Felly RR -> RE: Протеини во мокрача (20.7.2015 20:59:03)
|
Рингерајки, јас во саботата го допив антибиотикот, и денес реков да испитам мокрача и крвна слика, и крвната слика е ок, но во мокрачата пак имам бактерии, пишува и доста леукоцити, епители и албумини 0/1 како што можам да прочитам. Се плашам ако не е излечена инфекцијата пак да не добијам контракции.[sm=smiley19.gif] А пиев деновиве и чај од брусница, кога 1 чаша, кога 2, вит Ц земав дополнително по 500-1000 мг,единствено што вода никогаш не пијам многу, ама деновиве и со жештиниве пиев пак до 2л. Немам некои симптоми за уринарна инфекција, ама од она што читав на нет причина за предвремени контракции може да биде асимптоматска бактериурија. Пред некој ден правев исто крвна слика и црп, црп-то е негативно, па не знам - тоа е сиурен показател дека нема инфекција или може и да не биде сигурно за уринарни инфекции? Ќе правам и уринокултура секако, ама и тоа имав направено заедно со брисеви баш пред да ги добијам контракциите, и немаше бактерија никаква. Стварно не знам што би можела да направам друго, ако имате некој предлог ве молам пишете.
|
|
|
|