Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Јас пред 15тина дена добив на подарок Мулинекс апарат за леб. Па тоа бре луѓе е измислена работа. Има една кофа внатре се пикаш во неа, само меси, стасува се пече, милина! Ја полнам во 12ч. навчер и си местам во 8 сабајле да биде готов лебот, и тоа каков леб.... А се мести и за француски, селски, интегрален, каков сакаш. Плус прави куглов, нешто како милиброд, тесто за пица, слатка и компоти (тие уште не ми се пробани) Мислам дека вреди за секој денар! И сите рецепти се во упатствата, не може да се згреши. На мојата стои фискалната на гаранцијата, видов дека е 6000 ден.
малку вон темава,ама апаратите на Мулинекс се екстра! Јас имам блендер, супер е ! И ова што читам ,апарат за лепче, сигурно е добра работа штом е на Мулинекс.Малку скапичок Беатрис ама се исплати, нели.
_____________________________
Моќните нешта доаѓаат од малите почетоци - Џон Драјден
Целата процедура е околу 3 часа. Ставаш се внатре и како што гледам прво еднаш го меси, па стасува, па пак го меси, па пак стасува и после тоа пече. Мене ми е најзгодно од вечер се да си ставам и сабајле кога ќе станеме има топло лебче, домашно (знаеш што си ставил внатре нормално), и плус цела куќа мириса на свежо печен леб. Милина!
Не е ефтина машинава, стварно убав поклон ни е, ама па јас не ни знам како се движат цените на останатите зошто никогаш не сум гледала.
Знам само за мојава дека е топ, секој ден се прави леб, некогаш и по два пати, според рецептите што се дадени таму и никогаш не сум го утнала лебот, стално е супер. Плус си подесуваш колку сакаш да ти е печен, има четири нивоа, и може да се намести дали да биде 1 кг или 750г.
_____________________________
Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...
Здраво на сите јас имам Панасоник и го користам постојано и многу е екстра. Купив цела вреќа црно брашно демек си рековме со мм поздрав леб ќе јадеме, ама во моето упатство нема многу рецепти со црно брашно, а и тие што ги има си бараат некои состојки што кај нас ги нема. Знае ли некој рецепта за со црно брашно? Поздрав!!
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
Имам ваков апарат,ама не го користам. Сум го пробала неколку пати, лебот е супер. Но бидејќи не јадеме многу леб полесно ми дада купам толку колку што ми треба.
Да апаратот ми стои во подрум, не сме лебари јас купувам колку за мене и тоа не секој ден.
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
AneLav eksperimentiraj malku. Na recetite kade sto imas na primer rzano ili integralno, zameni go so crno :)) jas u posledno vreme pravam so orizovo i integralno (i belo),, i ubav izleguva:)
Леле јас се запалив ептен по апаратот за правење леб Ајде пишувајте што све правите друго во него. Може и онаков куглов, ама формата каква ќе му биде? Или па во него само се замесува тестотот и после го префрлаш во тој калапот што е за печење и го ставаш во рерна?
Па не дека не експериментирав ама лебот ниту ми се измеси ниту ми порасна само со црно. А пола на пола ми порасна ама не толку важно се јадеше. А и немам многу рецепти за со црно две се мислам само. Сега моментално сум кај моуте у Ск па не можам да проверам. Ај сабота недела си одам па ќе ви пишам некоја рецепта што имам пробано, а и вие пишете.Поздрав!!
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
I milibrodot e odlicen vo toa. Onoj so suvo grozje. Samiot aparat si go pece. Jas cesto pati od vecer ke naredam site sostojki i ke go namestsm da bide gotovo vo 8 i dorucrk taze sabjlecki za merak:) inaku go koristam najcesto samo za mesenje, oti sakale pica, kiflicki, sirenjacinja... pa aparatot se pravi recisi, go mesi testoto go stasuva... Malku ostanuva za dorabotka:)
_____________________________
A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.
amateuress jas imam vakov vivax aparat za pecenje leb i ist i kupiv na majkami na podarok..Super e aparatot,si imas i recepti vo nego. Slobodno kupi si go...
Jas imam aparat za leb,postar e I neznam sto marka e (me mrzi da odam sega da gledam) sakam da kazam mi vrsi mnogu rabota.Pocetokot samo lepce pravev,sega sekoe testo go mesam vo nego. koga ke dojde pred pecenje go vadam testoto I si pravam toa sto planiram.Pravam kozinjak,kifli,testo za pica bukvalno sekakvo testo mi mesi,mnogu mi e polesno vaka
Pa da Miana, jas vidov deka imas nekoj na vivax, ama ne znaev kakov, dali e bas ovoj model. Bidejki vaka mi deluva epten eftino (iako navodno vo advance media e 2799den) site drugi aparati pocnuvaat nekade od 3000den, eventualno nekoj na neo ako ima za 2000den zatoa sakav nekoj da kaze bas za ovoj model, da ne frlam za dzabe pari :)))))
Vivax Пекач за леб Модел: VIVAX HOME BM-500 Моќност: 540 W Капацитет 500 гр. Електронското управување LCD екран 12 програми за печење леб
Гаранција: 12 месеци
ovoj preku grouper e 1600 den. neli e neko eftino??? ajde ako nekoj ima vakov neka kaze dali se isplati da se kupi?
Јас го порачав овој преку Групер кога траеше акцијата, ама нема рецепти во него, така да правев по мое нешто и два пати не ми излегува лебот баш нешто посебно, може некој да ми пише рецепти.
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
Миана да се јави на рапорт,хе, хе. Ајде да ни кажеш дали апаратов прави само леб, или прави тесто и за други работи. Сестра ми има Филипс и тој чуда прави. Освен неколкуте врсти на леб, прави и тесто за мафини, некои колачи, кифли, крофни и шро ти ја знам ја што друго. Е таа е поскапа, 6000. Јас се токмам за една, ако и оваа прави се, би купила од поефтината. Хе, хе, ама мора да прави крофни инаку мажле нема да го кандисам, ама за крофни, би платил и повеќе.
Миана да се јави на рапорт,хе, хе. Ајде да ни кажеш дали апаратов прави само леб, или прави тесто и за други работи. Сестра ми има Филипс и тој чуда прави. Освен неколкуте врсти на леб, прави и тесто за мафини, некои колачи, кифли, крофни и шро ти ја знам ја што друго. Е таа е поскапа, 6000. Јас се токмам за една, ако и оваа прави се, би купила од поефтината. Хе, хе, ама мора да прави крофни инаку мажле нема да го кандисам, ама за крофни, би платил и повеќе.
Абе има и оваа 8 програми од кои и за колачи и за тесто и јас повеќе за тоа ја земав, да ми го измеси тестото и јас после да го доработам, да си правам кифлички на пример, ама ништо не ми е испробано, ми е страв пак да не утнам, зашто кај мм ми викаше зошто сум ја порачувала само пари сум давала, па уште и на секое да фрлам теста ќе ме исфрли после мене тој хехе. Затоа барам да ми пишете испробани рецепти, миана ете ако е истиот пиши нешто
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
Секоја машина може да ти го направи тестото а потоа сама да си го работиш како сакаш.. Одбираш без печење и си прави ш што сакаш..Еве ви слика дa видите каков е нашиот апарат