Anushka -> RE: Животен проблем (16.11.2010 14:53:36)
|
Драга Прпл рејн, [color=#000000 size=3] За се` постои решение: ти ја препорачувам болницата-дом Сју Рајдер во Скопје (Ѓорче Петров). Тука згрижуваат повозрасни болни лица. Негата е одлична, постојана лекарска контрола, добра храна. По две жени се во соба. Собите се светли и топли, со купатила. Храната е ок. Цената е некаде околу 11-12.000 МКД. Поднеси барање до Фонд за здравство, за постојана парична помош, „Нега од трето лице“ (некаде околу2-3.000 МКД). Заедно со пензијата на мајка ти, би било доволно. Под итно поденси барање во Центарот за социјални грижи за старателство над твојата мајка. Кога ќе го имаш старателството, ќе ти помогне за решавање на многу проблеми кои те очекуваат кога ќе останеш сама со мајка ти (сметсување во установи, примање нејзина пензија на твоја адреса, лекарска грижа и интервенции, наследство, судски постапки и сл.) Прпл рејн, сето ова е многу тешко да го „избркаш“. Ќе ти требаат многу нерви, време, а уште повеќе познанства и врски. Во Сју Рајдер примаат само со врски, на пример... Имав слична судбина. Освен моите деца немам никој близок. Судбината на мојата болна мајка јас морав да ја делам. Од наше искуство никако не препорачувам приватни домови или некој да ја негува во домашни услови. П.С. Парите кои евентуално би ги добила од наследство, троши ги на ќерка ти/син ти. Сигурна сум дека нејзината баба да била здрава, така би правела...
|
|
|
|