За абортусот... (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


mami -> За абортусот... (14.8.2009 11:39:56)

има ли некој информација- колку чини? Кој има дозвола да го изведува, дали и до која возраст треба согласност од родителите? После колку време од абортусот си способен за нов сексуален живот? какви се компликации можат да настанат?
Не дека помислувам на абортус само има девојки кои можеби,а се надевам дека нема, да им требаат




Лејди -> RE: За абортусот... (14.8.2009 15:52:49)

За да направиш законски абортус треба да си бремена до 3 месеци, за подолга бременост треба да чекаш разултат од комисија. Дали таа ќе го одобри абортусот или не?!
(барем јас имам дојдено до такви сознанија)
Исто така до 18 години абортусот може девојката да го направи без присуство на родител.
Малолетните девојки задолжително треба да одат на абортус со присуство на еден од родителите.
Во секоја клиника цената за абортус е различна, зависи од државнати и приватните институции.
Во просек еден абортус чини од 4.000 до 6.000
Можеби некаде и поскапо.

Со сексуалниот живот може да се продолжи еден месец по абортусот.
Можни инфекции постојат но се зависи од тоа како е изведен самиот абортус.
Во какви услови, со какви инструменти и сл. а и од самиот организам.

Мене абортусот ме чинеше 6.000 бев 6 недели бремена, полнолетна но отидов со мојата мајка и дечкото.
Немав никакви инфекции од после, поради стресот кој го доживеав со сексуални односи продолжив по 3 месеци од абортусот.
Абортусот беше направен во неуромедика и траеше 5 мин.
Без гребење на матката (за моја среќа) со некоја нова апаратура која го вшмукувала плодот, а не го гребела.





Лејди -> RE: За абортусот... (14.8.2009 16:01:44)

Заборавив да напоменам дека денот кога е направен абортусот се смета како прв ден од менструација.




none -> RE: За абортусот... (17.8.2009 19:31:40)

eve i jas da se prikljucam  mada sto da kazam kamo sreka togas da rodev do sega ke bese 16 gidini a ne sega da se macam i nesakai nesaka[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




Еца -> RE: За абортусот... (17.8.2009 19:33:13)

Ајде ноне, па немој сега да го враќаш минатото [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]не смееш да размислуваш така мила.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




Страница: [1]