Еца -> Инконтиненција после породување (11.8.2009 16:27:03)
|
Леле луѓе дали кај вас се појави ваква работа,Јас приметив дека кога одам до тоалет, ке станам и морам пак да седнам да се доиспразнам, бидејќи неконтролирано ми доага повторно да мокрам.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]Барајќи по нет дознав за што всушност се работи[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]Па ако некој вакво искуство нека ми пише. "Уринарната стрес-инконтиненција (УСИ) е појава на неволно испуштање урина кај жената при зголемен интраабдоминален притисок, а тоа најчесто се случува за време на кашлање, кивање, смеење, потрчување, кревање тешки предмети или поради други физички активности. Оваа појава влијае врз карактерот на жената, како и врз квалитетот на животот и социјалното битисување преку изолирање, ограничени активности, депресија, намалена професионална продуктивност, зголемена лична хигиена, недоразбирање со околината. УСИ се појавува главно кај припадничките од женскиот пол, а е предизвикана со породување, оперативно вадење на плодницата, хируршки зафат на родницата, радијација поради генитален малигнитет, повреда, а може да биде нагласена поради менопауза, стареење, зголемена телесна тежина, хронични заболувања на белодробието, употреба на медикаменти, чести инфекции на долниот уринарен тракт."
|
|
|
|