|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Вакцинирање на детето
22.4.2009 13:50:28   
vesna_kr
Знае ли некој како се тестира БСГ вакцина.Сега на една пријателка и кажаа дека на детето не му е успешна BSG вакцината.А јас на Мила не сум и проверила или па не се сеќавам дали некогаш матичната ја проверила дали има белег на рачето.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 24.5.2014 16:03:19 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Вакцини
22.4.2009 19:49:37   
mis.
Весна, на последната вакцина на Стефан на 5 месеци и 5 дена педијатарот го прегледа рачето на рамето да види дали е фатена вакцината и баш имаше црвено брунче.За жал не знам за која вакцина се работи ама следниот пат ќе прашам.

(Одговор на членот vesna_kr)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Вакцини
22.4.2009 19:57:20   
Aleksandra
Vesna, ako ne e uspesna BSG vakcinata, se pravi testiranje i toa se pusta kako eden vid na BSG vakcina na raceto ama vo bliznina na laktot pod nego i se ceka edna nedela. Ako ima crveno krugce kade sto go bocnale, toa znaci deka prethodnata vakcina od BSC sto ja primile kako bebe e uspesna,a ako nema crveno krugce togas se vrsi povtorna vakcinacija na BSG vakcinata

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Вакцини
6.7.2009 14:39:31   
mami
има некој список со вакцини и која кога се прима?

(Одговор на членот Aleksandra)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Вакцини
6.7.2009 14:42:09   
Еца
Да Мами, ќе се потрудам што побрзо да го поставамuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Вакцини
6.7.2009 14:42:43   
mami
тенк ју вери мачuser posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Вакцини
7.7.2009 12:15:52   
mami
деновиве се изнаслушав еден куп работи за вакцините, па помогнете ми со ваше мислење- прво на едно малечко, сите вакцини до сега наместо во раче и ги ставале во газето освен една...а оние што си одат во ноџе си одат најнормалноuser posted image
второ- на внуката на една другарка и рекле дека треба да прими 3 дози од некоја вакцина во рок од 30 денаuser posted image а малечката има 4 месеци. Јас колку што се секавам сите вакцини до 6 месеци беа на растојание од едне месец мање више, па после на 9, па на 1год па сега на 1,5 година...


(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Вакцини
8.7.2009 14:27:11   
mis.
Редоследот на вакцини не се секогаш ист.Кај нас оние е вакцини што ги даваат на 3 ипол,4 ипол и на 6 месеци за дифтерија,тетанус-пертусис вообичаено ги дават заедно во ист ден со вакцината за детска парализа кој има исто 3 дози но еве на пр.Во Гевгелија не ги даваат во ист ден туку ти се фака 6 пати да одиш за секоја посебно па може мами девојчето примила од тие на месец дена растојание а не примила од детска парализа кои се исто 3 дози.Исто во Гевгелија бакцините ги боцкаат во нозе.Секое место има свои начини на работа битно е сите вакцини да се примат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Вакцини
8.7.2009 14:45:26   
mami
ее бог да чува...зошто такви глупостиuser posted image мислам сериозно не ги сфакам некогаш работите во државава, зошто за еден град е едно за друг друго, кај еден доктор едно ке ти кажат а другиот сосема спротивното...да му се сневиди на државата, сите се различни

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Вакцини
22.7.2009 0:59:44   
Еца
Во текот на првата година детето треба да ги прими следните вакцини:
*БСЖ вакцината против туберкулоза. Се дава веднаш после раѓањето на детето со инекција.

*ХЕПАТИТ Б (против жолтица тип Б)исто така се дава веднаш по раѓање и се повторува во вториот и шестиот месец.Се дава со инекција.

*Вакцина против заболувања предизвикани од бактеријата ХЕМОФИЛУС ИНФЛУЕНЦЕ тип Б (Хиб)се дава со полни два месеци, до навршени 6 месеци, во 3 дози, на растојание од 1-3 месеци

*ПОЛИО вакцината против детска парализа.Се даваат две капки со лажиче.За да се заштити детето потребно е да се вакцинира на растојание од 42 дена.

*ДТП е комбинирана вакцина која го штити детето од дифтерија, голема кашлица и тетанус.Се дава со инекција.За да се заштит детето потребно е три пати да се вакцинира на растојани од 30 дена.

*МРП е комбинирана вакцина против мала сипаница,заушки и рубеола.Се дава со инекција веднаш после првиот роденден.

Очекувано е по вакцинацијата кај некои деца да се јават реакции кои брзо поминуваат: болка, црвенило, оток, покачена температура, намален апетит, плачливост.Овие реакции се незначителни во споредба со последиците од болеста која се јавува кај деца кои не се вакцинирани.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Вакцини
16.12.2009 11:50:38   
Еца
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Еве сакам да прашам дали некој има искуство со пентаксим вакцината, дали ја примало неговото дете. Јас се размислувам за Мила, меѓутоа за да ја прими морам да разговарам со имунолог кој можеби и ќе ја дозволи.

Инаку пентаксим ( pentaxim вакцина ) во суштина има ист состав со редовните ди-те-пер и полио и хиб, освен што пентаксим содржи инактивни полио компоненти, а класичната вакцина што ја примаат нашите деца содржи живи полио компоненти. Но најважната разлика за мене е што кај пентаксим вакцината нема реакции по нејзиното примање, нема Т, нема оток или др.несакани реакции.И детето се боцка само еднаш, значи оваа вакцина е позната како 5 во 1.





ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

никој досега не му давал на детето ваква вакцина?

Е оваа вакцина зошто не ја воведат како редовна па ако треба и нека се плаќа(бидејќи била скапа) ако може за глупости да се фрлаат пари, зошто да не за здравје за детето. Инаку со вакцините кои ги вакцинираат нашите деца, се вакцинираат и децата во Србија, Хрватска(кај кои пред некое време ја укинаа ММР вакцината поради многу несакани ефекти, ке најдам податоци да ви пишам),Босна...и помалку развиените земји во светот.Па што се нашите деца? Пентаскимот е вакцина која се дава во земјите во европската унија и поразвиените земји, еднаш го бокцкаат детето наместо три или пет пати, сеедно, и нема никакви реакции од неа.




_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Вакцини
16.12.2009 11:51:59   
Еца
Со едно боцкање пет вакцини
Ќе бидеме меѓу првите земји во регионот што ја вовеле оваа новина, која сега се применува во Словенија за заштита на децата од дифтерија, тетанус и голема кашлица

Задолжителните вакцини против дифтерија, тетанус, пертусис и голема кашлица ќе се менуваат, па од идната година бебињата, наместо да се вакцинираат неколкупати со посебни вакцини, одеднаш ќе ја примаат петвалентна вакцина, најавуваат од Министерството за здравство. Овие вакцини што ќе се примаат едновремено против пет заразни болести - ДТП, хепатитис Б и ХИБ (хемофилус инфуенца Б, која почна годинава), чинат меѓу 25 и 30 евра. Новина е што наместо од „рефус-дози“ од кои досега се вакцинираа и по 10 деца, новите вакцини ќе бидат еднодозни, објаснуваат од Министерството за здравство. Родители што досега сакаа со овие ацелуларни вакцини да ги заштитат децата, ги набавуваа од странство, по што им биле давани кај некои педијатри, најчесто поради страв од несакани дејства. Но против таа практика застана и Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

- Опомени се дадени децата никако да не се вакцинираат со вакцини донесени однадвор бидејќи не се знае дали е прекинат „ладниот синџир“. Родителот може да мисли дека детето примило добра вакцина, а таа да не штити бидејќи синџирот при транспортот бил прекинат. На Клиниката за детски болести годишно има по 100-ина од овие вакцини - објаснува д-р Јованка Костовска, раководител на секторот за превентивна заштита во Министерството за здравство. Таа потврдува дека државата планира да ги воведеме ацелуларните ДТП-вакцини.

- Точно е дека овие вакцини имаат помали несакани дејства од постојните. Погодноста ќе биде што со едно боцкање бебињата ќе се штитат од тие три заразни болести, но и од хепатитис Б и ХИБ - вели д-р Костовска. Надлежните уверуваат дека сепак ќе бидеме една од првите земји во регионот што ќе ја воведе оваа новина, бидејќи сега само во Словенија децата се штитат од дифтерија, тетанус и голема кашлица со ацелуларните вакцини што се планира наскоро да бидат набавени и кај нас.

Со петвалентните вакцини со години се имунизираат децата во Холандија, Германија, Швајцарија и други европски земји. Причината поради која досега не беа воведени петвалентните вакцини се парите. Сегашните ДТП-вакцини чинат само 40 денари, а новите ацелуларни ќе чинат најмалку 10 евра за една вакцина. Годишно ДТП-вакцини примаат околу 20.000 бебиња, а бидејќи се примаат три дози во период од неколку месеци, плус ревакцинации, тоа значи дека се потребни повеќе од 100.000 вакцини годишно, за што ќе требаат околу еден милион евра.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Вакцини
16.12.2009 14:04:00   
karla
Kako ne go vovedoa ova poranouser posted image Vo ponedelnikot Lana primi Di Te Per i Polio i dva dena bese so temperatura, za srekja ne visoka 37.6 no nikako ne i padna, iako na sekoi 6h stavavme chepchinja. Edni prijateli od Sk i dvete deca si gi nosea vo Solun da gi vakciniraat so ovie vakcini i nemaa nikakvi nesakani reakcii,no se razbira za toa soleno si platija i interesen e faktot sto tamu site gi pustale vo nozeto (vo muskulot na natkolenicata) duri i BSG. Ajde se nadevam deka vladava ke se smiluva i na nas i ke ni donese od ovie vakciniuser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Вакцини
2.1.2010 1:53:53   
bambi
kakvo iskustvo imate od vakcinata protiv zausku, koi se reakciite? Nie ne ja primivme navreme, tuku srga na godinka i eden mesec kee odite, i kako i sekogas me faka strav.

(Одговор на членот karla)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Вакцини
14.1.2010 7:56:36   
Bile
Nie vo vtornikot ja primivme prvata doza DiTePer+polio+HIB i ne pominavme dobro. Po primanjeto na vakcinata bese kenkava cel den a vecerta krena T.
Ja banjav, ja raskomotiv ama nisto ne i pomogna od toa a T odese nakaj 38
i se isplasiv i morav da dadam Daleron koj veruvale ili ne voopsto ne i deluvase i T si ostana nepromeneta se do sabajleto koga samata se spusti bez nisto. Ova nie e prva doza, imame uste dve na koi se nadevam nema da krevame T.

_____________________________

Gorana i Stefani

(Одговор на членот bambi)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Вакцини
13.3.2010 16:48:28   
Alexis1982
Здраво, јас сум мајка на машко дете по има Филип, пред недела дена примивме вакцина bsg после манту тест, се беше во ред до ноќеска кога качи температура до 37,5 степени.Дали има уште некој со такво искуство и дали е можно да се крене температура после примање на оваа вакцина?

(Одговор на членот Bile)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Вакцини
26.4.2010 10:36:05   
Mila na mama
Нема ДТП-вакцини за ризични деца


Вакцината за овие деца чини околу 3.000 денари за една доза, наспроти обичните ДТП-вакцини, кои се многу поевтини и чинат околу 40 денари за доза. Децата со неа се имунизираат во четвртиот, петтиот и во шестиот месец по раѓањето.
извор: Дневник

Најбогатиот фонд во државата што секој месец го полниме од нашите плати нема пари за нашите деца.



_____________________________

love u all

(Одговор на членот Alexis1982)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Вакцини
26.4.2010 10:40:26   
mother 29
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama



Најбогатиот фонд во државата што секој месец го полниме од нашите плати нема пари за нашите деца.



pa normalno ,koga se polnat necii drugi dzepovi............user posted image СРАМОТА

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Вакцини
26.4.2010 11:09:07   
Еца
Размислувам да потегнам иницијатива за собирање потписи за воведување на ацелуларните вакцини како редовни. Ми останува да се распрашам како одат овие работи инаку веке разговарав со некои доктори, медиуми, па сакам да знам колку ја имам подршката од родителите? Зошто во цел свет децата се вакцинираат со прочистени вакцини, а кај нас се штеди на нешто толку важно?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Вакцини
26.4.2010 11:15:20   
mis.
Еца мислам дека секоја мајка ќе те подржи во иницијативата за воведување на ацелуларните вакцини како редовни.Воедно ја имаш и мојата подршка.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Вакцини
26.4.2010 11:21:51   
caci20
I mojata. Mislam deka site roditeli se prosto preplaseni koga doaga vreme za vakcina, pa gi odolgovlecuvaat kolku sto mozat.

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Вакцини
3.5.2010 22:05:35   
bucko 1
i od mene
user posted image

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Вакцини
3.5.2010 23:03:29   
Annabel
Еца, потпис и од менеuser posted image

(Одговор на членот bucko 1)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Вакцини
21.7.2010 18:48:46   
lb81
koga kazuvaat dali e fatena bsg vakcinata?sin mi ima 7 nedeli a na edna kontrola mi rekoja deka topceto na raceto treba da izlezi od 4 do 6 nedela a sin mi nema nisto samo mala crvena tocka.Koga treba da se revakcinira ako ne e fatena?

(Одговор на членот vesna_kr)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Вакцини
21.7.2010 21:10:06   
Палешка РР
Мислам на девет месеци. И кај Миа не е успешна user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот lb81)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?