терапија со Оспен (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Разговори на родители



Порака


zapce -> терапија со Оспен (23.11.2010 13:50:24)

здраво мамички, сакам да видам ваши искуства и размислувања
моето синче има 1 годинка и 3 недели и многу често ми се разболува. Последниот пат имаше ларингитис и откако оздраве лекарот ни рече дека ке ни даде терапија што треба да ја пие 3 месеци. Кога отидовме му даде да пие Оспен наутро половина лажичка три месеци. и апченца (е сега не знам ако се викаат за имунитет биле-од работа пишувам и ја немам рецептата кај мене) тие да ги пие исто три месеци со тоа што на секои 20 дена правиме 10 дена пауза. Е сега сеуште не сме почнале да ги пиеме и искрено не знам дали да почнам да му ги давам затоа што оспенот сепак е антибиотик и на пеницилинска база. Почнав да му давам за имунитетот Имунокиндер прашок кој ни го препиша матичната а за оспенот не знам што да правам. Ке ве молам за ваше искуство




nadica -> RE: терапија со Оспен (23.11.2010 13:54:59)

незнам што да сториш [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] сум го немала проблемот па не сум информирана
сепак би те советувала да се консултираш и со матичниот педијатар бидејќи колку што разбрав од постот друг лекар ви ја препишал терапијата




big_mama817 -> RE: терапија со Оспен (23.11.2010 13:57:06)

запце овие по шема што ти ги дал д-р верувај не се опасни бидејќи јас на син му давам само незнам дали се истите син ми ги пие Респивакс и лани ги пиевеме истите и задоволна сум сега за сега давај му неможат да му штетат во секој случај поз[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




mami2 -> RE: терапија со Оспен (23.11.2010 17:58:05)

Broncho-vaxom се апчињата кои ги пие Никола прв пат оваа година по шемата која ја имаш наведено: 10 дена терапија, 20 дена пауза.
Мене ми ги препорача пулмоалерголог поради чести бронхоопструкции, пневмонии но без микроболошки наоди и можеби затоа не примаме некаков антибиотик.
Тие се имунобиотерапија за инфекции на респираторниот тракт, а покрај нив јас давам 3 месеци Имунобор, па 3 месеци Киндеримуно, маџун, вит Ц и Флексотиде 2х2, многу е ама тоа е тоа.




Viktori -> RE: терапија со Оспен (23.11.2010 23:58:41)

Запче, и респивакс и бронховаксом имаме пиено.

Инаку на оспенот ништо не му фали, освен што е антибиотик и што некои луѓе се чувствителни на пеницилин, ама ако прогуглаш ќе видиш дека е многу подобар од многу други антибиотици со кои без страв си ги труеме децата....




mama26 -> RE: терапија со Оспен (24.11.2010 0:10:43)

koga imavme crveno grlce i slajm od strav doktorkata nekoi poslabi antibiotici.i pak na kraj so ospen.koga potoa se razboluvase pak so istoto,jas barav ospen.znaev deka mesto za 2 nedeli e ozdravi za 3 dena.normalno toa e penicilin i treba da ne e alergicno deteto




zapce -> RE: терапија со Оспен (24.11.2010 10:10:06)

Да таблетките се викаа Респивакс, и матичниот педијатар рече дека не се согласува со тоа да му давам Оспен на тој начин затоа што Оспенот не се дозирал така, имало точно одредено дека се пие на 8 часа.
Но нешто друго ме буни, на мојата јатрва пријателка која е фармацевт и рекла(пошто и детето на јатрвата ја имаше истата терапија препишано)дека било штетно да се мешаат и истовремено да се даваат Респиваксот и Опсенот. И напоменала да и дава прво Оспен па откако ке поминат три месеца да почне со Респиваксот.
Во секој случав многу ви благодарам за вашите добронамерни совети




zapce -> RE: терапија со Оспен (24.11.2010 10:11:53)

Big-mama дали Респиваксот ги пиеше истовремено со Оспен




big_mama817 -> RE: терапија со Оспен (24.11.2010 11:56:45)

не ние ги пиеме превентивно за имунитетот [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Тања РР -> RE: терапија со Оспен (27.11.2010 0:18:34)

Jaс за вакво три месечно давање на Оспен и тоа во дози кои се под терапевтските и на растојание од 24 часа прв пат слушам.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
Чисто логички резоннирајќи мислам дека оваа „терапија“ нема никаква оправданост и корист па напротив може да има и штета.
Имено, ќе се обидам да бидам појасна. За еден антибиотик да биде ефикасен (а ефикасен е само против бактерии што во вашиот случај не се ни откриени) потребно е да биде присутен во крвта неколку дена континуирано во ДОВОЛНО ВИСОКИ концентрации. Затоа секој антибиотик има определена доза и фрекфенцијана дозирање која ќе обезбеди таква потребна концентација во крвта. Во случај со оспенот, тој треба да се дава (за дете од 1-3 години) по пола лажиче на секои осум часа.
Ако го давате на 24 часа за тоа време поголем дел од лекот се елиминира и секоја нова доза е како одново да почнувате со терапија односно нема никаков корисен ефект. Друг аспект на такво долготрајно земање на антибиотик е што ќе му предизвикате на детето континуиран пролив заради уништувањето на микрофлората во цревата.
Ако докторот што ви го препишал ова има објаснување зошто го дава (во облик на студија која ја докажува издржаноста на ваквата терапија) јас навистина би сакала да го слушнам во спротивно, во држави поразлични од нашата, би можел да ја изгуби лиценцата.




Страница: [1]