|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Посно
2.4.2015 10:27:31   
SOLE
Ние во недела на цветници имаме слава и се спрема посно оти е во велигденски пости, разгледав има доста интересни рецепти за посни слатки овде ке направам нешто, инаку направив посни кифлицни, едни интересни грисини со интегрално брашно и многу убави ми излегоа како сто ги правев за првпат па еве ке ви го напишам рецептот, пробајте кој сакате
3 чаши брашно (2 интегрално, 1 бело)
1 чаша бело вино или пиво (јас ставив пиво)
1 чаша зејтин,
2 лажички сол,
по 100 грама семки од сончоглед, тиква, ленено семе и сусам, по желба може и малку ким. (семките јас ги иситнив во блендер)
Од сето тоа се замесува тесто (ако е меко додадете брашно), малку да одмори тестото па се сука кора и се вадат со чашка тркалца или фигурки со калпчиња, се редат на тепција обложена со харија за печење и се печат во добро загреана фурна додека не поруменат (околу 15 мин).

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Посно
8.4.2015 23:23:23   
Ilina87
Не знам каде да го поставам прашањето, ако сум офтопик префрлете го постот. Сакам да прашам дали какаото е посно, мислам кога се пости без масло? Можеби е глупаво прашањето, ама една блиска пријателка ми кажа дека го пржеле во масло па го мелеле user posted image

(Одговор на членот SOLE)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Посно
9.4.2015 10:23:35   
Ilina87
Ајде ако знае некој нека пише ве молам итно ми е user posted image

(Одговор на членот SOLE)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Посно
9.4.2015 10:58:59   
Tanjat7880
Ilina,na pakuvanjeto od kakaoto jas bi procitala shto toa pishuva deka ima vo nego i bi se vodela spored napishanoto,jas kakaoto go smetam za posno!

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Посно
9.4.2015 11:17:34   
Hopeful RR
Какаото е посно, без гајле user posted image Комплетно е од растително потекло, основна состојка на вегански десерти.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Посно
9.4.2015 11:42:58   
Ilina87
Ви благодарам на двете. На пакувањето пиши содржи какао путер, тоа ме збуни, а од друга страна на нет најдов посна торта без масло која е со какао.

(Одговор на членот SOLE)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Посно
9.4.2015 12:08:41   
Hopeful RR
Какото си има маснотии, затоа и се прави путер од него, но се од растително потекло, исто како и кокос, бадеми, ореви, лешници... од сите нив има посен путер.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Посно
10.4.2015 0:43:05   
Snowhite RR
Јас знам дека какаото не е посно, кога јас сум постела, а имам цели пости постено никогаш не пиев какао затоа што ми кажаа дека е мрсно

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Посно
11.4.2015 14:09:39   
Ilina87
Еве еден посен рецепт од мене.

Посен гулаш без масло:

1 главица кромид се динста на тивко со малку вода и сол, се додава
1-2 исецкани моркови
Кога ќе омекнат малку се додава:
350 гр свежи печурки исецкани на листови, се меша и се оставаат да омекнат, па се додава
2 домати исецкани на коцки, се меша и се оставаат да омекнат, се додава
сол, зачини
350 гр томатело или домашен сос од домати
200 мл вода, може и помалку зависно од посакуваната густина. Се остава да вари на тивко околу 20 до 30 мин.
Се служи со варени посни макарони или ориз.

(Одговор на членот SOLE)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Посно
11.4.2015 14:43:28   
Ilina87
Посна торта без масло:

250 мл вода се зоврива со 100гр шеќер и се остава да се излади. Се додава:
2 лажици мед
200 гр брашно
150 гр кокос
150 гр гриз
200 гр шеќер
1 пециво
1 ванила
1 лажиче сода бикарбона
малку минерална вода, ако дојде смесата погуста
Се се меша и се става да се печи во тава на која има ставено само брашно. Се печи околу 20. Откако ќе се олади се премачкува со пудинг од ванила ( претходно сварен со шеќер и вода според упатството) и се наросува кокос.

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Посно
8.2.2016 17:12:36   
lukajana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

ТРИ РЕЦЕПТИ СО ПО САМО ТРИ СОСТОЈКИ



user posted image Печена риба
СОСТОЈКИ (2 порции)
• 2 свежи филети бела риба
• 1 супена лажица путер
• 1 лимон ПОДГОТОВКА
Премачкајте ја рибата со топен путер, а потоа попрскајте ја со сол и црн бибер. Исечкајте го лимонот на кришки и ставете ги врз рибата. Ставете ја рибата во фолија и печете 20 минути на 180 степени.




_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Посно
10.2.2016 16:47:04   
lukajana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Yummy Mammy

Samo da vi kazam deka vcera gi napraviv rakcinjata po ovoj recept. Znaci polesno amin! Rakcinja pravam cesto vo najrazlicni kombinacii, ama pa i cesto gi utnuvam. Mnogu se specificni zasto baraat mnogu malku vreme na gotvenje, i edna min podolgo ako gi ostavis se prevaruvaat, edna minuta porano ako gi izvadis, zilavi se. No, ovie vcera iskocija perfektni! Povelete, mnogu e brza postapkava!


•1/2 кгр. исчистен шримп (ракчиња)
•1 поголема главица лук
•5-6 лажици маслинов зејтин
•50 гр. путер, маслац или маргарин
•малку толчена црвена пиперка - буковец
•на вкус црн мелен пипер
•на вкус лимонов сок
•1 шака многу ситно сецкан магданос
•на вкус сол

1. Најпрвин загрејте ја тавката, па во така загреана ставете го путерот (зависи што ќе користите) и маслиновиот зејтин. Внимавајте да не ги прегреете, доволно додека се стопи путерот.
2. На лесно загреаната мрснотија додадете го многу ситно исецканиот лук и на средна температура (медиум) пржете го лукот и не дозволувајте да прегори. Баш на тивка температура пржете за да може да ги пушти сосема своите содржини и мирис, а да не изгори. Потоа додадете сосема малку, колку што може со прстите да црпнете од буковецот и продолжете повторно на тивко да пржите се додека не пушти своите есенцијали и не се поврзе со лукот. (лесно се приметува тоа)
3. Тргнете за кратко и додадете сок од лимон (но не стискајте го целиот лимон, ако е потребно од после ќе додадете), малку мелен црн пипер и многу малку сол. Вратете на огнот.
4. Додадете го сега шримпот (свеж или замрзнат) и дозволете да се динстат неколку минути, односно додека не ја сменат бојата во розеникава (предходно се сивкасти). Внимавајте да не ги преварите бидејки од предолго варење стануваат жилави. Пред самиот крај додадете го магданосот, тргнете од огнот.
5. Пробајте на вкус... ако не е доволно солено - досолете, ако сакате повеке лимонов сок кој го неутрализира мирисот- додадете, но притоа да не се прекисели и да надвладее над вкусот од шримпот.
Толку е околу припремата на шримпот.

Совет
- Не дозволувајте да се шримпот предолго динста (вари) бидејки во тавката освен мрснина треба да остане и течнот - одлично за макање со препечено лепче.
- Не смее киселината да преовлада и совлада вкусот на шримпот.
- За да добиете повеке на течност за топење или прелевање - слободно додадете малку вода или бело вино во моментот кога шримпот ке го ставите во тавката.
- Одлично како јадење засебно ако препечете лепце на маслинов зејтин со кој ке си мацкате во течноста.
- Можете да го служите со сварени макарони, шпагети, ориз... доколку не не го спремате за пости- тогаш посипете и со пармезан кој исто така можете да го ставите пред самиот крај кога шримпот се динста.
- Ако го спремате посно - тогаш ставете маргарин, изоставете пармезанот.
- Мора да внимавате и на количините... мора да има доволно од шримпот и сосот со него - да не останат суви макароните, оризот или шпагетите.
Бидејки не сум правела на друг начин, не знам за раликите помеѓу рецептите кои се навистина безбројни за шримпот и морските плодови.





_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Посно
11.2.2016 17:33:21   
lukajana RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880

E sega vaka,imam poracka od moite mazi za RIZI-BIZI,toa shto e prilog sprenem od oriz I grashak,mi treba recepta,znam deka I orizot I grashakot se varat no neznam dali orizot se vari so zejtin I sol dali zaedno se varat ili posebno...aj nejoj ako znae neka mi kazeuser posted image



ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

Ризи бизи според мене најубаво испаѓа од оној оризот со долго зрно. Го имас во Веро и некои други маркети се вика Basmati Rice или уште поубаво купи ориз во ќесички - има во Веро на Uncle Ben''''''''''''''''''''''''''''''''''''''''''''''''''''''''''''''''s во портокалова картонска кутија по 4 ќесички спакувани и во Карфур има од не знам која фирма сини се кутиите. Ја земаш ќесичката со ориз и ја потпуваш цела со вода и ја вариш некои 35 мин од моментот кога ќе ја ставиш на шпорет. Паралелно стави да се вари морков пченка и морков во друго тенџере. Кога се ќе биде сварено истури го оризот во некој доволно голем сад, стави го и сцедениот и сварен зеленчук, додади зачни по желба и ладно цедено маслиново масло или ако сакаш путер. И толку user posted image Пријатно јадење!



ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880


ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

Ризи бизи според мене најубаво испаѓа од оној оризот со долго зрно. Го имас во Веро и некои други маркети се вика Basmati Rice или уште поубаво купи ориз во ќесички - има во Веро на Uncle Ben''''''''''''''''''''''''''''''''s во портокалова картонска кутија по 4 ќесички спакувани и во Карфур има од не знам која фирма сини се кутиите. Ја земаш ќесичката со ориз и ја потпуваш цела со вода и ја вариш некои 35 мин од моментот кога ќе ја ставиш на шпорет. Паралелно стави да се вари морков пченка и морков во друго тенџере. Кога се ќе биде сварено истури го оризот во некој доволно голем сад, стави го и сцедениот и сварен зеленчук, додади зачни по желба и ладно цедено маслиново масло или ако сакаш путер. И толку user posted image Пријатно јадење!

user posted image user posted image user posted image Mislam deka znam za shto zborish,no oriz so se kesa seushte ne sum varela I porackata mi e samo oriz I grashak,pa ke im ja napravam po zelba,ako mi uspee vtoriot pat ke ja pravam so se ona shto ti go navede od zelencuci,fala ti ushte ednash



ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86

Еве ти од мене рецепт за ризи бизи кое многу го сакам а години се мачев да го погодам user posted image
Оризот знајш оди со мерка 1 спрема 3 (1 мерица ориз 3 мерици вода)

Во тенџере на оган ставаш масло и малку кромитче да се пржи..

Во друго тенџере ставаш водата да зоврие и внатре ставас зачини по желба,
ОТкако кромотот се испржил го ставаш внатре оризот и него го пржиш со постојано мешање....знаеш дека е доволно кога оризот ке чука на тенџере ке забележиш самата дека звукот е поинаков...потоа ставаш грашак или друг зеленчук и му ја додаваш веќе зовриената вода од другото тенџере...ова ке почни одма да врие промешуваш малку ја исклучуваш ринглата и ставаш капак на тенџерето. по околку 45 мин е спремно за јадење...оризот ке си ја впие цела вода.

Кај мене испробано бидејќи дуру го најдов овај рецепт кутриот мој маж какви ли не оризи има вдено user posted image



ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86

ова ке почни одма да врие промешуваш малку ја исклучуваш ринглата и ставаш капак на тенџерето. по околку 45 мин е спремно за јадење...оризот ке си ја впие цела вода.



Ова ме буни мене. Се исклучува ринглата и само се остава 45 минути да стои така?


ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86

hahahha i mene me bunese znam ama taka e od samata topla ringla ke si se praj..mene od radoznalost me kopkase i na dva pati go otvarav kapakot hahha



ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880

Nataly,ova shto go zborish go znam,pravam I e prekrasno,vo nego stavam I kromidce I morkovce I pcenka go poklopuvam I ostavam 30 minuti,od toplinata proprzeniot oriz ja prima tecnosta I e navistina super I brzo za pravenje no RIZI-BIZI shto sum jadela po kafani mi e poinakov vkus od ova,mislam deka ima razlika.



< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 11.2.2016 17:44:29 >


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Посно
12.2.2016 17:33:01   
lukajana RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

еве рецепт за посни ќофтиња од црвена леќа и просо:

1 голема главица кромид исецкан
1 рендана тиквица
2 рендани моркови
Ова се запржив на тава со многу малку зејтин. Треба да се запржи додека да сипари водата која ја пушта зеленчукот.

1/2 флиџан црвена леќа и 1/2 филџан просо ги покиснав 2 часа и после ги сварив 15 мин. Водата треба сосем да испари или да се исцеди - да биде колку што може посуво. Ова го ставив во тавата кај што се пржеше зеленчукот и целата смеса ја прржев уште некои 10 мин за да испари целата вода која ја пушти леќата и просото...Додадов сол и бибер и зачин од Виталиа и кога го тргнав од оган додаов средно голема главица сецкана брокула (свежа никако тремички одбработена зошто таа брзо се вари/пече ќе биде гадна ако не е сирова). На крај додадов од око презла и пченкарно брашно колку што е потребно да биде течна и леплива смесата, мислам од прилика некои 5 полни супени лажици брашно и 2 презла.

Рерната ја загреав на 220 степени и на вентилатор за да ги исужи убаво ќофтињата. На тавчетео ставив хартија за печење и малку наросив презла за да не ми се лепи ептен сместата. Со лажица ставав на хартијата топки и малку гмечев одозгора за да сипаднат како плескавици. Ги посибав со малку маслиново масло и презла. Печев некои 20 - 30 мин. Мене ми беа ептен вкусни



ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

Корекција - пченкарно брашно и презла колку што треба за да НЕ БИДЕ леплива смесата



_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 39
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2]
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?