Мобинг (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Martins mom -> Мобинг (5.12.2010 14:19:14)

Дали сте биле жртва на некого од работа...на претпоставен, на колега, подреден?! Ве имаат ли навредено, уценувано и такви слични зафрканции на работа?




Maca25 -> RE: Мобинг (5.12.2010 18:24:03)

Во фирмата каде што работев од јуни до септември, менаџерот постојано викаше по некого, но најчесто по мене затоа што јас бев одоговрна за работата на другите вработени. Страшно ме нервираше тоа што постојано вика, затоа што јас не сум човек кој проблемите и несогласувањата ги решава со викање. Многу често му викав дека со тој тон со мене не смее да разговара, а него мува не го рецкаше. Продолжуваше со навреди, и воопшто не се грижеше дали некој ќе биде повреден или не. АКо бев малце полабилна личност можеби секој ден дома со плачење ќе си одев. Дури и еднаш во неговата канцеларија ми рече да не се чутам што ми вика, така покажувал кој е авторитетот во фирмата ( на другите вработени)?!?!
Ова негово однесување може и беше пресудно за јас да не посакам да се вратам во таа фирма (нормално имаше и други причини).




Viktori -> RE: Мобинг (5.12.2010 18:58:19)

јас обично имам аверзија кон авторитети, алергија кон зборовите -над мене, надреден и такви слични рандом зборови -

ме заболе кој е, што е и дали е над мене или не знам каде у облаци качен. На една шефица и викав "ај бркај работа" а таа јадна не смееше да ме каже на газдата, затоа што ќе дознаеше дека не е за џабе. Чадеше секој ден на работа. Инаку хех нека дојде некоја шефица, шеф или газда да видиме кој ќе си оди дома со плачење. Имам точка на вриење од која нема враќање.




Beatris -> RE: Мобинг (5.12.2010 19:19:06)

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

јас обично имам аверзија кон авторитети, алергија кон зборовите -над мене, надреден и такви слични рандом зборови -

ме заболе кој е, што е и дали е над мене или не знам каде у облаци качен. На една шефица и викав "ај бркај работа" а таа јадна не смееше да ме каже на газдата, затоа што ќе дознаеше дека не е за џабе. Чадеше секој ден на работа. Инаку хех нека дојде некоја шефица, шеф или газда да видиме кој ќе си оди дома со плачење. Имам точка на вриење од која нема враќање.


[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]  Potpolno se soglasuvam, ima granici do kade i kolku moze da se odi, pretezno tie tn. ''avtoriteti'' imaat problem sami so sebe pa na toj nacin si gi lecat kompleksite. Ima lugje koi go toleriraat toa, jas ne mozam toa da go podnesam ama bas nikako




veckasr -> RE: Мобинг (5.12.2010 20:16:23)

na pocetokot koga pocnav so rabota placev se nervirav  bev zrtva na mobing  no potoa se naviknav 




mama26 -> RE: Мобинг (5.12.2010 22:31:11)

ne sum imala problem so ova,do den denes si gi posetuvam gazdaricite[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]

ne na mene [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]...na salonite de,,inaku vikanje ponizavanje nemalo[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Тања РР -> RE: Мобинг (5.12.2010 22:42:16)

Сум била и надредена и подредена но сум се однесувала потполно исто во двете случаи. Ниту сум покажувала авторитет ниту сум трпела. Работам во средина во која сите се трудат да ги зачуваат добрите односи бидејќи тоа е „услов“ кој го има поставено директорката.




Martins mom -> RE: Мобинг (6.12.2010 11:44:22)

Мене еднаш шефот во еден разговор по телефон не ме слушнал добро тоа што му кажав и одма почна да ми вика (ко јас да сум крива што не е добар со ушите[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]). Потоа ме посети на работното место и пред толпа луѓе почна да ми вика „Ти мори ќе се научиш да збораш??“ (Го нервира што зборувам литературно македонски, а не по битолски и затоа не ме разбирал). Да сум ЗБОРВАЛА нормално, ако не ќе сум летала од работа. Јас со смирен тон му кажав дека не се вели зборва - туку зборува, а како второ дека можеби му е потребна помош од ушен лекар. После тоа следеа куп навреди на моја сметка. Немаше да го ставам толку на срце, ама бев [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/nosecka.gif[/image] и ептен емотивна. Цел ден не престанав да плачам...Е да сум била со овој памет сега, ќе му покажев кај му е местото[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley35.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley35.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley35.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley35.gif[/image]




strelec 8 -> RE: Мобинг (6.12.2010 12:29:35)

koga se vrabotiv i jas bev podlozena na omalovazuvaze od mojot sef.se derese,mi kinese listovi sto sum gi napisala pred cistaskata i takvi raboti.ama so vremeto me vide oti vredam i deka rabotam i se smeni.ali prodolzi so drugite vrabotene.sto e preterano preterano.strasen e.samo se dere i dere.imam placeno od nego.na nikoj ne mu prepoRACUVAM da iskusi takov sef




Палешка РР -> RE: Мобинг (6.12.2010 13:55:44)

Првиот директор (оној кој ме прими на работа) ме малтретираше до бескрај. Најмногу откако почина татко ми бидејќи му се скина еден цел ланец па мислеше дека ако ми се заканува дека јас ќе му завршам работа [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]

Сега ми е супер, поранешниот шеф сега е генерален директор и имаме супер однос, подобар отколку со сегашниот шеф [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Pepelaska * -> RE: Мобинг (6.12.2010 13:57:29)

Од шефот не, ама од газдите притисок ненормален, ако не активирате толку линии ( работев во фирма со мобилни ), ако не продадете интернет или ако не направите толку промет до крај на месец следува казна намалување на плата што никогаш не се случи само што ти ја убиваат волјата за работа, мотивацијата и секако те нервираат. И нон стоп на камера е тоа ептен го мразев...




kapina -> RE: Мобинг (29.10.2012 0:05:30)

kade mozam da prijavam mobing na rabotno mesto posto mojata sefica mnogu me navreduva sekojden kazi reci kako jas sum bila glupava nesnaodliva i neznam sto sekakva me prave za nisto me navreduv ne smeam nisto da ja prasam sum placela od nea duri




Cipi Ripi -> RE: Мобинг (29.10.2012 8:32:51)

Капина, тоа се пријавува во една барака што се наоѓа одма позади Неуромедика на Партизанска. Мислам дека е некој оддел на министерство за труд и социјала. Обрати се таму, одма ќе ти помогнат, колку што памтам они ја покреваат тужбата.




vezilka RR -> RE: Мобинг (19.8.2013 12:26:49)

Вработените тешко пријавуваат мобинг
Законот за мобинг не ги забрза работите, има 15 судски процеси со неизвесна разрешница, и никој не платил парична казна


(Фото: Утрински)(Фото: Утрински)
Дали Законот за мобинг ќе заживее или ќе биде мртва буква на хартија? Документот што конечно се донесе на почетокот на јуни годинава, како да не ги охрабри работниците да поднесуваат пријави и тужби поради притисоци на работното место.


Уште пред да стапи во сила ова законско решение во тек беа 12 судски процеси за психичко и за физичко вознемирување, а сега има уште три. За нив сè уште нема пресуда и никој не платил парична казна, што според Законот за мобинг, изнесува од 4 до 6 илјади евра.

Мобингот претходно беше регулиран само со неколку членови во Законот за работни односи, а донесувањето на посебниот Закон сè уште не ги забрза судските постапки.

Во Канцеларијата за помош и едукација на жртвите на мобинг, во Сојузот на синдикатите на Македонија, ССМ, велат дека за сите предмети се во тек судски постапки, се одржале неколку рочишта, но ниту еден од случаите нема судска разрешница.

Извор: Утрински Весник


Ете до каде сме со мобингот. Овој закон според мене нема ни да заживее, се додека Законот за работни односи ги штити работодавачите како заштитени мечки.




Страница: [1]