Julie1 -> Кралска резиденција во Македонија (6.12.2010 23:21:47)
|
Не ми се верува што читам незнам дали да се смеам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] или да плачам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] ... Но подобро да се смеам ќе идеме на гости кај Богданчанка и ќе си ја посетиме кралската резиденција [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Кралска резиденција на Хунзите ќе никне на Паљурци. На околу три хектари земја ќе се распостила кралскиот комплекс на потомците на Александар Велики. Барање за изградба на дворец стигнало директно од северен Пакистан до општина Богданци. Барањето до доставила првата Македонка што ги посети Хунзите во Пакистан, Марина Дојчиновска, како официјален застапник на кралското семејство. Покрај кралска палата, предвидена е и изградба на хотел, бизнис со кој кралското семејство се занимавало неколку години. Градоначалникот Ристо Ичков вели дека општината ги планирала и Хунзите во измените на деталниот урбанистички план. Принцот Газафар Али Кан се очекува овој месец во Македонија. Земјиштето на кое е предвидена изградбата на кралската резиденција е на министерство за земјоделство. На почетокот на 2011 година се очекува да се отстапи на општина Богданци, а тие пак, најверојатно, бараните 3 хектари ќе им ги подарат на Хунзите. Градоначалникот очекува Паљурци да стане важен културен и историски центар на Македонија. Резиденцијата на Хунзите ќе граничи со католичкиот манастирски комплекс, со црквата на Апостол Павле, заедно распослани околу браната Паљурци. Принцот на Хунзите, Газафар Али Кан со титула „мир“ и неговата сопруга принцезата Рани Атика првпат дојдоа во Македонија пред околу година и половина. Ова ќе биде второ доаѓање во земјата што ја сметаат за своја прататковина. Хунзите живеат во северен Пакистан, административно се дел од пакистанската држава од 1974 година, но го задржале кралот. Освен Хунзите кои бројат околу 50.000 за потомци на војската на Александар Македонски се сметаат и племето Калаши. За разлика од Хунзите кои се исламизирани и образовани, Калашите се неуко племе. Токму тој факт го користи и соседна Грција која отвори културен центар кај Калашите, а донира и значајни финансиски средства, за наобразба на лозата на Александар Велики.
|
|
|
|