mami -> Закон роденден (13.8.2009 11:29:48)
|
Морав да ви отворам нова тема и да ви раскажам за роденденот на кој бевме вчера. Имено, синчето на мојот газда полнеше 1 годинка. Роденденот беше во игротеката Dreamland, но во Ѓорче, во СП Планет. Игротеката е убава, широка со интересни реквизити. Алсу(мајката на славеникот) направила низ фотографии објаснување во кој месец како се развивал Данил (славеникот) онака залепени фотографии и објаснување одоздола, потоа имаше лични пораки од мама и тато до нивното синче и на крај дојдоа игрите. Значи децата си се забавуваа во нивниот дел а постарите во нивниот. Имаше 5 игри и за секој победник од игрите имаше подарок[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] воведот беше во знак да се потсетиме како ни било кога сме биле деца. А игрите беа следниве 1. облечи го бебето- значи од пелена до капче,кој побрзо 2. Кој подалеку ке ја плукне цуцлата 3. секој доброволец доби по една кашичка за која требаше да ја проба и да погоди од што е 4. пиење шампањско од шише со цуцла 5. хранење со заврзани очи Игрите беа смешни, особено што во нив учествуваа и луѓе од по 50-60 години а за подарок добиваа пиштол со топчиња, лажички за јадење, боички и сл[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] ова е прв роденден на кој гледам вакво нешто, а што е многу нормално за во Русија, но на следниот дефинитивно ке направам нешто вакво
|
|
|
|