AnnaMolly RR -> RE: Предновогодишна дружба на рингерајки (12.12.2010 16:07:15)
|
Женски, дружбата беше одлична. Мислам дека сите присутни си поминаа многу убави и дека се задоволни од се што ни подари Дедо Мраз. Морам да го пофалам Дедо Мраз зашто беше мнооооогу интересен и се дружеше со сите дечиња. Помалечките се исплашија малку, ама и нив за кратко време ги придоби и се сликаше со секое дете и на секој му даде подарок. Сите дечиња беа многу среќни, а покрај нив и мајките. И мајките добија вредни подароци, речиси за секој имаше по нешто. За тортата немам зборови, одлично изгледаше, а беше превкусна. Дечињата и родителите со сласт ја изедоа. Мечо’с беа одлични домаќини, ни пуштаа музика за да се забавуваат дечињата и да си играат. Дојдоа рингерајки во рекорден број, па како што рече Јованка, догодина да се собираме во Борис Трајковски :) Јас еве веднаш ставам слики, па ќе видите и сами како беше. И сите што имате слики, ставете ги кај вас на профил.
|
|
|
|