mami -> RE: G-Spot или Г-Точка (4.1.2010 21:03:41)
|
Г точката не постои?! Веќе неколку децении мажите беа во потрага по таканаречената Г-точка, односно ерогена зона која откако ќе биде допрена, жената ќе полуди од задоволство. Меѓутоа,едно истражување во Британија покажува дека не постојат докази кои би го утврдиле постоењето на таква точка за задоволство. Според досегашните претпоставки Г-точката претставуваше збир на нервни завршетоци, кои кај некои жени се присутни, а кај други не. Илјадници сексуални терапевти направија кариера врз основа на советите кои им ги упатуваат на многу жени, за тоа на кој начин да ја стимулираат оваа фамозна точка. Сепак, студијата која што е направена врз 1800 жени на King’s Collegue во Лондон, покажа дека постои сомневање и мистрија поврзано со точката на задоволство. -Ова е убедливо најголемото истражување и покажува дека идејата за Г-точката е субјективна, истакнува еден од авторите на студијата, Тим Спектор. Инаку првичната идеја за Г-точката е популаризирана од сексологот Беверли Випл во 1981 година, а името го добила по германскиот гинеколог Ernstu Grafenbergu, кој тврдел дека ја принашол уште во далечната 1951 година. извор- Идивиди
|
|
|
|