Што претставува мајката која посвојува дете (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Посвојување, згрижувачки семејства



Порака


agnes77 -> Што претставува мајката која посвојува дете (20.4.2009 17:38:03)

To je stvarno vrlo ljep zapis kakva da bude majka, koja posvoji dete. Nadam se, da razumjete engleski


What Is an Adoptive Mother?

Being an adoptive mother is not for every woman. She must possess not only the natural mother instinct but an understanding and appreciation of the situation that brought a child into her arms making her a mother. The adoptive family came to be by choices made, choices made by the first parents and by the adoptive parents. This bond the adoptive mother has with her child grows over time, like the child did within his first mother's womb. Day by day, touch by touch, with each tear, kiss, and memory made they became a family. Adoptive mothers have that special knack to let love grow.

Adoptive mothers know that she's a mender of wounds, not just of the physical skinned knees with a band-aid and a kiss, but of the heart. She gives love, acceptance, and permission to ask and talk about the day he was born and of his first parents.

Adoptive mothers are embracers, not only of the child with many hugs and kisses, but of the child's heritage and history. She embraces the facts of her child's past with strength for herself and the child.

She's not only a memory maker planning family vacations, activities, and birthday parties, but also a memory keeper. Details of a birth, photos of the hospital, and of the parents who brought her into the world are kept along side the newspaper clipping that announced it all. All these things are kept in a special book that tells the whole story.

She's a tier of shoelaces and of hearts. She weaves lives together into a tapestry of a new family, with many different brightly, colored threads showcasing their individualities and family origins. Together they create one unit attached to each other.

Adoptive mothers are experts at finding lost objects, but understand and validate the profound, deep loss left by adoption. She allows the tears to fall and grief to be felt, allowing the mourning of the mom not there. She is secure in knowing that she's not a replacement, but a finisher of a race for someone who, for whatever reason, could not run any longer.

This role is not for the weak of spirit, or the easily wounded. Loving a child not born to her but calling him her own, but this is what she does, it is her calling. She is a mother.


http://adoption.about.com/cs/wantingtoadopt/a/adoptivemothers.htm




Палешка РР -> Што претставува мајката која посвојува дете (23.9.2009 16:41:21)

Превод на преубавиот текст од агнес


Што претставува мајката која посвојува дете
 
Да се биде мајка која посвојува, не е за секоја жена. Таа мора да поседува не само вроден мајчински инстикт, туку и да чувствува благодарност за начинот на кој дошло детето во нејзините прегратки, правејќи ја мајка. Семејството кое посвојува дете мора да биде подобро од семејството кое го донело детето на свет. Со оваа обврзница мајката треба да расте заедно со детето, да го сака како да излегло од нејзината утроба. Ден по ден, допир по допир, со секоја солза, секој бакнеж и сеќавање тие стануваат семејство. Во рацете на мајките кои посвојуваат е должноста да и овозможат на љубовта да расте.
Таа е видар на рани, не само на раскрварените колена - кои се лекуваат со завој и бакнеж, туку видар на раните на срцето. Таа дава љубов, прифаќање и дозволува да биде прашана и да разговара за денот кога детето е родено и за неговите први родители.
Таа треба да ја прими во прегратка не само детската љубов, детските бакнежи, туку и детското наследство и историја. Таа ги чува фактите за детското минато и си дава себеси и на своето дете сила за во иднина.
Таа не е само задолжена за планирање на семејните одмори, активности, роденденски забави, таа е исто така и чувар на сеќавањата. Деталите од раѓањето, сликите од болница и од родителите кои го донеле на свет детето. Сите овие детали се чуваат во специјална книга за сеќавања и се сведок на целата историја.
Таа се грижи за детето од врвките на чевлите, до неговото срце. Таа ги ткае животите во таписеријата наречена семејство, со многу различни светла, обоени теми, кои ја отсликуваат оригиналноста на новото семејство.
Мајките кои посвојуваат треба да бидат експерти, со возвишено разбирање за длабоката загуба кое детето ја стекнува со губењето на родителите. Тие треба да плачат со детето и да сочувствуваат со неговата тага, дозволувајќи му на детето да жали што биолошката мајка не е со него. Но треба и да знаат да го уверат дека сега новата мајка не е нејзина замена, туку тркач и завршувач на трката на местото на некој друг, кој од сега небитни причини, неможел да трча повеќе.
Со ова таа не е слаба во духот. Љубовта кон детето кое не го родила, а е нејзино, е нејзин позив. ТАА Е МАЈКА.




nadica -> RE: Што претставува мајката која посвојува дете (23.9.2009 17:55:58)

сакав да оставам празна порака бидејќи текстот ме остави без зборови но не е дозволено




agnes77 -> RE: Што претставува мајката која посвојува дете (23.9.2009 18:40:21)

Палешка супер, пуно хвала за превод. кад смо одлучили да посвојимо дете, пуно сам тражила информација и тај текст дао ми је енергије. Питала сам се каква је улога мајке која посвоји дете и овај текст каже све...надам се, да једног дана и ја постанем таква мама.





mami -> RE: Што претставува мајката која посвојува дете (23.9.2009 20:28:31)

Агнес..ке бидеш најдобра мајка на светот, јас сум сигурна во тоа...го читам текстот и солзи ми течат..едноставно преубаво кажано...Агнес..твојата среќа ќе дојде многу побрзо од колку што мислиш..и твојот дом ке се исполни со детска смеа..и ти ке бидеш најгордата мама на светот[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




agnes77 -> RE: Што претставува мајката која посвојува дете (23.9.2009 22:00:30)

мами пуно хвала[sm=smiley1.gif]
а сада ја идем да прочитам на македонски па да мало учим




delfinka -> RE: Што претставува мајката која посвојува дете (23.9.2009 22:50:46)

posle ovoj tekst se drugo e nepotrebno
veruvam deka samo lugeto so navistina golemi srca mozat i ja imaat taa privilegija da posvojat dete
toa ne go moze sekoj
samo srcata na ovie luge se vistinski blazeni
im posakuvam sreka na site sto se odlucile na vakov cekor ili sto veke imaat posvoeno detence komu ke mu podarat svetla idnina
alal da im bide i im posakuvam bog da im gi polni i nivnite i dusite na decinjata so neizmerna ljubov koja neprestano ke ja davaat
prekrasno[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




big_mama817 -> RE: Што претставува мајката која посвојува дете (24.9.2009 10:29:30)

agnes preubav tekst i jas sum sigurna deka ke bides najdobra majka na svetot i se nadevam deka vo brzo vreme ke ja pocuvstvuvas taa lubov [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




daniel -> RE: Што претставува мајката која посвојува дете (26.9.2009 19:55:15)

taa pretstavuva se i sesto za toa dete,pred se mora da ima prefinet makcinski instinkt




milijana -> RE: Што претставува мајката која посвојува дете (26.9.2009 21:39:28)

Мајката која посвојува дете станува столб, заштитник на едно мало детенце кое станува нежен цвет во нејзините мајчински раце.Ех, колку ке треперат тие раце додека тоа дете стане човек( со сите свои доблести).Мајката, станува како божица која го чува своето мало богатсво.Го гали и милува малото бебенце како нежната свила.Навечер наслушнува дали спокојно спие..а дење го набљудува дали е срекно и здраво малечко чедо.Кој да изнајде уште зборови за да се опише во што ке се претвори мајката која за прв пат ке земе за свое чедо, едно малечко бебе.нема зборови..остануваат само воздиШките кои ке ја смируваат душата дека ке треба сила за една нова борба..борба да се изведе малиот човек на еден правилен пат...Позз на сите посвоителки и мајки во целиот свет...нека патува оваа порака со љубов и мир..поззз




Палешка РР -> RE: Што претставува мајката која посвојува дете (17.12.2009 14:22:35)

Скоро гледав емисија на Телевизија Фокс - за брачен пар кој петнаесет години се борел со неплодност. Кога ги исцрпиле сите можности, посвоиле девојче. Кога девојчето имало три години си се галеле со мајката на тој начин што девојчето и лежело со главата на нејзиниот стомак. Одеднаш почнало да ја гали по стомакот. На мајката тоа и било чудно па прашала што прави. Девојчето одговорило дека ја гали дада. Жената се стаписала, бидејќи ионака и доцнело менструација (како по обичај). Го пратила мажот до аптека да купи тест за бременост...тој помислил дека е луда. На нејзино јако инсистирање-купил. Тестот бил позитивен !!!
Избезумени од непознатото прво отишле во две три аптеки да им ги прочитаат резултатите, а потоа и на лекар. Гинекологот регистрирал срце кое чука.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
Денес имаат две ќерки и го благословуваат денот кога ја посвоиле првата.
Се работи за ромско семејство од Србија.

Неверојатна приказна!!!




delfinka -> RE: Што претставува мајката која посвојува дете (2.2.2010 0:08:04)

se rasplakav[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]
golemi se srcata na lugeto koi ja pravat taa golemina
i bog gi blagoslovuva za nivnata ljubov[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Rossana -> RE: Што претставува мајката која посвојува дете (16.2.2010 18:22:35)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley27.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley27.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley27.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley27.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley27.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley27.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley27.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley27.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley27.gif[/image]




Страница: [1]