babyhope -> RE: Лапароскопија, отстранување на цисти (13.12.2011 8:54:10)
|
@Melanija мила не е потребно да бидеш во болница пред операцијата- можеш рано утрото да отидеш таму. Јас само што добив [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image] одма им се јавив на ГАК и ми објаснија дека дента пред интервенцијата треба да се прочистам (мислам дека е најодвратното нешто во целиот процес на лапаро...) и рано утрото во 7-7.30 да бидам таму- гладна и жедна. Ми дадоа да пијам Yasmin контрацептиви и подобро што ги пиев затоа што дури 20 ден од мензис ме повикаа па да не ги пиев нив сигурно веќе ќе бев во овулација и ќе ми ја одложеа- како што и направиле на една друга женичка со која бев. Им се јавив на 10 ден за да видам до кај е работава и ми рекоа да отидам да отворам историја со сите тие папирологии- к.слика, ПАП, крвна група. Тој ден изгубив сто саати на клиника со оглед дека треба да отидеш на повеќе места, па анестезиолог да те види па дури тогаш чекаш да те повикаат кој ден ќе бидеш на програм. Многу се плашев од анестезијата а всушност тоа беше најубавиот дел- не ни осетив кога сум заспала, толку убаво се пробудив и немав проблеми со дишењето на почетокот. Те држат во шок соба еден час и те качуваат на одделение. Првите 2-3 дена имав болки од воздухот во мене, раната се уште ми прави стресови- да не се оптегнувам нагло, да внимавам на конци и сл. но генерално ништо страшно и опасно. Веднаш после операцијата другиот ден ме пуштија домче и еве сега сум како нова- само конците да си ги извадам. Др. е супер- оптимист, разбирлив и во негово присуство се опуштив од стравот пред да влезам во сала. Навистина на секого го препорачувам - топол и срдечен доктор така што цело време се грижеше за нас. @suzeto мила јас во петок треба да отидам да си го земам отпусното писмо и тогаш треба да платам. Инаку имав запушени и делумно проодни канали па од ФЗО ми вратија одговор дека морам да ја направам и оваа интервенција. Во суштина ние имаме прилично слаб спермограм и лапараскопијата и проблемите со јајцеводите не се причината што не можам да останам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/nosecka.gif[/image], но тоа ни го побараа од Фондот. Извинете на долгиот пост. Се надевам дека ви ја доближив малку поубаво постапката. Ве гушкам и доколку имате прашања, слободно пишете [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]
|
|
|
|