Забранете им го преработеното месо?! (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Исхрана на децата



Порака


mami -> Забранете им го преработеното месо?! (18.8.2009 15:00:43)



Родителите не треба да ставаат шунка во сендвичите на своите деца, предупредува WCRF  -  Светскиот фонд за истражување на рак

Се верува дека децата не треба да консумираат обработено месо како шунка, салами, виршли и сланина.

Според светскиот фонд за истражување на рак, постојат „убедувачки докази “ дека јадењето на обработено месо го зголемува ризикот од рак на цревата.

Иако не постои специфично истражување за јадењето на месо во младоста, организацијата вели дека доказите кај возрасните се толку очигледни што едноставно не може да се игнорираат. Поради ова децата треба да стекнат здрави навики во исхраната уште од пет годишна возраст и да избегнуваат преработено месо.

-Подобро е децата да го сфатат преработеното месо како нешто што се јаде повремено, доколку истото им е достапно во исхраната, вели Марни Крејз, од WCRF.

Организацијата предупредува да се избегнуваат и нешта кои содржат многу калории, како што се слатките пијалаци.





mami -> RE: Забранете им го преработеното месо?! (27.8.2009 10:17:35)

мојов од се ова пробал само виршла, варена и не му се допадна баш многу па и не му ја ни нудиме нешто посебно, ама затоа мелено месо обожава, особено ако е во мусака




Еца -> RE: Забранете им го преработеното месо?! (27.8.2009 10:23:53)

Мартина има 3 год и 9 месеци, и прв пат проба салама претходниот месец (пилешка на перутнина) и паштета исто така. Јас како дете не сум знаела што е ова[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]моите не јаделе вакви работи воопшто, па не сум јадела ни јас[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]  И на Мартина и давам салама и паштета многу ретко, колку да разбие монотонија. Поптво би и сварила палента, гриз, или корнфлек, експандирани житарици, отколку овие производи, кои и јас многу ретко ги козумирам.




big_mama817 -> RE: Забранете им го преработеното месо?! (7.10.2009 14:35:40)

се сложувам со тебе Елена [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




profesorica -> RE: Забранете им го преработеното месо?! (12.11.2009 14:14:17)

Билјана_Г еве и тука имаш нешто за темата што сакаше да ја отвориш.




arh_diz -> RE: Забранете им го преработеното месо?! (12.11.2009 15:50:30)

Jas sum vozrasna pa mozam da kazam deka sunka jadam samo vo pizza a salama slanina virsi mnogu mnogu retko ne se sekavam koga imam jadeno.




mother 29 -> RE: Забранете им го преработеното месо?! (26.11.2009 13:18:25)

јас му давам од тие малите виршлички по една ,понекогаш  и аргета паштета! а со пицата си ја јаде шунката!




mami -> RE: Забранете им го преработеното месо?! (15.12.2009 21:57:39)

мојон во последно време му е хит виршла...има така периоди кога јаде нешто, па после несака ни да го види...ама засега јаде само виршли и кебапчиња, салами не ми се даваат, не ги јадеме ни ние. а во пица мм си јаде, јас несакам пица со салама




sinolicka -> RE: Забранете им го преработеното месо?! (12.4.2010 0:01:07)

znae li nekoj da mi kaze dali e pravilno sekoj den da mu se dava meso na deteto.inaku imame 20.meseci i od koga sme vovele meso vo ishranata sekoj den mu gotvam jadenj so meso 5dena telesko 1den pilesko i 1 den riba.inaku matej e mesar se budi i vika meso mamo.baram samo sigurni mislenja a ne pretpostavki.ako slusnal nekoj od dr.ili procital nekade,




Mila na mama -> RE: Забранете им го преработеното месо?! (12.4.2010 0:25:03)

Па за сигурно најдобро прашај си го вашиот педијатар.
И на возрасен не му треба секој ден месо не знам зошто за дете би било препорачливо. Ќерка ми на 21 месец јаде речиси се што има дома за ручек што значи 3-4 пати неделно месо секогаш различно пилешко, мисирка, телешко, свинско, риба 1 месечно и тоа со сила, а другите денови си јаде грав, леќа, грашок, макарони, супи, салати и сл. Нашата доктрка е повеќе за овошје и зеленчук па веројатно по нејзините совети јас ја хранев ила и ја навикнав да бара само краставица, патлиџан, јаболко, а сама никогаш не ми побарала месо.




BEBICA -> RE: Забранете им го преработеното месо?! (12.4.2010 8:37:57)

Od sevo ova gore navedenoto mojava nisto nejade.Znaci ne sakam da se pravam pametna tuku samo go kazuvam moeto mislenje.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
Inaku Monika e na zitarici, kako sto napisa gore Eca, griz, palenta i sl.





profesorica -> RE: Забранете им го преработеното месо?! (12.4.2010 8:58:10)

дамјан пробал виршли 2 пати ама не ги јадел туку само пробал.забранив да му даваат. а инаку со пица јаде печеница.салама не пробал




mami -> RE: Забранете им го преработеното месо?! (12.4.2010 10:55:24)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama

Па за сигурно најдобро прашај си го вашиот педијатар.
И на возрасен не му треба секој ден месо не знам зошто за дете би било препорачливо. Ќерка ми на 21 месец јаде речиси се што има дома за ручек што значи 3-4 пати неделно месо секогаш различно пилешко, мисирка, телешко, свинско, риба 1 месечно и тоа со сила, а другите денови си јаде грав, леќа, грашок, макарони, супи, салати и сл. Нашата доктрка е повеќе за овошје и зеленчук па веројатно по нејзините совети јас ја хранев ила и ја навикнав да бара само краставица, патлиџан, јаболко, а сама никогаш не ми побарала месо.


потполно се сложувам...Лука јаде што и ние, но ако треба да бира меѓу месо и овошје или зеленчук(строго свежо) ќе го бира ова второво...Така е навикнат а и педијатарот ни рече дека е поубаво така...




caci20 -> RE: Забранете им го преработеното месо?! (12.4.2010 10:58:50)

Petar jade se. Rucekot mu e najomilen. Jade od naset_o gotveno. Razlicno meso osven svinsko. Zelencuk obozava i riba. Jade sekakva i toa sto pocesto moze. Ednas nedelno pastrmka, oslic, losos. Nikogas ne pravi problem.
Retko za dorucek jade virsla pileska. A suvomesnato ne.




mother 29 -> RE: Забранете им го преработеното месо?! (12.4.2010 11:01:18)

јас имам приметено дека се му е на периоди ,еден период ке ми бара месо и такви ствари,друг јаболко,пиперка.....
се заситува од едното ,бара друго...нема некој ред и првило кај мојот...битно е да јаде се ,да ужива во вкусот на истото...





sinolicka -> RE: Забранете им го преработеното месо?! (12.4.2010 22:45:36)

se javiv denes kaj nasiot pedijatar i ni kaza deka moze meso sekoj den (telesko) na 7-10 dena 1 pilesko sekakvo meso moze samo ne svinsko.a za drugite raboti nemame problem jademe se i zitarici i ovosje i zelencuk .skoro se sto sum mudala jade.samo mi bese strav da ne e stetno da se jade sekoj den meso 




matushka -> RE: Забранете им го преработеното месо?! (13.4.2010 11:44:20)

Mateja od 7 dena, 5 jade meso ( pileshko ili teleshko) eden den mesan zelencuk, i eden mesan zelencuk so jajce.




Maca25 -> RE: Забранете им го преработеното месо?! (15.4.2010 1:09:33)

Нина не сака месо. Кога почнав да и воведувам месо, го јадеше, ама еве ја веќе некое време не сака да јаде многу месо. Не е многу ни по зеленчукот, ама затоа овошје би можела да јаде по цел ден. Со овошје и почнува денот. Јас не сум и дала ништо сувомеснато, мислам дека мм еднаш и даде пршута и многу и се допадна, цел ден после правеше мммм... мммм...., ама само еднаш и толку, не сакам да се научи на сувомеснато, а и мала е многу за преработено месо. И имам дадено мусака со мелено месо, ама јас си бирам парче месо кое ќе ми го сомелат. Во меленото месо може да стават се и сешто, вака јас ќе си одберам и знам што ќе јадам.




Snowhite RR -> RE: Забранете им го преработеното месо?! (5.6.2011 18:28:26)

Од преработено месо има јадено само пилешка виршла варена неколку пати, салама и паштета има пробано, мм му има дадено, односно ќе извади на маса и тој бара, а јас ич не сакам да јади такви работи




AnnaMolly RR -> RE: Забранете им го преработеното месо?! (6.6.2011 11:29:18)

Од преработено месо има пробано само мелено, но јас купувам парче кртина и ми го мелат, не од веќе сомеленото месо. Виршли, паштети, колбаси, сувомеснато ни јас не јадам, не па него ќе му нудам. Тоа не се неопходни намирници, може и без тоа.




suzeto -> RE: Забранете им го преработеното месо?! (7.6.2011 22:50:09)

jas ne gi jadam bas tie raboti i ne mu gi nudam mnogu retko za porucek ili vecera pasteta ...ama jade mm i toj mu nudi i koga ne bara a jas mu davam stom pobara




AnnaMolly RR -> RE: Забранете им го преработеното месо?! (16.1.2012 14:43:16)

Кај нас дома во секое време има некоја салама во фрижидер, а најчесто и кулен и печеница. Мм се дави во сувомесни производи, а јас пак не ги јадам. Неколкупати му има дадено на Филип салама и тој многу ја бендиса, ама па не сакам да јаде салама. А тој кога ќе види вреска „мевце, мевце“ и ми е жал да не му дадам.
Па си викам подобро печеница да јаде отколку салама. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
Господинот научи сам да си отвара фрижидер и да си се послужува.




Maca25 -> RE: Забранете им го преработеното месо?! (16.1.2012 15:27:07)

Сега читам што сум пишала пред една година. Е многу работи се сменија. Н. сега обожава месо, се јаде, а омилени и се виршлите. Ретко купувам, за да јаде поретко, но ги обожава. Сака и печеница многу. Со мм можат за вечера се сувомеснато од фрижидер да изедат.




Pepelaska * -> RE: Забранете им го преработеното месо?! (16.1.2012 15:34:13)

И јас не сакам да јаде вакви работи ама еднаш бевме на гости и му дадоа салама , многу му се допадна ама јас сепак дома не му давам, а пред некој ден свекор ми му дал виршли , тој јаде исклучиво такви работи и тоа се пржено и му дал и тоа огромни парчиња одвај ги доџвака.Во последно веме само глупости му даваат дома вчера го направив лом мм да ги искара малку дека има време за пржени колбаси, виршли и слични работи




Felly RR -> RE: Забранете им го преработеното месо?! (16.1.2012 16:13:59)

Јас избегнувам да и давам вакви работи на Матеа. И Матеа на гости прв пат проба салама, па после и дома неколку пати јадеше- и ја сака. Исто и печеница има јадено, и тоа сака. А виршли и немам дадено.




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>