mami -> Бебињата имитираат (14.8.2009 14:28:03)
|
Најновите истражувања покажуваат дека бебињата се импресионираат од движењата на возрасните, а потоа се трудат да ги направат. Кога 9-месечно дете гледа некој повозрасен тогаш неговиот мозок се активира и ги снима сите движења. Научниците потврдуваат дека првичните однесувања на малите деца се копии од нивните родители. Сите движења кои ги снимил мозокот се копираат, а одговорни за тоа се нервните клетки. Уште одамна е познато дека невербалната комуникација има оставено длабока трага во развојот на нашата личност. Децата учат по тој модел, тие ги гледаат другите, нервните клетки се клучот во објаснувањето на нивното копирање. - Дури и во првата година од животот бeбињата го користат мозокот кој е одговорен за нивните први движења. Тие ги имитираат сите движења на возрасните кои ги опкружуваат, а тоа најчесто се нивните родители. Поради тоа мора родителите да внимаваат што прават пред децата бидејќи тие се гледаат и снимаат, изјавија Викторија Саоутгејт професор од еден познат лондонски универзитет.
|
|
|
|