Beatris -> RE: Бла-Бла Клуб!!! (3.12.2010 13:27:27)
|
Сакам да поделам со вас една приказна која многу ме разнежни[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] ПРИКАЗНА ЗА ДОАЃАЊЕТО НА СВЕТ НА ЕДНО ДЕТЕНЦЕ Еве една прекрасна приказна, полна со многу длабока вистина: Си беше едно дете кое требаше да дојде на свет. Детето беше многу загрижено заради непознатиот свет во кој требаше да се роди. Еден ден реши да го запраша Бога: -Господе ми рече дека утре ќе ме испратиш на светот, но јас сум толку мал и немоќен, како ќе живеам таму? -Бог му одговори на детето: Немој да се грижиш, определив еден ангел кој ќе се грижи за тебе. Тој ќе те пречека, ќе те чува и ќе те научи на се што е потребно. Секој ден ќе ти пее и ќе ти се смее. Така што постојано ќе ја чувствуваш неговата љубов и ќе бидеш среќен. -Добро, а како ќе разберам кога нешто ќе ми кажат луѓето, кога јас не го знам нивниот јазик? запраша детето. -Твојот ангел ќе ти ги кажува најубавите и најслатките зборови што можат да се слушнат на земјата и тој нежно и со многу љубов ќе те научи да зборуваш на нивниот јазик. -Детето загрижено продолжи со прашањата: Слушнав дека на земјата има и многу лоши луѓе и опасности, кој ќе ме штити од нив? -Бог се насмевна и рече: Ангелот ќе те заштитува од секакво зло, па макар и по цена на својот живот. -Детето го погледна Бога и со расплакано гласче рече: Но јас сум многу тажен што никогаш повеќе нема да те видам. На тоа Бог му одговори: Твојот ангел секогаш ќе ти зборува за мене и ќе те научи на патиштата кои водат до мене. Тогаш во рајот се прекина тишината и гласовите од земјата допреа до детето. Тоа сфати дека мора да оди и го постави последното прашање: Господе нешто морам да знам, кажи ми како се вика мојот ангел? Господ му одговори со голема насмевка: Не е важно како се вика, ти ќе го викаш Мама
|
|
|
|