блог - Првиот работен ден на Ирина (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Посвојување, згрижувачки семејства



Порака


agnes77 -> блог - Првиот работен ден на Ирина (27.10.2010 19:10:07)

http://lpartik.blog.mk/2010/09/25/prviot-raboten-den-na-irina/?acpage=2
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]

немам зборови[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]

Првиот работен ден на Ирина
Ќе го памети уште долго Ирина својот прв работен ден,  а морници секогаш ќе  ја полазуваат кога ќе се сети на малата Валентина… и секогаш кога ќе го слушнеше името Валентина и за празникот Св. Валентин ќе се присеќава на својот прв работен ден.
А колку беше среќна кога тргна од дома… прв работен ден. И’ рекоа дека не смее да доцни. „ Од првиот ден многу ќе зависи… како ќе почнеш, така ќе си тераш. Затоа, гледај да стигнеш прва. Слушај ги претпоставените, со сите биди љубезна и секогаш насмеана. Насмевката и убавиот збор – железни порти отвараат и мразот го топат. Ако некој те навреди, подголтни… настапи го лошото, оти лошото лошо носи… Не срами се од работата и немој да се гнасиш од ништо… таква е вашата работа. И запомни – не е гнасно она што излегува од задникот, туку од устата. Со колешките биди добра… со сите добра, но со никоја преблиска. Научи да ги држиш на растојание, зашто има секакви. Слушај ги постарите и примај совети. Нивното искуство ќе ти помогне… од секого можеш по нешто да научиш. Не потценувај никого, зашто не знаеш кога ќе си во невола кој ќе ти помогне. Нема човек без никакви квалитети… секој носи нешто во себе. Униформата, секогаш мора да ти биде уредна и чиста. И запомни – вие работите со деца без родители, во вас гледаат мајки. Потруди се да им бидеш замена за мајката, но емотивно не се врзувај, зашто ќе страдаш. А сега – оди! Нека ти е со среќа првиот работен ден!“ – и рече мајка и’ и ја бакна на излегување. Кога по неколку чекори се заврте, ја виде мајка си како истура чаша вода по неа. „ Со лесно да ти оди… како што тече водата, така да ти тече работата.“
На тоа Ирина само се насмевна и рече: „ Немој такви работи мамо… знаеш дека не сум суеверна. “
„ Ајде оди! И гледај да стигнеш навреме!“
Во ходникот на болницата беше пусто… само чистачките ја првршуваа својата работа. Кога ја забележаа, една се исправи, си ја избриша потта од челото, па откако ја одмери од глава до пети, рече:
„ Рано е уште… главните не се дојдени. Дојди за еден саат. Ама, ти да не си новата? Ах, ти не си спиела вечерва од радост… а да знаеш што те чека, далеку ќе бегаш. Такви гнасотилаци никаде нема… оди во гардеробата и преслечи се! Еве ти клуч.“
Откако се преоблече, Ирина извесно време стоеше пред огледалото, се вртеше барајќи си некаква мана. Откако не најде, задоволно му се насмевна на огледалото, ги стави рацете на колковите , ја накриви главата и мигна со окото.
-  Убаво ти стои униформата… – и’ рече чистачката. – Рекоа дека новата била убава, ама ти си поубава од тоа што мислев. А првин помислив да не си од оние курветини, што си ги оставаат овде децата… некои изгледа тоа го прават за пари. Ама видов дека немаш стомак, па ми текна дека мора да си новата.
- Како – за пари?
- Се’ има по светов девојко… млада си уште, па не знаеш, а и да видиш, не ќе поверуваш. Како не ќе е за пари, кога едни те исти по неколку пати доаѓаат… Јас разбирам еднаш да згрешиш, ама кога секоја година раѓаш копилиња, тоа ми е сомнително… Поврзани се со главните и оние од горе, па им ги цедат парите на оние што не можат да имаат деца. Некои со години чекаат на ред за дете, а некои преку ред… штом нема ред, значи игра парата. Кој ќе плати подобро, тој добива и преку ред и бира какво сака – машко , женско…На несреќата на другите се богатат. Туку, ако најдеш поарно, бегај од тука, зашто и ти ќе се расипеш … ова место е проклето.
- Ама убав дочек и’ приреди! Бегај од овде и гледај си ја својата работа! За совети не те плаќаат!- ја пресече чистачката една симпатична средовечна жена. А потоа љубезно се сврте кон Ирина, и‘ ја стегна раката и рече – Јас сум Даринка… а ти мора да си Ирина. Вчера рекоа дека денес треба да дојде новата. Овде ќе ти биде убаво… Малку е напорна работата со децата… кутрите. Во нас гледаат мајки. Ама кога има посвојување, паѓаат бакшижи, частење… Гледај да и‘ се допаднеш на директорката. Убава си… ако и‘ се допаднеш, еден ден ќе те одреди да ги предаваш децата на посвоителите, а тогаш паѓаат дарови. Само биди стрплива и послушна. А сега, ајде да те претставам кај директорката.
Канцеларијата на директорката беше на крајот од долгиот ходник. Беше добро осветлена и полна со цвеќиња. Зад директорката имаше голем бенџамин, чии гранки се надвиснуваа над нејзината глава, а покрај прозорецот се лозеше филадендрон. Канцеларијата по малку заличуваше на прашума, а сепак се‘ беше чисто и светнато. На бледото и суво лице од директорката, не можеше да се прочита никакви емоции. Кога ги виде, таа ја покажа својата деловна насмевка и со раката им покажа да седнат.
-Од денес, оваа болница ќе биде твојот втор дом. Се надевам дека ќе ти се допадне и дека добро ќе соработуваме. Препораките со кои ни доаѓаш се блескави. Усехот од средното восхитува… без ниедна четворка! Но, заборави на минатото… заборави на оценките. Ние не сме училиште…Тие ти требаа само за вработувањето, за стартот. Овде почнуваш од нула. Најмлада си и ќе треба допрва да учиш. За се‘ што ти треба, што ти е нејасно, ќе ја прашуваш сестра Даринка. Ако е нешто поважно, ќе ме бараш мене. Но, во мојата канцеларија за било какви ситници не се влегува… Од чистачката Митра ќе слушнеш секакви приказни… остави ја. Болна е жената, па ја трпиме… немој и ти да и‘ замеруваш. Не и‘ е лесно на жената со маж пијаница и три деца дома, а само таа работи… затоа и ја држиме. Инаку, до сега ќе леташе. Она што се случува во болницата, треба овде и да остане. Видов- не видов… чув- не чув. Униформата убаво ти стои… сакам секогаш да ти биде чиста. Кафе, цигари и алкохол овде не се допуштени. Џвакање мастики, за време на работа – никако. Кога ќе излезеш од портата – може. Она што си го видела по другите одделенија, овде не важи. Даринке,  секој момент треба да пристигнат посвоителите на Валентина, а можеби се и тука. Пратија алишта… сакаат во свои алишта да ја извадат. Фини, видни луѓе… се‘ имаат – и убава куќа и пари и кола, само рожба не им даваше господ. Пет години чекале за дете, за свое… па кога виделе дека не бива, решиле да посвојат. За нив овој ден ќе биде најсреќен. Помина законскиот рок од три месеци, до кога можеше биолошката мајка да се премисли и да си го поврати детето. Денес веќе можеме да ја дадеме на посвојување. Рокот моравме да го почитуваме… на тоа не обврзува законот. Покажи и‘ на Ирина во која соба е Валентина. Нека ја преоблече… и ти биди со неа. Ако не може сама, помогни и‘. Ќе ја изнесете заедно на задната врата… луѓето сакаа дискреција и ние тоа треба да го почитуваме. Со тебе нека биде и Ирина, а ти ќе го носиш детето. – Гласот на директорката беше пријатен. Зборуваше полека, како да сакаше секој збор да им влезе во ушите. Додека зборуваше, соговорникот го гледаше в очи и влеваше доверба.
Ирина, иако беше млада девојка, беше спретна… вешто ја соблече малата Валентина, која требаше да им донесе среќа на нејзините нови родители. Валентина цело време се смешкаше, ги ширеше рачињата и преташе со ноџињата додека ја облекуваше Ирина. Со малите прстиња фаќаше прамени од локните на Ирина. И додека Ирина се прашуваше – кој е првиот збор што го изговараат овие деца, што растат без своите родители, без вистинска мајчина грижа и љубов, од грлото на малата Валентина се откина нешто што личеше на – Ма – ма – ма … поради што сета намовна.
Додека ја носеа низ ходникот кон скалите, што водеа кон задната врата, неколку дечиња тажно гледаа кон бебето што ја пронашло својата среќа, својот дом… Само што ја отворија вратата, низ која го изнесуваа ѓубрето, каде што се собираа мачките и бездомните кучиња, од градите на една млада жена или девојка, со мрсна коса, што стоеше на само неколку чекори од нив, и‘ се откина болен крик, кој повеќе заличуваше на животински крик на рането животно:
„ Неееееее! Не давајте им го моето дете! Ова е мое дете! Јас сум мајката! Дојдов да си ја земам мојата ќеркичка!“
На Ирина и‘ се потсекоа нозете… за миг се скамени и не знаеше на каде да фати. Малку понастрана од младата жена, стоеше брачен пар, чија младост беше одминала… беа добро облечени и насмеани. Малку како да ги збуни крикот на младата жена, но не обраќаа внимание. Жената ги ширеше рацете кон бебето што и‘ го носеа во пресрет… беше насмеана а од очите и‘ се срони една солза, сигурно радосница. Даринка, како да беше глува… без двоумење чекореше кон новите родители на Валентина, а на нејзиното лице не настанаа никакви промени. Благата насмевка, што ја имаше пред да излезат надвор, и‘ остана како скаменета на лицето. „ Дајте ми го детето! Јас имам право на неа! Мое е! Најдов човек со кого ќе живеам! Се согласи да и‘ биде татко! “
Новиот татко на Валентина, само за миг погледна со гадење кон биолошката мајка на нивното дете, но очите не ги симнуваше од бебето што требаше да им го промени животот. Кога го примија бебето, љубезно се ракуваа со сестрите и брзо влегоа во џипот, чии врати беа отворени. Во рацате на Ирина зашушка хартија, што и‘ остана при ракувањето со новиот татко. Кога ја отвори дланката, виде некаква странска пара… и‘ се гадеше… и‘ идеше да поврати.
„ Стави ги в џеб… твои се. Имаш среќа. Убаво ти тргна уште првиот ден. Ако денот се познава по утрото, кај ќе ти биде крајот. “ – и‘ рече сетра Даринка.
„ Проклети да сте! Аир да не видете! Нека ви се за свеќиии!“- беше последното што го слушнаа од мајката, што сета во солзи, си ги кубеше косите.  Откако ја заклучи вратата сетра Даринка, се упатија по скалите, што водеа кон катот. Ирина беше видно возбудена… целата трепереше. Кога ја забележа Даринка, и‘ рече: „ Ќе се навикнеш…“ Ирина истрча во гардеробата… беше сета во солзи, па не сакаше некој да ја види. „ Девојко…бегај одовде со време. Ти не си за тука. Не си како нив, ама ако останеш подолго, ќе те расипат. Ова е проклето место… Кај и да одиш, ќе ти биде подобро. Оди си! Млада си и се‘ уште си чиста…“ – го слушаше гласот на чистачката Митра. Тогаш Ирина бркна во џебот и и‘ ги подаде парите на чистачката. „ Земи ги! Тебе повеќе ти требаат… имаш деца.“ Оваа со гадење погледна кон банкнотата од сто евра и рече: „ Не ми требаат валкани пари… на овие пари се солзите од мајката на Валентина. Сол и леб ќе јадам, ама со вакви пари моите деца нема да ги растам. Три дена доаѓаше жената да си го земе детето, ама не ја примаа… немало кој да потпише. Таа се правеше болна за да поминат трите месеци… за да ги лапнат парите. Работата била договорена од порано, парите земени однапред… А кутрата мајка, нашла некој кој кандисал да живеат заедно и го прифатил детето… и‘ рекол да си го земе, зашто тој бил неплоден… Бегај! Оди си со време, оти ќе те расипат… “




Natasa981 -> RE: блог - Првиот работен ден на Ирина (27.10.2010 19:46:41)

Оф Боже...преубаво напишано,немам зборови,занемев. Навистина прекрасно ! Ми идат солзи на очите.




mama26 -> RE: блог - Првиот работен ден на Ирина (27.10.2010 22:36:59)

sramota i greota za decata [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]  alcni luge[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image] bez oset prodadeni dusi [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]




baby mama -> RE: блог - Првиот работен ден на Ирина (27.10.2010 23:09:37)

Некому тага, а некому радост му донела малечката Валентина.




veckasr -> RE: блог - Првиот работен ден на Ирина (27.10.2010 23:18:46)

sramota za lakomite luge sto rabotat tamu toa e javna tajna oti tamu se prima mito pa se zema dete  i greota za bioloskata majka na deteto  




Viktori -> RE: блог - Првиот работен ден на Ирина (27.10.2010 23:55:12)

вакви лоши психолошки трилери немаат среќен крај за никого.
Завршуваат со убиство на крај. Барем на филмовите.

А тие двајцата што си го купиле детето ко новиот ајфон, нема да се радуваат на него, кога ќе им помине меракот. Исто како за ајфонот. Животот ќе им биде исто мизерен како и претходно. Ќе се свестат некаде на средина на филмот, ако не и пред крајот. Кад-тад.  И некој требал да и каже на смрдлава дека се плаќа во "јувелирница" (Ми се повраќа од зборов-изгледа вака фенси звучи за елитата наша затоа што порано беа златари)

Животот не е само јадење, пиење и себични задоволства и искрено се надевам дека ќе се задавите од вашиот хедонизам!




agnes77 -> RE: блог - Првиот работен ден на Ирина (28.10.2010 0:30:55)

мени нешто навистина не е ми јасно ... кад дете те праша мама како беше кад си ме посвојила ... како да га гледаш во очи и причаш како је биолошка мама плакала ... или можда не исприча што се навистина догодило

Што претставува мајката која посвојува дете

„Да се биде мајка која посвојува, не е за секоја жена. Таа мора да поседува не само вроден мајчински инстикт, туку и да чувствува благодарност за начинот на кој дошло детето во нејзините прегратки, правејќи ја мајка.„




Viktori -> RE: блог - Првиот работен ден на Ирина (28.10.2010 0:35:09)

па причината поради која бараат бебиња не е за да им ја кажат вистината. Една лага мање-више за нив не е ништо...

Инаку на крај завршуваат скршени и децата и посвоителите и сите. Уште ќе ги убедуваат дека за нивно добро било. Којзнае дали се убедиле и себеси самите и колку време им требало да се убедат во тоа.




vezilka RR -> RE: блог - Првиот работен ден на Ирина (28.10.2010 9:25:07)

Оф, боже, се надевам дека не е навистина така [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




vesna1 -> RE: блог - Првиот работен ден на Ирина (28.10.2010 11:26:28)

Lele se sokirav od prikaznava, ama na zalost veruvam deka e vistina. Mnogu e zalno za bioloskata majka koja go ostavila bidejki nemalo sto da mu dade da jade, i koga se snasla ne i davaat da si go zeme bebeto nazad. Prasanje e za sudbinata na bebeto, veruvam deka vo novata familija ke ima podobri uslovi za zivot, skoluvanje, i mozebi ke raste vo poharmonicna sredina no dali ke dobie poveke ljubov znak prasanje. No i od druga strana kaj bioloskata majka kakov zivot ke bide, dali ke ima za jadenje, dali ke bide maltretirano, zapostavuvano?
Mislam deka specijalni komisii treba da gi procenuvaat uslovite za zivot i kaj majkata i kaj usvojuvacite. Spored mene ako majkata e prostitutka, deteto maltretirano i zapostavuvano veruvam deka vo novata familija ke mu bide podobro. No ne treba da se pravi za pari, sramota .[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




nadica -> RE: блог - Првиот работен ден на Ирина (28.10.2010 14:07:17)

измешани чувства пробуди приказнава а и останатите постови[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]
знам дека има се и сешто на светов, само се надевам ...



...надежта последна умира




Страница: [1]