cucamaca -> RE: Алергија на домашни миленици! (12.6.2013 19:35:29)
|
Мојов бебуш од 2,5 месеци се исфрли по нозете... т.е. почна од мало точкиче за кое јас на почеток мислев дека е резултат на вакцината. Толку полека и постепено се ширеше што беше многу тешко да се забележи нов дел од црвенилото. Ама полека и сигурно се прошири по двете нозе и по раце. Бидејќи беше бепче од 2,5 - 3 месеци падијатарот ми рече дека е реакција од прашок, омекнувач,... Сменив се`, исфрлив омекшивачи, го бањав само со Мерима сапунче ама и тоа го исфрлив (сега само со вода),... се консултирав со неколку педијатри, бевме на кожно, пробавме Мустела, алое,... ма што се` не. Само по малку ќе спласне црвенилото ама не се губи. Конечно пред 1 месец (на 5,5 м. возраст) стигнавме до др. Набил во Неуромедика и откако му изреверирав историјат, само праша: „А животни чувате дома?“ е, ние не, ама свекрвами имаат куче (самојад) и папагалче. Само рече - „од тоа му е!“ Алерготестови на волку мало бебе мислам дека не се прават... сеа сме само на Адвантан крема. Многу е подобар, ама штом ќе прекинам да го мачкам, пак му се појавува. А адвантанот е кортико, т.ш. веќе не знам што да правиме...
|
|
|
|