Bethany -> RE: Предности и мани на цуцлата (10.10.2014 11:35:52)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR Деновиве сум на ниет да се обидам со шише и цуцла за чај, се надевам бар тоа ќе ми успее. ______________ Update на муабетов - пропадна и обидот за шише со цуцла за чај [sm=smiley13.gif]. Првиот ден се излажа и испи 2-30 мл чајче, и тоа беше се....упорно се обидувам да и дадам, и не бива и не бива...ама сепак не се откажувам сосем, подоцна ќе се обидам пак. И сметам доколку е умерено користењето на било каква цуцла, сепак е предност, повеќе од маана. Се согласувам за тоа околу умерено користење и дека е тогаш повеќе предност секако. Забите се расипуваат од цуцлата кога нон стоп му е во устата на бебето а кога веќе ги има запчињата, а најбитно кога не се одржува хигиена на тие запчиња, па пиење сокови, јадење благи работи и слично е многу полошо отколку да има цуцла во устата, ама затоа треба се со умереност. И нема тука страв да не се навикне, па нормално дека ќе се навикне, ама за секоја навика има и одвика. Родителот тука игра главна улога, да си стои на својот став, кога одлучи дека е време да му ја земе цуцлата или смета дека премногу детето се врзало за истата, ќе издржи, секое чудо за три дена доста. Јас така направив со Јаков, имаше мислам година ипол, имав некаде пишувано низ темава, земав и нема веќе. Му беше необично да заспие без неа, се вртеше, смукаше со устето како се уште да ја има во устата, ама издржав и после два дена ко да ја не користеше. Тој ја најмногу користеше за спиење, ама и преку ден, ама кога приметив дека стануваше од дневно спиење и плачеше ако му ја побарав цуцлата да ми ја даде, е тогаш си реков дека е време за одвикнување бидејќи почна премногу да се приврзува. Мислам дека потрефив вистинскиот момент да му ја одземам, за да не кризира повеќе после [sm=smiley36.gif] А Сандриана, зошто и даваш чајче ако е на ексклузивно доење? Па мислам и не мора да ја прифати, не е жешко да има потреба од додатни течности, плус се тоа може да го добие преку млекото. Сакам да речам дека не треба да се потресуваш ако не ја прифати [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|