jas sum -> RE: Колку време се обидувате да забремените? (22.11.2010 12:58:53)
|
Здраво на сите! Јас сум нова на страницава и воодушевена сум од концептот [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]. Во брак сум неколку месеци само, меѓутоа процесот на забременување трае од поодамна.Ги имам направено сите анализи, како јас, така и маж ми и се е во ред, освен овој месец на 21 ден прогестеронот ми беше покачен (31.3). Кога ми направи ехо,на 22 ден, докоторката ми рече дека сликата што ја гледала и укажувало само на едно, т.ест дека сум бремена. Јас после 2 дена значи на 24 ден направив тест и излезе негативен. Немам никакви симптоми на бременост, само на предменструален циклус.Сакам да прашам, ако некоја од вас го имала истото искуство, дали може во 22 ден да се примети бременоста или пак само она ми го стави црвот во глава и јас сега немам мир нити трпение. Значи симптомите сега ми се баш како пред добивање. Благодарам и ве молам ако некој има каков таков одговор нека пише.
|
|
|
|