RE: Linea negra (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> После породување



Порака


princessa -> RE: Linea negra (20.6.2014 11:28:36)

И во двете бремености ми се појави некој месец дена пред породување и тоа од папокот нагоре и надолу[sm=smiley36.gif]. Ама за две недели после породувањето ми исчезна. Нон стоп мачкав мрсна крема на тоа место и се исчисти.




sandriana RR -> RE: Linea negra (20.6.2014 11:48:34)

Овој пат ја немам, за чудо некое [sm=smiley1.gif]. Не знам дали е рано се уште (28ма недела), или пак ниво на хормони не ми е како во првата бременост - но важно за сега, се уште ја нема.
Во првата бременост ми беше солидно изразена, и си траеше сигурно 6 месеци после породување.




AnnaMolly RR -> RE: Linea negra (20.6.2014 11:54:19)

Јас немав во првата бременост ич линеа негра, а сега ќе видиме. Кое време од прилика се појавува?




sandriana RR -> RE: Linea negra (20.6.2014 12:01:31)

Не се сеќавам кога ми се појави, негде после 6-7ми месец мислам - постепено, од бледа стана изразено темна целосна линија од папок надолу.




Dilina -> RE: Linea negra (20.6.2014 12:35:01)

Јас си ја имам само не е негра него е оринџ линеа [sm=smiley36.gif] помаранџаста е и од папокот нааааагоре, а надоле незнам неможам дас е видам убаво [sm=smiley36.gif]




Hunny -> RE: Linea negra (20.6.2014 13:53:17)

Кај мене се појави при крајот на бременоста, многу бледа, не се забележуваше и брзо по породување се изгуби.




Dilina -> RE: Linea negra (27.7.2014 22:28:17)

И еве 16 дена од пораѓај, стои пустата уште е потемна, со што сега е и околу папокот, темна уф.... а и стомакот си стои... [sm=smiley19.gif]




Melanija RR -> RE: Linea negra (27.7.2014 22:57:40)

Да те утешам Dilina неможам еве сега околу 10-11 месец ми се изгуби [sm=smiley1.gif] а за стомак ич да не зборам [sm=zmeden.gif] ама ти си млада и ќе се вратиш во форма [sm=smiley1.gif]




Ilina87 -> RE: Linea negra (29.7.2014 11:43:52)

Кај мене еве и после 10 месеци од породувањето уште е присутна, а и стомакот ми стои, малку ми е намален како во трети месец да сум бремена [sm=smiley1.gif].




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]