Стрелец: Весел (22.11-21.12)
Тој е весел, топол и природен љубовник. Лесно се вљубува во убави жени и тие му се инспирација за се што прави. Сепак овој маж не е за сериозни врски, па така не се изненадувајте ако сака вашата врска сака да остане неформална. Жените може да го заскокоткаат, но не и да го следат на долги патеки. Кога се заљубува тоа е искрено. За жал страста трае кратко, па мора да продолжи со своето вечно патување.
Јарец: Решителен (22.12-20.01)
Јарците секогаш знаат што сакаат. Тие се екстремно реалистични и сакаат да ја достигнат по секоја цена. Овој маж сака да ги исполни желбите на својата партнерка, но често се случува да се инхибира самиот себе. Потребно му е време додека се опушти, а кога ќе го направи тоа очекувајте експлозија од сексуален нагон. Можеби е бавен, но затоа е стабилен и лојален.
Водолија: Иновативен (21.01-19.02)
Водолиите се љубители на иновативниот секс. Бараат партнерка која што е сензуална, еротична, понекогаш помалку перверзна. Знаат да бидат одлични пријатели кои преку ноќ ќе се претворат во нежни љубовници. Најчесто се плашат од обврски, но тоа се менува со текот на годините. Нивната несебичност ги прави едноставно неодоливи за женскиот пол.
Риби: Сензуален (20.02- 20.03)
Мажите од знакот на риби имаат длабоки емоции и еротски фантазии. Сепак никој не знае што точно се случува во нивното срце. Иако, може да изгледаат многу стабилно, во суштина не се премногу отворени со своите партнерки. Овој маж знае како да задоволи жена, бидејќи размислува за женските потреби. Некои риби бараат жени кои што ќе може финансиски да ги задоволат нивните потреби и секогаш на жената и ја доделуваат доминантната улога.