Natuska85 -> RE: Бла-Бла Клуб!!! (7.12.2010 12:30:58)
|
Дознала дека е бремена 9 дена пред породувањето Ејми Фарбер е 19-годишна девојка од Сомерсет, Велика Британија која дознала дека е бремена само 9 дена пред да го донесе на свет својот син. Пред 9 месеци докторите ѝ кажале на Ејми дека има циста на јајниците, па дури ѝ препишале да прима антибиотици кои се забранети за бремени жени. Но, она што требало да ѝ го кажат тогаш е дека е бремена. [image]http://www.femina.mk/images/articles/1413/ejmi-i-dejvid.jpg[/image] Ејми со нејзиниот син Дејвид Неверојатната случка на Ејми започнала во март, кога таа отишла на доктор и се пожалила дека се чувствува уморна и дека има болки во стомакот. Крвните тестови наводно покажале дека Ејми има циста на јајниците и ѝ биле препишани антибиотици кои жените не би требало да ги примаат во текот на бременоста. Младата тинејџерка воопшто не ни помислувала дека може да е бремена, затоа што започнала и да слабее. Таа продолжила да се забавува со своите пријатели, а пред еден месец и пешачела 4 километри во рамките на карневал во Сомерсет, незнаејќи дека веќе е во напредната бременост. Но, неколку дена по карневалот таа повторно отишла на доктор со поплаки дека чувствува остра болка на едната страна од телото. Повторно направила тестови на крвта и наредниот ден, на 20 ноември, ѝ се јавила медицинска сестра која ѝ соопштила дека нема циста, но дека е бремена. „Не знаев што да направам. Почнав да плачам и веднаш ѝ се јавив на мајка ми.“ „Два дена подоцна ме пуштија на скенирање. Мајка ми ми кажа да очекувам да видам нешто малечко во форма на гравче. Но, наместо тоа, таму имаше бебе кое ни се насмевнуваше.“ „Си помислив дека тоа е скенирањето на некој друг, но сестрата ми кажа дека она што го гледам е бебето кое е во мојот стомак. Не можев да поверувам“ – раскажала Ејми. Ејми требало да се породи на 13. декември, но го родила својот син Дејвид две недели предвреме на 29. ноември. Таткото на бебето, Стјуарт Тарнер, има 21 година и е воодушевен од раѓањето на Дејвид, но Ејми сама ќе го расте бебето со поддршка од своите родители. „Не можев да поверувам кога ми кажаа дека сум бремена. Бев многу изненадена, но сега сум навистина среќна“ – признала Ејми. Замислете[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
|
|
|
|