|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  17 18 [19] 20 21   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Лапараскопија
4.9.2015 11:39:32   
bibi ribi
Квиско, и јас ке правам и лапаро и хистеро кај Трајанова во Октомври, вчера закажав.
Само заборавив да ја прашам дали е дозволено веднаш после да се продолжи со обиди, или треба да се направи пауза?

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 451
   RE: Лапараскопија
5.9.2015 18:15:48   
Kvisko
bibi ribi мене ми рече може и истиот месец ама не се надевај премногу зашто мене ми правеа интервенција на јајниците па обично им треба време од еден циклус за да проработат како што треба. Мене секако првиот месец едно 10-тина дена не ми беше пријатно да правам бебе заради подуеноста од гасот така што привот месец не ни гледавме ништо. Од наредниот повеќе пазевме ама не бркавме овулации зашто на двајцата ни се мсачи од тоа и си дадовме 6 месеци да бидеме опуштени па што биде нека биде.

(Одговор на членот bibi ribi)
Непосредна врска до пораките: 452
   RE: Лапараскопија
5.9.2015 20:21:54   
orhidea242
Kvisko pred kolku vreme pravese lapraskopja. Dalise ceka mnogu za da se zakaze neznam zasto sum volku isplasena user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 453
   RE: Лапараскопија
8.9.2015 13:36:54   
Kvisko
Јас правев лани во Април. Е сега ја не чекав многу зашто секако докторката ме следеше подолго време па зборувавме за алтернативи и бевме решени ако третата инсеминација не успее да одиме на лапароскопија. Така што после неуспешната инсеминација имав еден циклус следниот пиев контрацептиви и на тој циклус кога пиев контрацептиви ја правевме интервенцијата заради ovarian drilling. Ако се прави со други индикации мислам дека се завршува со контрацептивите и веднаш после тоа се прави интервенцијата.

(Одговор на членот orhidea242)
Непосредна врска до пораките: 454
   RE: Лапараскопија
27.9.2015 21:00:16   
sale86
JAS PRAVEV HISTREOSKOPIJA I LAPAROSKOPIJA KAJ TRAJKOVSKI NA GAK I POMINAV SUPER.NE E STRASNO NISTO,JAS NEMAV NIKAKOV STRAV.SE POMINA VO NAJDOBAR RED I ME PUSTIJA NAREDNIOT DEN.IDAM DA ZEMAM REZULTATI VO VTORNIK A INTERVENCIJA PRAVEV NA 17.09
SEA NEZNAM SAMO STO ;PONATAMU MOZE NEKOJ DA MI KAZE ISKUSTVO POZDRAV

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 455
   RE: Лапараскопија
28.9.2015 13:56:23   
LoveableMe RR
sale86, мораш да земеш извештај од докторот и тој ќе ти каже што понатаму, па пиши ниuser posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот sale86)
Непосредна врска до пораките: 456
   RE: Лапараскопија
13.10.2015 12:59:33   
sale86
здр конечно ги земав резултатите од лапараскопија и хистероскопија отстраниле некоја преграда која била пречка за спонтаните абортуси(два)и за каснењето на мензиот,а и повтрно ги прочистиле каналите.ми рече да пазиме до ноември а после ке правиме бебе.па се надевам се ке биде добро.поздрав

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 457
   RE: Лапараскопија
14.10.2015 8:56:34   
bibi ribi
Девојки здраво, ми треба ваша помош. Дали некој може да ми го каже телефонот на сестра Зоре од гинекологија?
Никако не можам да ја добијам, кога вртам кажува дека телефонскиот број не постои, изгледа грешно ми го има запишано...
Денес добив и требаше да и се јавам да ми каже се околу припремите пред лапараскопија, како треба да пијам терпија...

(Одговор на членот sale86)
Непосредна врска до пораките: 458
   RE: Лапараскопија
14.10.2015 12:19:01   
Kvisko
Биби Риби јас имам само број од одделние 3147 422. Мобилниот од Зоре сум го фрлила и имам евентуално број од Трајанова.

(Одговор на членот bibi ribi)
Непосредна врска до пораките: 459
   RE: Лапараскопија
14.10.2015 12:21:30   
sale86
bibi ribi zdr eve ti broj od kaj sestrite pobaraj ja sestra zore 02 3417422 a od sestrata borjot mi se izbrisal od povici a ne go imav memorirano vo imenik.ako nesto najdam ke ti pisam.pozdrav

(Одговор на членот bibi ribi)
Непосредна врска до пораките: 460
   RE: Лапараскопија
14.10.2015 15:31:10   
bibi ribi
Ви благодарам многу девојки

(Одговор на членот sale86)
Непосредна врска до пораките: 461
   RE: Лапараскопија
2.11.2015 12:57:12   
Klara31
Здраво, девојки.
Дали можеби знаете до кој ден од циклус се прави лапароскопија и зошто баш има ограничување до кој ден да биде?

(Одговор на членот bibi ribi)
Непосредна врска до пораките: 462
   RE: Лапараскопија
2.11.2015 22:17:11   
Dusanka
Klara mene koga mi se javi sestrata na tel. da me izvesti deka sledniot den e zakazana operacijata i kazav deka bas tie denovi treba da dobijam mi rece nema vrska toa i mene mi padna cudno, pa vtoriot den po operacijata dobiv uste vo bolnica koga bev.

(Одговор на членот Klara31)
Непосредна врска до пораките: 463
   RE: Лапараскопија
3.11.2015 8:23:35   
bibi ribi
Во приватните ја прават веднаш по завршување на менструација и не се пие никаква терапија пред операцијата.
Во државна даваат да се пие Микрогинон од прв или втор ден од циклус, и во било кој ден од тие 21 ден додека се пијат апчињата може да се направи.

(Одговор на членот Dusanka)
Непосредна врска до пораките: 464
   RE: Лапараскопија
4.11.2015 12:20:10   
Klara31
Фала дечки на одговорите и на времето одвоено да ми пишете.
Еве и јас барав, ама нема доволно информации на интернет за тоа ДО кој ден на циклус и зашто баш до тој (10ти или 11ти се спомнува) ама нема везе, ќе го прашам докторот следна прилика:) Мене ми закажаа на 11ти.
Инаку јас одлучив дека на приватно ќе правам, и тоа сега мноооогу наскоро, за некој ден. Потоа ќе ви пишам искуства.
Бидете храбри и добри сите!

(Одговор на членот bibi ribi)
Непосредна врска до пораките: 465
   RE: Лапараскопија
4.11.2015 12:43:13   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Klara31

Фала дечки на одговорите и на времето одвоено да ми пишете.
Еве и јас барав, ама нема доволно информации на интернет за тоа ДО кој ден на циклус и зашто баш до тој (10ти или 11ти се спомнува) ама нема везе, ќе го прашам докторот следна прилика:) Мене ми закажаа на 11ти.
Инаку јас одлучив дека на приватно ќе правам, и тоа сега мноооогу наскоро, за некој ден. Потоа ќе ви пишам искуства.
Бидете храбри и добри сите!


Klara31, среќно, јас кога сум разговарала со доктори зошто после циклус најдобро се прави интервеција, ми кажале дека тогаш најубаво можат да се видат промените во матката/јајцеводите. Пиши каде ќе правиш и како ќе поминеш.


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Klara31)
Непосредна врска до пораките: 466
   RE: Лапараскопија
4.11.2015 20:57:18   
sale86
здраво девојки ве молам за совет.правев хистероскопија и лапароскоија на 17.09.2015 последен пат имав добиено пред интервенцијата на 07.09 отогаш немам добиено (само што крверев по инетрвенцијата).искуство или совет.поздрав

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 467
   RE: Лапараскопија
7.11.2015 20:08:07   
Klara31
Може некој да ми каже како точно сме позиционирани за време на лапаро и хистероскопија (легнати, навалени? каков е креветот)?
Дали се ставаат маски за кислород за оваа процедура?
Што опфаќа припремата, што се случува 10 мин пред зафатот?:)
Што било да ми каже кој може ќе ми биде супер информација.
Фала

(Одговор на членот sale86)
Непосредна врска до пораките: 468
   RE: Лапараскопија
8.11.2015 10:46:28   
Kvisko
Klara31 ај јас ќе ти пишам од она што се сеќавам од мое искуство. Имам искуство и од Ремедика и од ГАК и во принцип нема некоја голема разлика во подготовката. Прво ти стваат канила обично во дланката и некаде пола саат веројатно пред интервенцијата добиваш едно апченце од кое си како замаена и те носат во сала со кревет или количка. Таму легнуваш на кревет кој го има оној гинеколошки дел за нозете да ти се раширени (ова барем кај мене беше рака зашто имав и хистероскопија). Влегува докторот те храбри малку и ти ставаат маска за кислород и те успиваат. Потоа веројатно те будат во сала мене тој дел ми е како магла и се сеќавам на будење на интензивна нега. Поспиваш и таму малку па те префрлаат во соба. Утредента одиш дома.
Со лесно.

(Одговор на членот Klara31)
Непосредна врска до пораките: 469
   RE: Лапараскопија
8.11.2015 10:57:34   
Klara31
Фала мнооогу Квиско што пиша. Ми се разјаснија некои работи.
Добро е штом даваат нешто за смирување пред да влезеш во сала:) И добро е што после тоа уште малку си доспиваш па дури и ќе одморам таму ко шо сум ненаспана периодов:))) Се шалам, али мора позитивно;)

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 470
   RE: Лапараскопија
8.11.2015 12:51:20   
scared RR
ако правиш во систина таму даваат диазепам од 5мг кој лично мене не ме смири, па пешки по скали отидов до сала си легнав таму на стол како што го опиша квиско, следно се разбудив на интензивна. Истиот ден ме пуштија бидејки правев само хистероскопија.

(Одговор на членот Klara31)
Непосредна врска до пораките: 471
   RE: Лапараскопија
8.11.2015 12:56:28   
Klara31
Фала scared RR.
И хистероскопија и лапароскопија ќе правам.

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 472
   RE: Лапараскопија
8.11.2015 14:52:49   
Kvisko
Јас не знам што ми дадоа мене искрено не ни прашав само знам дека во Ремедика ми рекоа ај да не се мачиш а на ГАК секако се чека во дел кој е и како интензивна нега за после и е веднаш до салата па го гураат цел кревет кој те чека пак да те вратат назад.
Како и да е ништо не е страшно.

(Одговор на членот Klara31)
Непосредна врска до пораките: 473
   RE: Лапараскопија
8.11.2015 14:56:29   
MademoiselleNina
Јас правев во ремедика лапаро и хистероскопија, и во сала ме однесоа со количка, па таму ме соблекоа, па игла во рака, кога ме заспиваа креветот беше прав, но рекоа дека отпосле ќе ме наместат. Во истата сала се разбудив, па ме преместија на интензивна.
Сега ќевправам само хистеро во систина, па ќе видам. И да немаш лак на нокти :) и вез влакна таму доле, инаку тие ќе те средат :) . Не е страшно, моето траеше 2 сати. Се зависи од ситуацијата, но со лесно и опуштено. А поради што ќе правиш?

(Одговор на членот Klara31)
Непосредна врска до пораките: 474
   RE: Лапараскопија
8.11.2015 15:07:02   
Klara31
Лак на нокти да немаш?!?!!??!?!Сериозно и зашто? ...или шала?:)
Инаку правам Drilling и проверка на се' останато.


(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 475
Страница:   <<   < Претходна страница  17 18 [19] 20 21   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  17 18 [19] 20 21   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?