|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Новогодишни случувања за 2010/2011!
25.11.2010 0:23:17   
jovanka
Ја отварам оваа тема бидејки во текот на месец ноември,декември и јануари има многу настани,концерти,претсави,прослави...така да овде ке може да информираме за сите тековни случувања.

На 29.11.2010 со почеток во 20.00 часот, во Универзална сала во Скопје, а по повод одбележувањето на  почетокот на 10 годишниот јубилеј, СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА организира голем хуманитарен концерт за поддршка на децата од СОС ДЕТСКО СЕЛО.
клик

< Поракaта ја уредил jovanka -- 25.11.2010 0:25:52 >


_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Новогодишни случувања за 2010/2011!
30.11.2010 22:22:04   
AnnaMolly RR
Јас пред една недела нарачав 15 честитки. Баш денес ги напишав и спремни се утре за испраќање.
Честитките се прекрасни, големи и шарени.
А и поевтини се од останатите поголеми честитки во книжарниците.
Секој денар од продадените честитки оди за децата во СОС Детското село.
Ако досега не сте купиле честитки, земете од кај нив и помогнете на дечињата.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Новогодишни случувања за 2010/2011!
30.11.2010 22:57:57   
zodut
Ептен сум нова на РР и полека учам за ова ,,ЧУДО,, од форум. Поздрав до сите!!! Имам четиригодишно ,,sверче,, кое е многу љубопитно со секакви видови на материјали за цртање. Последниве две години ја користам неговата фантазија за украсување на сопсвени честитки за било кој повод: родендени, имендени, а посебно сега за Нова година изработуваме честитки за нашите најблиски со ,,Уникатни ,, креации.Еве еден предлог како да ги израдувате и вашите блиски со првите цртежи со прстиња, рачиња, стапала, печати од разни предмети во домот... на идеите им нема крај! За поздрав ви е идејата за новогодишните честитки на СОС Детско село. Секое добро за друг - чувство на благодет во душата! 

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Новогодишни случувања за 2010/2011!
30.11.2010 23:09:42   
AnnaMolly RR
zodut, ако можеш повели на нашата предновогодишна дружба, така и лично ќе се запознаеш со дел од членовите на ова ЧУДО од форум user posted image
КЛИК


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот zodut)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Новогодишни случувања за 2010/2011!
1.12.2010 14:15:25   
jovanka
Среќна Нова 2011 со Петар Грашо и Даниела!

На новогодишната бина која ќе биде поставена пред Камениот Мост помеѓу спомениците на Гоце и Даме, ќе продефилираат и неколку домашни пејачи и групи, но како што дознаваме преговорите со нив сеуште не се завршени

Познатите хрватски пејачи Петар Грашо и Даниела Мартиновиќ први ќе им посакаат Среќна Нова 2011 година на скопјани. Оваа новина, која деновиве кружи наз чаршијата, денеска и официјално треба да ја соопштат Македонски телеком и Т-Мобиле Македонија кои ќе ја спонзорираат новогодишната програма на Град Скопје. Организаторите не сакаа ништо да откријат пред време и ветија дека сите детали како и за колкава сума Грашо и Даниела ќе пејат за новогодишната ноќ бидат соопштени на денешната средба со новинарите. Познавачите на екс ју естрадата тврдат дека хрватската естрадна двојка не спаѓа во групата која бара вртоглави хонорари за настап. Ланската година, на пример, миленикот на жените Петар Грашо пееше на Хвар за 30.000 евра, а неговата девојка во Љубљана за 25.000 евра. На новогодишната бина која ќе биде поставена пред Камениот Мост помеѓу спомениците на Гоце и Даме, ќе продефилираат и неколку домашни пејачи и групи, но како што дознаваме преговорите со нив сеуште не се завршени.
Градските власти неодамна информираа дека почнуваат со украсувањето на градските улици и јавни површини, а дека новогодишната елка висока 15 метри ќе биде поставена во паркот меѓу плоштадот и паркиралиштето на Телеком. Тие потврдија дека декоративното украсување треба да заврши до средината на следниот месец и ветуваат дека Скопје ќе блесне во полн новогодишен сјај на 15 декември.
Декорирањето и новогодишниот огномет ќе го организира фирмата Линк медија плус која и лани го китеше градот за околу 6,2 милиони денари.

< Поракaта ја уредил Admin -- 4.12.2010 14:45:13 >


_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Новогодишни случувања за 2010/2011!
2.12.2010 10:37:36   
jovanka
НОВОГОДИШНАТА ПРОСЛАВА НА ПЛОШТАД ПОЧУВА ОД 25 ДЕКЕМВРИ

Германски братвурст и греано вино за претпразничен шмек
Аирлија европска прослава. Белки ќе не фати мајата да не примат во ЕУ, се пошегува еден наш сограѓанин вчера на плоштадот Македонија

Германски колбаси, божикни колачи, пиво и варено вино од 25 декември ќе можат да се купат пред влезот на Градскиот трговски центар, каде што ќе бидат поставени девет мали дрвени куќички. Со тоа официјално ќе почне предвогодишната грозница во македонската метропола, годинава со европски шмек.
Ова вчера го најавија организаторите на програмата Град Скопје, Македонски телеком, Т-Мобиле Македонија и Македонско-германското стопанско здружение заедно со поддржувачите на целиот проект - Амбасадата на Германија во Македонија и ЕВН.
Николај Бекерс, извршен директор на Македонски телеком а.д. Скопје и претседател на Македонско-германското стопанско здружение истакна дека идејата потекнала од традиционалниот германски божикен базар, а ќе биде симбол на успешната соработка помеѓу македонските и германските компании. Германската амбасадорка Улрике Марија Кноц додаде дека во Германија божикните базари се дел од културата и обележје на претпразнична радост, па истата атмосфера ќе ја добие и Скопје, кој патем, е збратимен со германските градови Дрезден и со Нинберг, најпознат по божикниот маркет.
Жарко Луковски, главен извршен директор на Т Мобиле Македонија, ја потврди информацијата која веќе ја пласиравме дека на новогодишната ноќ скопјани ќе ги забавуваат хрватските пејачи Петар Грашо и Даниела Мартиновиќ, како и македонските изведувачи Елена Ристеска, Кристина Арнаудова, Ребека, Арбен Шаќири, Сузана Спасовска, Соња Тарчуловска и Гоце Арнаудов.
Скопскиот гадончалник Коце Трајановски ги повика сите граѓани на Македонија да ја прослават новогодишната ноќ на плоштадот Македонија, на бината што ќе биде поставена пред Камениот мост меѓу спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев.
- Поради градежните работи што се реализираат на плоштадот ќе има помалку простор од лани, но организираме богата програма и ветуваме незаборавно шоу, па ќе вреди да се стиснеме и сите заедно да ја дочекаме Новата 2011 година, рече Трајановски.
Скопјани не се многу заинтересирани за новогодишната прослава. Велат дека многу е рано да планираат каде ќе слават, а поголемиот дел од граѓаните кои вчера ги анкетиравме на плоштадот рекоа дека ќе останат дома, па можеби ќе излезат и на плоштад.
- Ајде аирлија европска прослава. Белки ќе не фати мајата да не примат во ЕУ, се пошегува еден од соговорниците.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Новогодишни случувања за 2010/2011!
3.12.2010 13:16:02   
jovanka
Ако е добро, тогаш треба да трае. Традицијата се гради чекор по чекор, скалило по скалило, а ние се наоѓаме токму пред искачување на нашето скромно второ скалило во градењето на чоколадна традиција. Интересот кој го предизвикавме кај јавноста, како и успехот во реализација и организација на првата хуманитарна аукција на чоколадо кај нас, не охрабри и оваа година да ја организираме оваа единствена и оригинална манифестација.

Овогодинешната аукција на чоколадо планираме да се одржи на 5 декември, во фоајето на Македонската опера и балет каде гостите ќе можат да уживаат во вечер на која ќе се слават вкусовите и убавината на живеење, а при тоа ќе можат да ја искажат и својата хуманост наддавајќи се за слатките, магични експонати кои ќе бидат понудени оваа година на аукцијата. Поинаква, единствена, различна и интересна се епитетите кои би требало да ги понесе овогодинешната манифестација, а единствен начин да го откриете тоа е да бидете со нас на 5 декември.

И оваа година сите собрани средства од продажбата на експонатите ќе бидат донирани во хуманитарни цели, а корисник ќе биде Заводот за физикална медицина и рехабилитација од Скопје. Оваа болница секојдневно работи со деца кои имаат проблеми и потешкотии во развојот, било да се работи за деца со церебрална парализа, сколиоза, постоперативни третмани и др. Изграден во 50-тите години од минатиот век, а саниран по земјотресот во 1963 г., Заводот и неговиот персонал неуморно функционираат работејќи и во две смени, за на своите пациенти им ја укажат неопходнара помош во подобрувањето на квалитетот на живеењето. Нашата цел и мисија, во зависност од собраните средства, е целосно да реновираме и опремиме две простории наменети за рехабилитација на бебиња до 24 месеци и поголеми деца.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Новогодишни случувања за 2010/2011!
4.12.2010 11:16:18   
jovanka
Na 16.12.2010god vo Univerzalnata sala popovod 40 godini postoenje na Zlatno Slavejce ke se odzi defile na site dosegasni ucesnici i sekoj da se potseti na golemite hitovi koi proizlegoa od ovoj festival kako Mojata Ucitelka,Nikola,Nikola,Slonot Bimbo eve i od ovogodinesniot festival Jabolce ili Kruvce....ubava moznost povozrasnite da se potsetime a pomalite da se zapoznaat so site prekrasni refreni koi mislam uste mnogu generacii ke gi slusaat.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Новогодишни случувања за 2010/2011!
5.12.2010 18:09:14   
Maca25
Јас дефинитивно одам на Германската вечер. user posted image
Само да не заборавам user posted image


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Новогодишни случувања за 2010/2011!
8.12.2010 4:07:49   
jovanka
Почитувани пријатели, почитувани филантропи

user posted image
Во рамките на позитивната креативна енергија која Хуманитарната Фондација „Срце од Срце“ S.o.S.„ се обидува да и ја испрати на пошироката јавност, како особено важен сегмент го сметаме обраќањето кон помладата генерација и активна соработка врз градењето на нивниот став кон филантропијата, музиката и уметноста воопшто, како и кон младите луѓе кои боледуваат од тешки болести и изнаоѓање начин за нивна анимација во културното битисување. Во таа насока стартувавме соработка со младиот поп-пејач ИГОР УЗУНОВ како заштитно лице на Фондацијата, кој остави незаборавни импресии кај сите што со внимание ја следеа неговата седум годишна музичка кариера и кој продолжи да го негува квалитетниот начин на работа.

Убеденоста и докажаноста на неговиот несомнен талент резултира со идејата за реализација на мултимедијален проект, поточно снимање на најновата песна „Љубов за сите“ која ќе биде испеана од него и најпознатите музички имиња од нашата естрада на македонски, албански, босански, влашки, ромски и српски јазик и ставена на макси-сингл, која за прв пат се појавува на овие наши простори, а е веќе голем тренд во западно-европските земји. Планирано е да се сними и видео-запис и фото-сесија а со оваа песна, замислена како химна на Фондацијата, која ќе биде и препознатлива, да се отпочне медиумската кампања. Следуваат и прес-конференција, медиумска кампања и анплагт концертот, планиран за 25.12.2010год. во Големата сала на МОБ и снимање на концерт во живо со бенд, како ТВ-мини концерт во дискотеката „Хард-рок“.
user posted image
Игор Узунов е млад пејач, голем филантроп и уметник, на кому и му беше потребна помош за лекување од карцином на кичмата и леукемија во Германија и успешно е излекуван. Тој чувствува голема потреба да ја оствари својата зацртана мисија, да им ја пренесе големата сила и желба за животот, како и борбениот дух кој го поседувал за време на лекувањето. Со јавното говорење за својот проблем смета дека ќе допре до срцата на сите оние млади луѓе кои боледуваат од тешки болести и ќе успее да ги анимира и натера да храбро се борат и на крај победат, како него.

Но тука не застанува неговата борба-и самиот е сирак и затоа одлично го разбира секојдневието на овие деца кои растат сами и без родителска грижа.

Имено, нашата Фондација нуди соработка да преку Игор Узунов и Вашата компанија да и се приближиме на многубројната популација преку пораки и фотографии на Игор Узунов на билборди, сити-лајтови, гостување на различни ТВ-емисии, радио-емисии, гостувања низ градовите на Републиката како амбасадор на добрата волја и желбата за живот.

Преку хуманитарен концерт посветен на децата со посебни потреби, деца без родители, деца болни од рак и леукемија и деца родени со инвалидитет, се разбира под Ваше покровителство, би се собрале средства кои ќе бидат наменети за нивни потреби како би им го олесниле секојдневието.

Со учество на новогодишен концерт со симболични подароци за сите овие деца, како и мало изненадување со кое би добиле подарок ЦД-со најнови песни од Игор Узунов и химната на Фондацијата и како дополнување, би им обезбедиле на децата болни од леукемија на Детската Онкологија, во секоја соба да добијат по еден Лап-Топ и безжичен интернет.

Потребна е и Вашата помош и сметам дека со заеднички сили можеме да им помогнеме на сите оние кои се борат со современата болест и паѓаат во очај.


_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 10
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?