arh_diz -> RE: Скрининг на нухална транслуценција (21.3.2013 7:21:41)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR Биохемиски скрининг за дијагноза на хромозомопатии PRISCA= PRENATAL RISC CALCULATION SOFTWARE Порано се сметало дека во текот на бременоста крвта од мајката и плодот не се мешаат. Но, докажано е дека одреден број на клетки од мајката се наоѓаат во крвта на плодот, но и обратно, дел од клетките на плодот (фетални клетки) се наоѓаат во мајчината крв. Биохемиски скрининг Прв триместар: PAPP-A + Free Beta hCG ++ Nuchal translucency *8 - 14 GS /слободен βHCG + PAPP-A → PRISCA – 1 Втор триместар: Double Test: AFP + HCG или AFP + Free Beta hCG *12 - 19 GS /AFP + слободен βHCG → PRISCA – 2 Triple Test : AFP + HCG + u-E3 *14 - 22 GS /слободен estriol uE3 + AFP + HCG → PRISCA – 3 Клинички значајни информации: -Точна возраст на мајката -Точна гестациска старост во моментот на земање крв -Телесна тежина -Пушење, Diabetes, IVF, близначка бременост.. -NT мерки ( за скрининг во прв триместар) -CRL, BPD, Femur, носна коска.. Кај трудниците меѓу 11 и 13,6 недела од бременоста се прави двоен хормонален тест наречен ПРИСКА 1 (се зема 5 мл венска крв, од кој се одредуваат два параметра -слободен BHCG и PAPP-A.). Првиот е кај трдудниците кои носат плод со ДС зголемен, другиот е снижен. Овиевредности ги внесуваме во компјутерски програм заедно со мајчината старост, големината на плодот и вратната светлина, може да го пресметаме ризикот за ДС и ако е поголем од 1:300,советуваме кариотипизација. Тројниот елиминаторен тест е испитување кое на основа на концентрациите на трите параметри – алфафетопротеин ( АФП), хорионскигонадотропин ( ХЦГ ) и слободен естриол (уЕ3) во крвта на трудницата, заедно со староста на трудницата и точниот податок за траењето на бремненоста го одредува релативниот ризик за Даунов синдром. Тестот може да се изведе помеѓу 15-20 недела на бременост, а најсигурен е помеѓу 16-18 недела, кога УЗ измерениот бипариетален пречник е помеѓу 32 и 44 мм. Вредностите од хормоните со компјутерска програма се ставаат во корелација со староста на трудницата, одредени ултразвучни мерења на плодот ,дали сте пушач,дијабетичар,дали сте забремениле со ИФВ и се добива резултат на одредена веројатност за постоење на хромозомопатија. Тројниот елиминаторен тест покрај ризикот за Даунов синдром покажува и поголем ризик за можни поголеми неправилности во развојот на нервната туба ( anenncephalia, myelomeningocella ). Кај тие случаи концентрацијата на АФП е многу покачена. Тестот е без употребна вредност кај повеќе плодова бременост и кај трудници кои се лекуваат со инсулин. Овие калкулации немаат дијагностичка вредност.
|
|
|
|