Hopeful RR -> RE: Clexane-инекции за време на бременост (20.2.2015 13:53:10)
|
Девојки, пред некој ден правев муабет со еден лаборант чија жена примала клексани постојано во тек на бременоста (ивф бременост во Систина). Исто заради вакви процедури го одбиле од фзо, но се нашол еден дечко таму кој како на близок, му рекол дека мора да ги одбијат по службена должност (ради документи и потврди), но дека ако тужи на суд, сигурно добива, бидејќи клексаните се секако покриени и мора да бидат рефундирани, без оглед на постапката и без оглед на тоа кој доктор ги препишува. Од фзо веројатно одат на варијанта дека ретко кој ќе се заинаети до толку за да оди на суд, повеќето се обесхрабруваат, а тие си штедат. Кај овие постапката е во тек, секако е спора, но адвокатот им рекол дека сигурно ќе добијат, исто како и дечкото вработен во фзо. Така што, ако се работи за поголема сума, консултирајте адвокат и тужете, не им ги простувајте парите. 20.000 ден ич не се малку пари, башка што нема потреба да ги давате. Се надевам оваа информација ќе ви е од помош [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|