profesorica -> Секс пред спиење за квалитетен сон (17.8.2009 8:12:00)
|
Сексот пред спиење гарантира добар сон, тврдат научниците. Меѓутоа, најдобриот совет за добар и квалитетен сон не е ни малку романтичен, со оглед на тоа дека екпертите советуваат спиење во посебни кревети. Неодамна е спроведено истражување во чиј склоп секој шести лекар за добар сон советувал секс пред спиење, додека 38 % од лекарите препорачалe спиење во одвоени кревети. Дури една третина од лекарите во истражувањето истакнале дека е забележан пораст на бројот на пациентите кои се жалат на несоница и прекинат сон откако светот се соочува со рецесија. Одамна е познато дека квалитетниот сон е исклучително важен за здравјето. Со други зборови, ако не спиете доволно и квалитетно, се изложувате на зголемен ризик од разни заболувања. " Само 21 % од населението спие осум препорачани часови дневно. Поголемиот дел, значи, не спие, а тоа е причина за многу болести”, истакнала др. Патриша Мекнеир која учествувала во истражувањето.
|
|
|
|