Вегетаријанци (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Да готвиме заедно



Порака


Snowhite RR -> Вегетаријанци (9.12.2010 21:01:57)

Ајде овде да се пријават доколку има вегетрјанци на форумов и ако имаат некој вегетарјански рецепт да го споделат тука




Maca25 -> RE: Вегетаријанци (9.12.2010 23:55:50)

Не можам да кажам дека сум вегетаријанка, но многу долго не јадев никакво месо. Можеби 5-6 години. Не се сеќавам зошто и како престанав да јадам месо. Никогаш не сум обожавала месо и јајца, што дури и не распознавам кое месо какво е (освен пилешко). Почнав да јадам повторно во 2008 со мм. Сега не јадам многу често, но ете пак почнав да јадам.

а рецепти имам еден куп, само треба да ги пронајдам во тефтерот за рецепти и ќе ги пишам.




Snowhite RR -> RE: Вегетаријанци (12.12.2010 8:13:38)

Зарем нема вегетарјанци на форумов? Значи сите месари сме[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




baby mama -> RE: Вегетарјанци (12.12.2010 22:24:54)

Pa nema nekoj poseben recpet, samo vo ishranata neli meso da ne stavas.Sega bdejki tatko mi ima problem so zdravjeto e na vegetarijanska ishrana.Nisto ne jade ni mleko,ni jajca,ni riba.Taka da majka mi samo za nego gotvi takva hrana.Nema posebna filozofija.Ishranata glavno mu e na pecurki.




AnnaMolly RR -> RE: Вегетаријанци (12.12.2010 22:30:20)

Не сум вегетаријанка, ама не сакам месо. Попрво би јадела пржени пиперки, компичиња или некаква салата отколку месо. Не сум голем љубител, ама не дека не јадам воопшто месо туку не ми прави мерак.
За разлика од мене, мм да може цела свиња би изел на еден оброк [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley30.gif[/image]




AnnaMolly RR -> RE: Вегетаријанци (12.12.2010 22:36:29)

Еве нешто што го направи мм пред некој ден.

Се сечат компири како за мусака. Се ренда морков, ситно се сечка пиперка, кромид и лукче малку, свежи шампињони, магдонос или копар. Сето тоа се меша.
Се редат компири еден ред во стаклен огноотпорен сад, па се става од мешавината од зеленчук. Врз мешавината се ренда кашкавал, што повеќе тоа поубаво [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]. Е, сега, тој стави вегета, бибер, кари и малку од зачин за печење кокошка. Тоа може и да се изостави. Па се реди уште еден ред компири и врз нив пак кашкавал. Врз кашкавалот јас сакам копар малку, ама и не мора. Се покрива со фолија, се пече 40-50 минути. Се вади фолијата и се пече додека не омекнат убаво компирите, отприлика уште 10-15 минути.

Ова е инаку негов измислен рецепт. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Многу вкусно излезе, сме се утепале од јадење.




Fiao -> RE: Вегетаријанци (22.10.2012 12:52:03)

Како бе нема?! Еве ме мене, да не е празно [sm=smiley36.gif]. Вегетаријанец без месо, 8-9 месеци и со големи напори да станам веган [sm=smiley1.gif]. Кога сме кај рецепти, вегетаријански, еден од највкусните:
Макарони со црвен - бел сос

- 500 гр макарони (малечки)
- 1 павлака
- 1/2 паковање рендан кашкавал
- Сол (јас користам строго хималајска сол, како најздрава)
- маслиново (јас користам ладно цедено, како многу здраво)

Макароните нормално се варат. Штом ќе се сварат ако има остаток од водата се истура и додека се врели макароните ја ставате павлаката - промешувате. Веднаш потоа го додавате ренданиот кашкавал, малку сол и маслиново.
* Сервирање за 4ца
* Одозгора се посипува со доматен сос или обичен кечап

Не сте пробале нешто повкусно!




Bethany -> RE: Вегетаријанци (22.10.2012 12:59:50)

Не сум вегетаријанка, ама сакам тестенини во сите видови и начини, и баш ќе пробам денес. Ем ќе треба нешто на брзина да спремим, ем веќе осеќам вкус во устата од макарониве. Сигурно е вкусно [sm=smiley1.gif]




Fiao -> RE: Вегетаријанци (23.10.2012 21:30:23)

Како што ветив, еве ме мене денеска со нов рецепт:
Гуакамоле или макало од авокадо
*Вкусот е скоро ист како пинџур, само за разлика од пинџурот, не само што не е штетно, туку е и премногу здраво!
Така да, за сите љубители на пинџур - уживајте здраво! [sm=smiley1.gif]

- 400гр. авокадо
- 1/2 домат
- 4 чешниња лук
- сок од 1/2 лимон
- 1 црвена пиперка (големина како оние за ајвар)
- хималајска сол
- малку црн бибер

Сето тоа во процесор и декорирајте со лененово семе и маслинка. Може слободно да се додаде и малку маслиново, но јас не ставив и сепак беше превкусно!

Bon Appétit ♥




Fiao -> RE: Вегетаријанци (23.10.2012 21:43:36)

Еве визуелизација
[sm=smiley1.gif] [img]https://fbcdn-sphotos-f-a.akamaihd.net/hphotos-ak-prn1/132276_10151227742498205_306612926_o.jpg[/img]




temjana -> RE: Вегетаријанци (23.10.2012 22:18:20)

Еве и јас да се пријавам [sm=smiley1.gif] вегетаријанец веќе 6 години. А што се однесува до рецепти ние дома готвиме најразлични кујни дури и оние каде што месото е основата, само доколку некој рецепт е со месо го тргаме и наместо него ставаме печурки или соја[sm=smiley1.gif] Значи воопшто не гледаме вегетаријански рецепти бидејки секое јадење може да се прилагоди и за оние што не јадат месо.




Viktori -> RE: Вегетаријанци (23.10.2012 22:45:02)

Се пријавувам на темава, како надежна.
Во обид да го исфрлам месото тотално, ама не и млекото и јајцата.
Не ми е баш лесно, со оглед што само јас сум на овој пат од домашните, а и до пред некое време бев во состојба само стекови да јадам, ко кога ја држев аткинс диетата на пример. Во моментов имам дел од прасе во фрижидер, ама миризбата што ја ширеше месото, додека мм го сечеше ме убеди дека сум на прав пат....

Сега постепено се преориентирам на чај, аштанга јога и бадеми :P





Viktori -> RE: Вегетаријанци (23.10.2012 22:50:13)

мое омилено јадење е ориз со бадеми и суво грозје.

Бадемите се пржат на малку масло, оризот се вари стандард - 1:2 - на крајот последните неколку минутки се додава сувото грозје во оризот и се мешаат и пржените бадеми.

Истово место бадеми може и пропржени печурки.




miana -> RE: Вегетаријанци (24.10.2012 10:33:53)

Fiao,i na bebeto mu gotvis bez meso???





mila28 -> RE: Вегетаријанци (24.10.2012 10:44:46)

eve i jas se prijavuvam ovde, pred da ostanam bremena 2 godini bev vegan odnosno ne jadev meso, riba i nisto od zivotinsko poteklo, potoa vo tekot na bremenosta pa se do sega jadev bukvalno sve i toa vo enormni kolicini :) Taka da sega sum spremna(bebeto ima 10 meseci seuste cica) da prodolzam kade sto zastanav, eve veke 2 nedeli kako ne jadam meso, mlecni, riba, jajca i s ecustvuvam super. btw moe omileno jadenje e bolonjeze sos(soja) so psona testenina.




Beatris -> RE: Вегетаријанци (24.10.2012 10:54:12)

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Fiao,i na bebeto mu gotvis bez meso???




Мианке, за тоа имаме дискутирано во оваа ТЕМА




niki -> RE: Вегетаријанци (11.11.2012 17:15:38)

da ja podignam temava so nesto novo za mene, mozebi ne i za vas

Vegetarijanski eurokrem
vo blender sitno se seckaat susam i lesnici (jas dodadov i bademi) potoa se dodava kakao i na kraj med se mesa se ubavo i gotovo
za palacinki sovrsen, me voodusevi vkusot, a ne moram da se sekiram deka ne e zdrav

inaku jas ne sum vegeterijanec, no sum niven fan aj taka da recam i osobeno gi pocituvam, vegetarijanstvoto vo bilo koj oblik go smetam za eticki ispraven izbor, i smetam deka za da se napravi toj izbor e potrebna visoko razviena svest, toa ne e odluka koja se donesuva bidejki taka ke ti padne na pamet, toa e proces niz koj se pominuva za koj e potrebno znaenje i iskustvo

jadam meso bidejki me naucile taka, no ne go obozavam i mozam i bez nego, vprocem i koga go jadam go cepkam, go gledam go dvojam, ne jadam ako ima kozinka, ne go jadam mrsnoto, ne jadam ako ima rskavica, ne mi se dopaga mesoto vo blizina na koska i tn. dodaten problem koj go imam so mesoto kako i so ostanatite produkti od zivotinsko poteklo e nacinot na koj denes toa se proizveduva, procesot e sosema industrijaliziran i smetam deka na toj nacin najmalku se vnimava na kvalitet a najmnogu se gleda i bara profit
zaradi mm i kerka mi postojano istrazuvam i citam i probuvam novi recepti i za pocetok bi bila zadovolna da istraeme vo namerata meso da jademe samo za nedelen rucek (i toa da se ogranicime na pilesko kako najmalku masno), uste ednas vo nedelata riba ili 2 pati a drugite denovi da postime, sto ke rece da staneme poluvegetarijanci
ova najmnogu poradi zdravstvenata sostojba na mm koj od celozivoten mesozderski rezim na ishrana veke ima eden kup zdravstveni problemi koi poleka no sigurno ke prejdat vo hronicni bolesti
po recept na vegetarijancite vo nasata ishrana imam vovedeno mnogu novini: peciva pravam od mesavina na integralno i belo brasno, obavezno vo site testa dodavam lenovo seme, vo salati namesto ocet upotrebuvam svezo isceden limun i vo prelivot dodavam zacini kako magdonos, celer i origano a najmnogu mi se dopaga koga ke posipam pecen soncogled, susam i len toa osobeno mi go obogatuva vkusot na salatite, namesto industriski testenini pravam domasni so crno brasno i spanak, kiflicki i piti se trudam da polnam so spanak, praz, jabolki, sumsko ovosje... od ishrana imame isfrleno industriski gricki, sokovi, keks, a namesto niv grickame kikiriki, bademi, lesnici, fstaci, suvo ovosje i tn. isto taka ne upotrebuvam veke margarin na negovo mesto koristam maslinovo maslo, a kade treba seker, stavam med
se sto gotvam se trudam da go napravam od svezi produkti, vo nedostig na isti kupuvam smrznati, i osobeno se trudam da izbegnuvam konzervirani industriski proizvodi kako i gotovi ili polugotovi jadenja
i bidejki ova e na nekoj nacin nas semeen proekt, vo koj ne go izostavam ni deteto, ne sum bas zadovolna so brzinata so koja napreduvame, ovie moive se teski na novini, prebirkovci strasni i postojano senesto se mrstat, da ne zborime deka edniot preferira supi a drugiot jadenja spremeni vo relna sto dodatno mi go kompliciraat gotvenjeto i mi oteznuvaat
jas licno sosema se pronaogam vo ishrana bazirana na zelencuk, ovosje, zitarki i seminja, otkrivam novi vkusovi i se iznenaduvam sebe si
najnovo i najinteresno mi e sto nikogas osobeno ne sakav spanak, nitu mnogu nesto sum go jadela no kaj edni prijateli skoro, za prv pat go probav svez vo salata i se iznenadiv kolku mu e podobar i pobogat vkusot taka nasproti termicki obraboten vo nekoi voobicaeni tradicionalni recepti






bucko mal -> RE: Вегетаријанци (23.2.2013 5:56:35)

Denes go pravev ovoj recept,lele nitu dieta se vide nitu crn leb neli kaj so makalo crn leb[sm=smiley36.gif]tuku se mislam da prasam ama nemoj da mi se smeete kakva e taa himalajska sol[sm=zmeden.gif]
ИЗВОРНА ПОРАКА: Fiao RR

Како што ветив, еве ме мене денеска со нов рецепт:
Гуакамоле или макало од авокадо
*Вкусот е скоро ист како пинџур, само за разлика од пинџурот, не само што не е штетно, туку е и премногу здраво!
Така да, за сите љубители на пинџур - уживајте здраво! [sm=smiley1.gif]

- 400гр. авокадо
- 1/2 домат
- 4 чешниња лук
- сок од 1/2 лимон
- 1 црвена пиперка (големина како оние за ајвар)
- хималајска сол
- малку црн бибер

Сето тоа во процесор и декорирајте со лененово семе и маслинка. Може слободно да се додаде и малку маслиново, но јас не ставив и сепак беше превкусно!

Bon Appétit ♥





Страница: [1]