|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  13 14 [15] 16 17   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: страшно
8.6.2012 10:31:19   
Yummy Mammy
Тукушто проодел, а веќе е наркоман



Потекнува од 7-члено семејство-талкачи, во кое и родителите и петте деца се зависници. Лекарите се шокирани и бидејќи сè уште нема одделение за лекување зависност кај деца, бараат решение како да помогнат

Меѓуопштинскиот центар за социјални работи веќе една недела очајно бара помош од неколку скопски клиники да хоспитализираат три деца-зависници од дроги. Во писмото, испратено од Центарот до Kлиниката за токсикологија и до Детската клиника, стои дека трите деца, две сестрички и братче, веќе подолго време дишеле лепило, иако имаат само 4, 8 и 11 години.

Од Kлиниката за токсикологија велат дека биле шокирани од содржината на писмото, оти досега немале толку млади пациенти.

На Токсикологија постари од 14 години

Бидејќи с` уште нема одделение за лекување зависности кај деца, директорите на овие две клиники деновиве интензивно бараат решение како да им помогнат на овие деца.

- На Токсикологија ние можеме да третираме пациенти постари од 14 години. Ова, секако, не е соодветно место за дете од 4 години, без разлика на дијагнозата. Имало случаи кога брза помош ни носела деца во критична состојба, но тоа било инцидентно. Досега не сме имале дете-зависник од само 4 години – вели Андон Чибишев, директор на Kлиниката за токсикологија.

Чибишев вели дека е изготвен протоколот за лекување деца-зависници, оценувајќи го тоа како голем и сериозен чекор.

- Сега останува само да се најде кадар и простор каде ќе бидат третирани деца-зависници од дроги – вели Чибишев.

Директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова вели дека на оваа клиника нема капацитет за згрижување нови пациенти зашто и онака има многу деца кои чекаат за лекување.

Во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи постои список од 20 деца, кои се регистрирани зависници. Но, тоа е, велат во Центарот, само дел од поразителната вистина.

Евидентирани се само дел од децата кои се и талкачи од улица. Според оваа евиденција, има две деца помали од седум години кои дишат лепило, 4 деца до 14 години кои се зависници од дроги и дури 14 деца постари од 14 години кои веќе се на хероин. Од нив, 17 се момчиња, а три девојчиња. Сите се Ромчиња.

И родители и деца зависници од дроги

Во последно време центрите за социјална работа се многу активни и постојано бараат помош за децата, вели д-р Чибишев од Токсикологија.

- И јас ги гледам децата како талкаат низ градот со кеси лепило. Не пропуштам да им подвикнам да го фрлат тоа од рацете. Тие само ме погледнуваат со прекор и бегаат. Такви деца со лепило гледам и во кругот на Kлиниката. Но немоќен сум да сторам нешто - вели Чибишев.

Социјалните работници велат дека е многу тешко да се допре до децата - тие бегаат, а бидејќи немаат постојан дом и талкаат, не можеме да го лоцираме. За случајот со најмладиот зависник велат дека бил многу тежок и дека децата одвај ги спасиле од родителите, кои и самите биле зависници од тешки дроги.

- Извојувавме многу тешка битка за да ги одземеме од родителите. Тоа е седумчлено семејство што талка. Таткото е зависник од тешки дроги, исклучително агресивен и непресметлив во постапките, а мајката од страв не смее да мрдне. Kако социјална установа секогаш правиме напори децата да останат во семејството, но ова немаше минимум родителски потенцијал. На родителите им го одзедовме родителското право. Сите пет деца од тоа семејство се зависници од дроги, трите најмали се на лепило и сега се сместени во домот „11 Октомври“, а двете постари се зависници од тешки дроги и се сместени во „Ранка Милановиќ“ и во воспитно-поправен дом. Децата требаше одамна да се одземат од родителите, но таткото правеше невиден отпор, дури се служеше и со оружје - велат социјалните работници од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.

Проблемот со децата-зависници е генерален, велат од Центарот.

- Во моментов нема институција која би ги згрижувала децата-зависници, иако бројот не е голем. Треба да се знае кој ќе им помага и каде ќе може да се лекуваат. Едно од решенијата е да им се одземе родителското право на нивните родители, децата да се вклучат во образовниот процес и да бидат под контрола на старатели. Веќе е одземено родителското право на два пара родители, а се водат постапки за уште неколку - додава Kрсте Малјановски, в.д. директор во Центарот.

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 351
   RE: страшно
11.6.2012 12:33:51   
AnnaMolly RR
Само што ми се јави мајка ми со една ужасна вест. Една девојка, да ја наречам познаничка, не ни е блиска пријателка, работеше во маалскиот маркет (везилка сигурно ја знае), беше бремена со близначиња и ги изгубила непосредно пред породување или само што се породила. Толку се потресов, не можам ни да работам...



_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 352
   RE: страшно
11.6.2012 12:37:38   
Mihaela 2010
Само што ми се јави мајка ми со една ужасна вест. Една девојка, да ја наречам познаничка, не ни е блиска пријателка, работеше во маалскиот маркет (везилка сигурно ја знае), беше бремена со близначиња и ги изгубила непосредно пред породување или само што се породила. Толку се потресов, не можам ни да работам...


gospod neka i dade sila da go izdrzi i prebrodi nerdniot period,samo toa imam da kazam,navistina greota user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 353
   RE: страшно
11.6.2012 13:55:53   
vezilka RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Само што ми се јави мајка ми со една ужасна вест. Една девојка, да ја наречам познаничка, не ни е блиска пријателка, работеше во маалскиот маркет (везилка сигурно ја знае), беше бремена со близначиња и ги изгубила непосредно пред породување или само што се породила. Толку се потресов, не можам ни да работам...




..претпоставувам за која зборуваш. Душичка, најстрашно нешто што може некому да му се случи! Нека почиваат во мир анѓелчињата, а на родителите господ да им даде сила да го преживеат овој период! user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 354
   RE: страшно
11.6.2012 22:18:25   
Yummy Mammy
Koga ke slusnam za vakvi slucai sekogas sakam da znam koja e pricinata za da se zastitam i sebe si i da prenesam i na drugi. Nekakov rizik faktor mora da postoel... user posted image

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 355
   RE: страшно
11.6.2012 22:29:28   
kapina
zalno strasno gospod da ne dade na nikoj

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 356
   RE: страшно
4.7.2012 13:27:55   
Mihaela 2010
Дете почина во БиХ по излегување од автомобил со клима



Едноиполгодишниот Х.К. од Сански Мост почина од температурен шок кога родителите од извадиле од климатизиран автомобил на висока надворешна температура.

Детето почина од шокот поради огромната температурна разлика од повеќе од 20. степени. Кога пристигнал во болница, докторите ја констатирале смртта поради престанок на работа на срцето.

Неодамна малиот Х.К. допатувал во Сански Мост од Шведска каде живеел со родителите.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 357
   RE: страшно
4.7.2012 15:43:58   
Beatris
Боже господе, душиче сирото, се повеќе уплав имам од климиве. А родителите што биле ненормални, тоа башка, а се прави ли толкава температурна разлика, и тоа во кола user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 358
   RE: страшно
6.7.2012 10:39:31   
AnnaMolly RR
Jа убил сопругата потоа ја запалил

Осомничен за убиството е Салваторе Севели (39), којшто се товари за убиство на неговата сопруга Марија Анастаси, која била во деветиот месец од бременоста.

Веста која излезе ја шокира јавноста, како што пренесуват медимумите, осомничениот и ја искршил главата па потоа ја запалил.

Во испрашувањето осомничениот кажал неколку контрадикторни верзии за трогателната случка.

Но се чини дека, настанот се случил кога сопругата со своите три деца, го фатила осомничениот со неговата љубовница во својот дом, каде што се случи и трагедијата.

user posted image

извор: курир.мк

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 359
   RE: страшно
17.7.2012 11:40:40   
nadica
Нeготинo: Ја убил мајка му и ја фрлил во контејнер

Дваесет и тригодишно момче од Неготино синоќа ја убило својата мајка во нивниот стан, а потоа сакал да се ослободи од телото и се обидел да го фрли го во контејнер.

Убиецот Димитар С. ноќеска околу 3:40 часот бил виден од работниците на Комунална хигиена како се обидува да се ослободи од телото на неговата педесет и седумгодишна мајка Нада С. целото облеано во крв во еден од контејнерите.

Работниците веднаш се јавиле во полицијата, по што Димитар С. е приведен во полициска станица. Телото на неговата мајка е дадено на обдукција, а најверојатно ја убил со неколку убоди со нож или друг остар предмет.


izvor: A1

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 360
   RE: страшно
20.7.2012 10:29:56   
Mihaela 2010
Сиромашно дете се храни со кучешко млеко




Шестогодишното Индијче, Чоту Кумар, е принудено да се храни со кучешко млеко затоа што неговото семејство нема доволно пари за храна.

- Живеам со мајка ми, баба ми и брат ми. Брат ми работи ама заработува 20 долари месечно, а тоа не е доволно за храна, раскажувал малиот Чоту.

Тој се спријателил со кучка која почнала да го доживува како свое дете, па не и е проблем да го дои.

- Со неа се спријателив уште од мал, ме сака и никогаш не била агресивна со мене. Кога сакам да јадам, доволно е да легнам покрај неа и да ја фатам за задните нозе, објаснува Чоту.

Неговата мајка на почетокот била згрозена од оваа глетка, но со тек на време не се бунела затоа што била свесна дека детето и е гласно.

Кучката дури и доаѓа пред нивниот праг, лае за да го викне Чоту да дојде по својот оброк.

Мештаните во селото никако не го одобрувале ова затоа што сметале дека детето може да се разболи од кучешкото млеко и да ги зарази и другите деца, па ги контактирале надлежните власти.

Детенцето сега оди на училиште каде добива еден оброк во денот, а благодарејќи на програмата на социјалните служби, и неговото семејство добива помош во вид на храна.

Но, Чоту не се откажува од својот претходен начин на исхрана.

- Си цицам од нејзиното млеко затоа што ми е слатко како шеќер. На многумина не им се допаѓа моето пријателство со кучињата, но јас сум среќен – искрено зборува малиот Чоту

Koga ke procitam vakvi raboti si vikam fala mu na boga za seto ona sto go imame..

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 361
   RE: страшно
31.7.2012 13:42:15   
Bububebe
Дваесет и тригодишна жена од кичевското село Челопеци поради расправија со нејзиниот невенчан сопруг со перница го задушила своето дете, старо само два месеци. Поради грижа на совест, младата жена пред една недела се обидела да се самоубие.
Според полицијата, И.Ј. го признала убиството на нејзиното дете бидејќи повеќе не можела да издржи.

Убиството се случила на 29-ти јуни годинава кога околу 20,30 часот И.Ј. по жестока расправија со сопругот влегла во спалната соба и веднаш по првиот плач на бебето зела перница и му ја ставила преку лицето.

Пред полицијата, И.Ј. раскажала како по караницата испила повеќе таблети “дијазепам“ и “хелекс“ по што на сопругот и неколку роднини им испратила смс пораки пишувајќи дека “не може повеќе, и ќе го задуши бебето“. За својата намера преку порака на социјална мрежа Фејсбук ја известила и нејзината сестра.

“По првиот плач на новороденчето во спалната соба, И.Ј. ја поставила перницата врз неговата глава. После десеттина минути поминати на тераса, таа во собата, го забележала безживотното тело на нејзината ќерка, и веднаш се обидела да и даде вештачко дишење. Според нејзиното самопризнание, убиството, го направила во моменти на силно нервно растројство“, се наведува во сооопштението од полицијата.

Следниот ден, без да пријави во полиција за смртта на бебето или да биде повикан доктор, семејството го погребало бебето на селските гробишта.

Злоделото на мајката можеби ќе останело неоткриено, ако таа на 21-ви месецов не се обидела да си го одземе животот скокајќи од вториот кат од семејната куќа во Челопеци. По обидот со тешки повреди била пренесена во кичевската болница.

Мајката-убиец по распитот пред истражен судија е префрлена во притвор во истражниот затвор во Скопје.

Извор:точка

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 362
   RE: страшно
27.8.2012 20:06:58   
Viktori
Измама: Документот за малата Ева е фалсификуван
Македонија | 27. август 2012 - 19:33
Директорката на Детската клиника за Канал 5 потврдила дека станува збор за неверодостоен документ на кој потписот на докторката бил фалсификуван....


Страшно!!!! Да пробаш да спечалиш на болеста на своето дете!!!



_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Bububebe)
Непосредна врска до пораките: 363
   RE: страшно
27.8.2012 20:10:38   
Ikana
Па не ми се верува, како можат вака?!?!?!? И тоа под покровителство на Т Мобиле?????? Па треба сите да одговараат сега и Т Мобиле и родителите што не тераа како луди да донираме и ширеа лажни информации, наведувајќи да ја споделуваме веста и апелот за помош по сто илјади пати насекаде!!!!! И сега што????

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 364
   RE: страшно
22.9.2012 10:01:44   
Elce
Вчера изгубив една драга пријателка,една ведра и позитивна личност.Отиде на породување на закажан царски во гинекологија Чаир,здрава без никаква компликација во бременоста,и ставиле целосна анестезија и добила анафилактички шок,ја изгубиле,како можеле не ми е јасно,колку ни е труло здравствово.Мртва ја породиле,бебето женско се бори за живот на детска клиника приклучено на апарати.останало долго време без кислород.Не сакам да верувам ......не не не user posted image user posted image user posted image .
Почивај во мир,ми недостасуваш премногу user posted image user posted image user posted image .Бебенце издржи те молам,Господе спаси го,барем да му остани детето на таткото.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 365
   RE: страшно
22.9.2012 10:15:27   
sandriana RR
Ова е навистина страшно!И жално!user posted image И за жената,и за бебето. Господ да е со него, да се избори и да живее.
А за здравството ни труло-се покажа со сета гнасотија и во моето семејство во понеделникот. Брзата помош не сакаше да дојде по втор пат,да интервенира за мајка ми која изгуби свест, а 20 мин.претходно ја оставија без никаков третман-со зборови-ништо не и, е, а жената преживеа три напади на мозочни грчеви,и остана во бесознание.

(Одговор на членот Elce)
Непосредна врска до пораките: 366
   RE: страшно
22.9.2012 10:47:31   
Ikana
Uzas, ne mi se veruva...se molam bebenceto da prezivee...Gospod da mu dade sila da se izbori. Kako pocinala od anafilaktichki shok...ne li ja prashale dali ima alergii...pa zosto pobogu na carski zakazam otishla..? ahhhhh tragedija... user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 367
   RE: страшно
22.9.2012 10:57:21   
moni teo
жалноо многу жално јас како што сум тешка за плачење оваа многу ме погоди солзите сами ми претекоа жалосно само бебчето да се спаси кога веќе лекарите направиле грешка со мајката user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 368
   RE: страшно
22.9.2012 11:12:31   
Barbicki2
lele gospode boze,za greota,zamisli ja ispratile da se poraga radosni deka ke imaat bebe,i... lele zalno,solzi sami mi tecat,greska ogromna,treba da gi tuzat,c c c. Nemam zborovi,zatoa ne mi teknuva mene poveke na uste edno dete,neznam ziva dali ke izlezam od tamu.

(Одговор на членот moni teo)
Непосредна врска до пораките: 369
   RE: страшно
22.9.2012 11:20:13   
Luci
Голема трагедија Елче, прими сочувство за другарка тиuser posted image Дај Боже бебето да преживее

_____________________________

Рани куче да те лае!!!

(Одговор на членот Barbicki2)
Непосредна врска до пораките: 370
   RE: страшно
22.9.2012 11:21:46   
Calypso
Навистина страшно user posted image Бог да ја прости жената, барем бебенцето да преживее. Како можеле така бре? Ај закажан царски, ама нели со спинална анестезија е? Зошто морало општа? user posted image user posted image user posted image

И што велиш Barbicki2, дали ќе ти текне за уште едно дете кога ќе прочиташ вакво нешто... е така ти е, кога секој што стаса се запиша на медицина...

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот Barbicki2)
Непосредна врска до пораките: 371
   RE: страшно
22.9.2012 11:25:44   
Barbicki2
Ee calypso mene bebeto ke mi padnese duri odev nakaj boks zosto ne taja sestrata i se piese kafe,da ne sum napnuvala duri ne piela kafe,idiotka. Toa e,strasno,ne ne nesakam pojke deca ozbilno,zalno za zenata,mnogu tazno.

(Одговор на членот Calypso)
Непосредна врска до пораките: 372
   RE: страшно
22.9.2012 11:29:06   
belabela
Bog da ja prosti user posted image user posted image user posted image sirotka zalosno i za nea i za nejzinoto semejstvo bog neka pomogne bebenceto da ostane zivo strasna rabota tolkav neprofesionalizam nema nikade.

(Одговор на членот Barbicki2)
Непосредна врска до пораките: 373
   RE: страшно
22.9.2012 11:45:44   
Ljubovce
Of ne mi se veruva sto citam,golema tragedija,Bog da ja prosti,da se molime za maleckoto...

(Одговор на членот belabela)
Непосредна врска до пораките: 374
   RE: страшно
22.9.2012 12:01:24   
mila28
lele zalosnouser posted image Bog da ja prosti i da pomogne maleckoto da se izbori za zivot, da ne zgasnat 2 zivoti poradi medicinska greska :( bebuskata ke im dade sila na nejzinoto semejstvo da prodolzat ponataka so zivotot posle vakva tragedija.

_____________________________

Your children will become what you are; so be what you want them to be

(Одговор на членот Ljubovce)
Непосредна врска до пораките: 375
Страница:   <<   < Претходна страница  13 14 [15] 16 17   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  13 14 [15] 16 17   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?