Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Бебе Саем за трудници, бебиња, родители и деца 22.4.2009 14:50:49
Julie1
Планирате ли да одите на бебе саем? Од петок очекуваме и коментари кој бил и како си поминал, што било најинтересно да се види? ГОлемо браво за организацијата на бебе саем во Македонија!
RE: Бебе Саем за трудници, бебиња, родители и... 22.4.2009 18:26:13
Еца
Саемот ќе се одржи во саемските хали на Скопски саем од 24 до 26 април 2009 година во организација на АМК “Панекс” под покровителство на Здружението на педијатрите на Р.Македонија. Концепциски саемската манифестација е замислена да биде збир на фирми и компании што комплетно би ги покривале и опслужувале сите сегменти поврзани со бебињата, децата до 14 години, мајките во периодот на бременост и родителите како директни и активни учесници во развојот на децата. На овој саем ќе можете да сретнете најразновидни содржини. Од најнови производи и услуги до различни типови на едукативни предавања, игротеки, квизови, театарски претстави, танц, настап на детски групи, музика, забава, модни ревии и други разни интересни активности. За родителите ќе има организирано предавања и советувања во врска со правилниот развој на детето.
RE: Бебе Саем за трудници, бебиња, родители и... 24.4.2009 11:42:42
Julie1
Незнам дали ја погледнавте програмата на бебе саем за денес, убави содржини кои вреди да се чујат и да научиме нешто од стручнаци... Кој ке оди на саем денес? Да прокоменитрамае што се случуваше таму и кои беа работите кои ги научивме или во кои уживавме...
RE: Бебе Саем за трудници, бебиња, родители и... 24.4.2009 19:09:43
Еца
Луге бев на саем и преубаво си поминавме! Навистина одлична идеја, организација,супер програма.На секој штанд има да се види по нешто интересно, за децата има програма, да седнат да бојат,цртаат,навистина интересно.Присуствував и на неколку предавања:за имунизација на децата,за матичните клетки од папочната врвка и за пристапот на детето со кашлица,мислам навистина супер,имаше и наградни игри,Мартина учествуваше во наградната игра на Либра и ја доби жабата на дување и Мерц специјални дражеи за свежа кожа,блистава коса и здрави нокти,се изнаигра се изнатрча,затоа утре или задутре немојте да пропуштите да го посетите бебе саемот,нема да погрешите
RE: Бебе Саем за трудници, бебиња, родители и... 25.4.2009 11:14:31
biba
I jas gledav vcera na vesti i navistina mi e krivo sto ne mozeme da dojdeme so decata da bideme del od toa zbidnuvanje,ama ajde zdravje naredniot saem.A iskreno da znaev mnogu porano mozebi i ke se organizirav nekako
RE: Бебе Саем за трудници, бебиња, родители и... 25.4.2009 15:25:03
mis.
Samo sto si dojdov od saem i mozam da kazam odlicno slucuvanje samo se nadevam na pogolem broj na izlocuvaci do godina.Ima za sekoj po nesto.predavanjata se odlicna ideja a i kartingot sin mi go obozava.utre odime pak prativme sliki za izbor na naj bebe i princ pa moze ke ni se nasmee srekata
RE: Бебе Саем за трудници, бебиња, родители и... 25.4.2009 15:57:50
Еца
Нели Мис навистина добра работа,и јас сум за тоа наредната година да има повеке излагачи,инаку супер идеја !Дали бил уште некој,ајде луге ако сте биле напишете како сте поминале?Инаку ете заборавив слика од Мартина да оставиме,ту бе....
RE: Бебе Саем за трудници, бебиња, родители и... 25.4.2009 16:52:24
mami
nie bevme sabajle...ekstra si pominavme...slednata godina definitivno treba poveke da ima..inaku Luka posebno uzivase kaj kockite i nestle kasickite :)))
RE: Бебе Саем за трудници, бебиња, родители и... 26.4.2009 8:50:24
Еца
Луге ке оди ли некој на саем?Ние денес сакаме пак да одиме,бидејки на Мартина и беше навистина убаво во петокот,а денес ке има и повеке луге сигурно....ајде може и да се најдеме таму,да се подружиме
RE: Бебе Саем за трудници, бебиња, родители и... 17.1.2010 0:25:44
jovanka
Mozebi e rano no si razmisluvam RR da si ima svoj del dali toa ke bide stand ili da bide vklucena preku oni predavanja sto gi imaa doktorite.Toa da bide kako SOVETI OD MAJKITE ZA MAJKITE.Lani vednas uste na samoto otvaranje bev prisutna i mislam toa falese majkite sekogas si gi razmenuvaa svoite iskustva na nekoj od standovite ili vo samata hala.Ako e nekoj vo moznost od moderatorite neka prasa dali i ovaa godina ke ima takov saem i uste od sega RR da si go obezbedi svoeto ucestvo.
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
RE: Бебе Саем за трудници, бебиња, родители и... 16.2.2010 8:38:47
mother 29
ИЗВОРНА ПОРАКА: caci20
БЕБЕ САЕМ по вторпат ве поканува да дојдете и да поминете забавен ден со семејството на место каде што се обединети најдобрите домашни и странски компании што нудат услуги и производи за бебиња, трудници и за деца.
На специјализираниот БЕБЕ САЕМ и оваа година можете да најдете сè на едно место – стручни совети за трудниците, едукативни предавања за родителите во врска со правилниот развој на детето, најразлични производи и услуги наменети за бебињата и за децата до 14 години, како и многу, многу забава за најмалите!
Дојдете и споделете со вашите најмили незаборавен ден во светот на играчките, музиката, забавата, танцот, театарските претстави, детските модни ревии и земете активно учество во разни други интересни активности. Истовремено, научете како да го направите детството на вашето малечко вистинска бајка.
Саемот ќе се одржи во саемските хали на Скопски саем од 23 до 25 април 2010 година, со работно време од 10 до 20 часот.
RE: Бебе Саем за трудници, бебиња, родители и... 16.2.2010 8:55:52
mami
еден предлог по овој повод- Да биде и Рингераја на тој саем? Да се организираме- да им правиме игри на дечињата, нешто да се смисли. Мислам дека имаме мамички кои се невработени и би можеле да седат таму преку ден за подоцна да ги заменат тие што работат- тоа е веќе дел од организација. Ама баш би сакала да не има на Бебе саемот
Искривените заби кај децата и кај возрасните се честа појава која може...
Анкета
Дали ви се менструации болни? пеперутка16
Во последно време имам толку болни периоди што дури и се онесвестувам..итно е, ми дава инекција и толку..А сега кога стареам како што стареам. Имам 29 години, уште не сум се породила итн.