pat da ostanat bremeni,a drugite odma da se ''proglasat'' za neplodni.Sekoj si ima svoe vreme koga no vazno e da bide.Sega tebe ti e redot i da ne prestanuvas da se nadevas.Tocno e deka koga ke razbereme za nekoja trudnica so go postavuvame toa prasanje Zosto ne jas? ama i nas ke ni dojde redot.Bog e golem.I jas zabelezuvam se okolu mene e ''trudno'' .Vcera setavme niz grad so zolva mi i naletavme na 16 trudnici bas gi broevme. Bitno e nadezta da ne umri
RE: Неплодност и туѓа бременост 12.10.2010 13:07:45
maripoza
јас останав бремена на четвртиот месец од од кога почнавме да се обидуваме, додека братучетка ми веке 8 години беше во брак и немаше деца и пред да останам секогаш си велев господи дај им прво на тие што се мажени пред мене дај им на сите што немаат да се радуваат, без да размислам дали јас еден ден ќе имам иако уште од мала ги обожавав децата на моите роднини и пријатели. и пред да се породам братучетка ми остана и она бремена и ептен ми беше мило и многу се израдував. додека едни пријатели сеуште немаат деца а се 7 год во брак, но жената е толку злобна дури се оддалечи од сите нас како ние да сме криви, децата едноставно ги гледа со злоба и се што ке направат нејзе и пречи и ти кажува во очи.така да според мене а и како што кажала пријателката на Bethany моли се секогаш за другите за и тебе еден ден да те огрее истото сонце бидејки злобата не води никаде може само повеќе да те упропасти како човек... ви посакувам најискрено од се срце сите кои што немате да ве огрее тоа сонце и да го осетите тој благодет во животот
_____________________________
понекогаш добро е кога ке го послушаш срцето...дозволи тоа да ти каже.....
RE: Неплодност и туѓа бременост 12.10.2010 14:41:37
soncogled
maripoza, mozebi i ne e zlobna zenata, mozebi toa i e pisholoski mehanizam so koj si sozdava iluzija deka ete decata se losi, problem i sl. za polesno da se izbori so moznosta deka nikogas nema da bide majka, a mozebi i e zlobna.
Koga sme kaj kukanjeto
Najmnogu od se sto mrazam e koga nekoj ke me prasa "sto cekate?", "Ima li nesto novo?" "Vie ja preteruvate, ajde ostajte karieri i stanovi kupuvanje se ke si dojde za deca ne se ceka" i najvrv mi e "opustete se", sigurno ako se opustam nema da s epopravi spermogramot na maz mi
_____________________________
Svetot moj minus tebe vo nego ona sto ke ostane malku e!
RE: Неплодност и туѓа бременост 12.10.2010 15:12:37
maripoza
уф! па незнам дали тоа и е психолошки механизам или не. ама знам само дека едноставно не се ни труди да побара медицинска помош ете на пример конкретно за нејзиниот случај, кај нив мислам дека кај маж и е проблемот и она негативно го искажувала спрема маж и демек „јас немам проблеми ти си тој што треба да се лечиш,јас не одам по доктори„ и што според вас значи тоа: која жена би се осудила да му го рече тоа на својот сопруг во такви тешки моменти како на него да му е лесно. мислам дека во такви моменти е најбитно брачните партнери да се повеке сложни од кога и да било а не да се бара кривец..сепак за дете се потребни двајца нели.. за жал постојат секакви луѓе..
_____________________________
понекогаш добро е кога ке го послушаш срцето...дозволи тоа да ти каже.....
RE: Неплодност и туѓа бременост 12.10.2010 15:30:19
Bethany
Sekoj so bolkata se spravuva na svoj nacin. Bitno e ne izabrati pogresan i potezok, pred se tezok za sebesi, pa onda i drugite okolu nas. Bolkata koja dozvolime da ni stane gorcina i nezadovolstvo e kako da zivees vo pekolot uste na zemjata. Bas poradi ovie raboti, sega konkretno vo slucaj nie koi se obiduvame da zabremenime, sme vo iskusenie , da ne ponese bolkata vo sprotivna nasoka, da stanes nezadovolen, da okrivuvas drugite itn. Sekoj covek ima vakvo iskusenie, ama bitno e koi izbor nie ke doneseme. Da veruvame i da se raduvame duri i koga nemame ono sto bi sakale vo momentot.
"Ako sme nezadovolni poradi ona sto nemame, propustame da uzivame vo ona sto imame!!!"
ps. prostete mi za "filozofiranje", ama i ovoa e nekoj vid na ohrabruvanjeto, neli? Kako se spraviti so toa? haha
RE: Неплодност и туѓа бременост 12.10.2010 15:32:02
Bethany
ИЗВОРНА ПОРАКА: soncogled
Najmnogu od se sto mrazam e koga nekoj ke me prasa "sto cekate?", "Ima li nesto novo?" "Vie ja preteruvate, ajde ostajte karieri i stanovi kupuvanje se ke si dojde za deca ne se ceka" i najvrv mi e "opustete se", sigurno ako se opustam nema da s epopravi spermogramot na maz mi
Koga nekoj me prasa "Sto cekate", jas mu odgovaram :"Na Gospod".... i tolku....
RE: Неплодност и туѓа бременост 12.10.2010 15:43:11
Anushka
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany
ИЗВОРНА ПОРАКА: soncogled
Najmnogu od se sto mrazam e koga nekoj ke me prasa "sto cekate?", "Ima li nesto novo?" "Vie ja preteruvate, ajde ostajte karieri i stanovi kupuvanje se ke si dojde za deca ne se ceka" i najvrv mi e "opustete se", sigurno ako se opustam nema da s epopravi spermogramot na maz mi
Koga nekoj me prasa "Sto cekate", jas mu odgovaram :"Na Gospod".... i tolku....
дури и кога ги читам нашите „Породилни приказни“ (а и кога ја пишував мојата) во позадина душата ме боли за сите мои РР-ки кои чекаат и чекаат. Имам грижа на совест, а не знам како да помогнам... Секогаш со вас, А.
RE: Неплодност и туѓа бременост 12.10.2010 16:24:47
soncogled
ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka
дури и кога ги читам нашите „Породилни приказни“ (а и кога ја пишував мојата) во позадина душата ме боли за сите мои РР-ки кои чекаат и чекаат. Имам грижа на совест, а не знам како да помогнам... Секогаш со вас, А.
Anushka, nemoj da cuvstvuvas griza na sovest, vasite (tvojata) prikazni ni davaat sila da prodolzime da se borime i ponatamu
< Поракaта ја уредил soncogled -- 12.10.2010 16:25:07 >
_____________________________
Svetot moj minus tebe vo nego ona sto ke ostane malku e!
RE: Неплодност и туѓа бременост 12.10.2010 16:35:23
mama26
ИЗВОРНА ПОРАКА: soncogled
Kako se cuvstvuvate koga ke slusnete vest za tuga bremenost (osven brat, sestra neli).
Jas na pr. sum mnogu oset_liva, se raduvam ama i srceto mi place vo isto vreme,
sekoj sto ocekuva bi se cuvstvuval tocno vaka....koj vika ne ,te laze samo malku treba da imas dusa i da se stavis na nivno mesto vo momentov na tvoeto i veke mi e tesko...toa nemoze sekoj
_____________________________
СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.
RE: Неплодност и туѓа бременост 12.10.2010 17:39:16
Bethany
[/quote] дури и кога ги читам нашите „Породилни приказни“ (а и кога ја пишував мојата) во позадина душата ме боли за сите мои РР-ки кои чекаат и чекаат. Имам грижа на совест, а не знам како да помогнам... Секогаш со вас, А.
[/quote]
Fala Anusha za tvojata podrska i socustvitelno srce.
RE: Неплодност и туѓа бременост 12.10.2010 18:17:29
babyhope
Потполно се сложувам со сончоглед. Јас ги имам истите чувства кога ќе слушнам дека некоја моја пријателка останал трудна. Мило ми е, но не можам да се радувам, ете тоа е посилно од мене... Особено ме лути тоа што сите, ама баш сите прашуваат што чекате или има ли ново? А да биде иронијата уште поголема во периодов сите мои блиски и пријателки и роднини раѓаат бебиња. На секое идење на повојница или први роденден само тоа го зборат- ајде побрзо и кај вас. Знам дека е добронамерно но боли... Толку многу... Господ за сите има некаков план, но исчекувањето е претешко. Деновите се предолги..
RE: Неплодност и туѓа бременост 13.10.2010 0:22:47
vezilka RR
Да, чувство на тага и пецкање кога ќе чуете за нечија бременост, да, го знам тоа чувство.. бев таму!! И мислам дека е нормална реакција на секој кој се бори со неплодност. Ама тоа е битка која МОЖЕ И МОРА да се добие!!!! Еве сега сум од другата страна и сакам да ви кажам на сите вас..не се откажувајте никогаш, туку барајте решение. Мора да верувате дека ќе успеете и еден ден ќе ви се иполни желбата. Ве гушкам и ве сакам сите и секогаш ви стојам на располагање за совет или било што, оти многу добро ве разбирам низ што минувате
RE: Неплодност и туѓа бременост 13.10.2010 12:28:47
Idna mamica
Мили рр,секој човек си има своја судбина и на различен начин ја доживува болката.Ни мене не ми е сеедно кога ќе слушнам за нечија бременост,јас си знам како ми е во душата.Уште кога се веривме со мм,кога нели се соопштуваше дека ќе се венчаме,сите прашуваа-да не си бремена?Зошто денес претежно сите невести се бремени а штом поминала 1 год. а уште немате деца сите коментираат-леле види ги неможат да имаат деца и сл .но тоа се малограѓански работи.Туку зборот ми беше,да не дозволиме да се развие љубомора и омраза кон бремена жена а со тоа и кон нејзиното дете,како ни било еве кога ќе даде Господ, кога ние ке бидеме бремени некој да ни љубомори.Признавам не е сеедно за туѓа бременост додека ние се бориме со неплодност,но тоа е така,кај некој ќе се фати од прва,кај некој после 1 год,кај некој после 5 год итн.Ние имаме проблем со неплодност,други па имаат некои други проблеми и така,секој си има своја мака.Само надежта не смее да не напушти,еден ден да бидеме и ние
RE: Неплодност и туѓа бременост 13.10.2010 12:37:43
babyhope
Да, објавата на везилка ме потсети и на нешто што заборавив да го напишам. Да не не сватат погрешно сите РР што биле од оваа страна на приказната, па потоа го добиле своето или .... Кога ќе прочитам за некоја наша РР дека ја постигнала својата цел, чувствата на среќа и радост се навистина искрени и од срце затоа што будат надеж и благослов, а уште повеќе што знам дека минале низ истиот трнлив пат како и јас па ми дава поголема сила да се борам. Сознанието дека моите блиски добиле бебе „непланирано“ или „баш и не сакале сега“ е она што кај мене буди такави чувства (кои навистина не би сакала да ги имам, но не можам да ги совладам) Затоа мили мои, вашите совети и желби јас ги читам со задоволство и ги сметам за многу корисни. Се надевам оваа тема нема да направи јаз меѓу нас... za vezilka
RE: Неплодност и туѓа бременост 13.10.2010 12:53:45
Octavia
На сите што се во исчекување за да им кажам дека е нормално човек да почувствува некогаш и тоа, па никому не му е сеедно кога се бори и се труди за нешто што толку го сака, а ќе види дека кај друг тоа се случило. И тоа никако не значи дека не се радуваш на туѓата среќа, само во исто време, свесен си за својата тага. Инаку, колку за поддршка, ние за второто повеќе се „помачивме“ отколку за првото, т.е. забременувањето може да не е лесно и кај оние кои веќе родиле. Кај нас конкретно, скоро 2 години траеше. Значи, никако да не се губи духот и оптимизмот. Ви посакувам на сите по едно да ви се насмее што поскоро.