|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  17 18 [19] 20 21   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Страшно
1.4.2013 10:41:58   
zzaa

Тројца млади штипјани загинаа во сообраќајка кај Петровец

Тројца млади штипјани загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи во неделата од периодот од 17.30 часот до 23 часот пред патарината Петровец, соопшти МВР.

Во сообраќајката што се случи на патниот правец Скопје – Велес загинаа 18-годишниот Ј.Д., 22-годишниот С.Н. и две години постариот Б.Б. кои се враќале дома накај Штип.

Младите штипјани на околу 500 метри пред патарината во Петровец ја загубиле контролата над возилото, ја пробиле заштитната ограда на патот и завршиле во каналот кој се наоѓа непосредно до автопатот.

Тројцата загинале на лице место. Извршен е увид и се утврдуваат причините за несреќата.
http://puls24.mk/makedonija/crna-hronika/21889

_____________________________

Денот кога се збогатив ... Станав мајкa
http://lpmf.lilypie.com/9ToIp2.png?PUn0FHCJ
принцеза на мама

(Одговор на членот Octavia)
Непосредна врска до пораките: 451
   RE: Страшно
1.4.2013 11:16:58   
masa
user posted image Стварно страшно.
Гледам јас слики на facebook,ама нешто како 1ви април жали за тројцата штипјани,ама неможев да најдам за што точно се работи.Во еден момент си помислив да не е некоја болна шега,ама дајбоже да беше user posted image



(Одговор на членот zzaa)
Непосредна врска до пораките: 452
   RE: Страшно
9.4.2013 8:53:48   
Luci
Со истрели од огнено оружје маж утрово уби 13 луѓе во местото Велика Иванча, сместено меѓу градовите Младеновац и Топола во Србија.
Како што јави Танјуг, 60-годишниот Љубиша Б. пукал врз луѓето во негово соседството од огнено оружје, за кое веројатно имал дозвола, и убил шест мажи, шест жени и едно новороденче.

Напаѓачот потоа стрелал и во неговата сопруга во обид да ја убие и на крајот се затрелал и себеси. Според болнички извори, убиецот и неговата сопруга се задобиле со прострелни рани и се наоѓаат во критична здравствена состојба.

На местото на трагедијата веќе се наоѓаат полициски претставници.
Извор: Прес24.мк

_____________________________

Рани куче да те лае!!!

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 453
   RE: Страшно
9.4.2013 14:23:51   
miana
Живо машко бебе фрлено во сеемен двор пред два дена беше пронајдено во скопско Арачиново.

bebeto
Бебето кое има едвај два килограма, било жртва на ѕверско и невидено човечко изживување, му бил пресечен јазикот и нанесени му се тешки телесни повреди. Психолозите и лекарите се згрозени од состојбата на бебето, велат дека е ова уште еден доказ дека човечката плодност може да биде и проклетство.

- Станува збор за машко бебе, тешко е 2.380 грама. Бебето се наоѓа во критична состојба и е ставено на апарати. Иако сум лекар, се вознемирив кога ја видов состојбата на бебето, имаше пресечен јазик и модринки на вратот што укажува дека се обиделе да го дават. И да остане живо, во овој момент никој не може да потврди каква ќе биде неговата здравствена состојба понатаму, вели Аспазија Софијанова, директорка на Kлиниката за детски болести за Дневник.

Од МВР за весникот велат дека иако многу ретко, сепак се случуваат чедоубиства, а имале првични сомневања дека злосторството го направиле родителите.

Психолозите коментираат дека чедоубиство го урива еден од највпечатливите митови на нашата цивилизација, митот за мајката.

Душко Миновски, државен советник во Министерството за труд и социјална работа вели дека по закрепнувањето, бебето најверојатно ќе оди во домот за доенчиња во Битола.

- Штом ќе се стабилизира и откако ќе се утврдат сите факти за злосторството и за неговите родители, како една од можностите е постапка за посвојување или згрижување во дом-семејство. Ќе му се даде име и ќе почне нов живот, вели Миновски за Дневник.

izvor - Kurir

(Одговор на членот Luci)
Непосредна врска до пораките: 454
   RE: Страшно
9.4.2013 14:35:53   
anaana
pred malku go procitav oci mi se nasolzija
kako mozat be???
ako ne go sakale bebeto mozele da go ostavat pred bolnica ama ne morale da go sakatat
lelele..... se rastrevoziv navistina

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 455
   RE: Страшно
9.4.2013 15:32:38   
AnnaMolly RR
Ни двегодишно дете не беше утринава поштедено во крвавиот поход на Љубиша Богдановиќ во српското село кај Младеновци.

Сите жители, но и јавноста останаа во неверување од потресниот податок дека и најмладиот член на семејството Деспотовиќ, е убиен. Станува збор за 2-годишниот син на Горан и Јована кој не беше поштеден во крвавиот поход и исто како и останатите е убиен со куршум во глава по што на лице место починал.

Крвавиот поход на Љубиша не ја заобиколил нивната куќа во која се убиени Микаило, Милена, две годишниот внук, Горан Деспотовиќ и неговата 19-годишна сопруга Јована.

Според информациите на некои српски медиуми, убиецот им бил роднина.

-Една од најстрашните глетки беше онаа кога полицијата го затекна безживотното тело на младата мајка со детето, изјавил директорот на полицијата Милорад Вељовиќ.

Според се уште неофицијалните информации, Љубиша ја застрелал сопругата во моментот кога таа ја повикувала полицијата, а пукал во себе кога ги видел полициските инспектори во својот двор.

Извор : курир.мк

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот anaana)
Непосредна врска до пораките: 456
   RE: Страшно
11.4.2013 12:23:19   
masa
Да не го копирам текстот,веќе го има на страната,но ова што го прочитав за бебето Најден,многу ме потресе.Како ли само можеле да направат такво нешто!user posted image user posted image Неможам да најдам соодветни зборови ни за тие што го сториле тоа ни за тоа што го чувствувам user posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 457
   RE: Страшно
2.5.2013 12:42:44   
Mihaela 2010
Петгодишно дете играјќи со пушка ја убило двегодишната сестра



Едно петгодишно дете од Кентаки вчера случајно ја застрелало својата двегодишна сестра додека си играло со 22- калибарска пушка која од родителите ја добило на подарок.

Полицијата соопшти дека мајката на двете деца, во времети кога се случил инцидентот се наоѓала на тремот од куќата, а откако го слушнала пукањето веднаш влегла во домот и го пронашла девојчето кое потоа е пренесено е болница.

Меѓутоа лекарите само констатирале смрт кај двегодишното девојче.

Момчето пак пушката како подарок ја добило од родителите уште минатата година и им стоела во еден агол од куќата, а по инцидентот родителите изјавиле дека не знаеле дека има куршум во цевката, јави АП.

Станува збор за помал модел на оружје, која под слоганот “Мојата прва пушка” се рекламира како оружје за деца на веб сајтот на производителот “Крикет”.


Aman bre do kaj otide svetot...greota za devojcevo ama roditelive bre puska li se kupuva...ahh nenormalen svet

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 458
   RE: Страшно
22.5.2013 14:01:33   
miana
Монструм: Си ги оставила новороденчињата во замрзнувач

Телата на две мртви новороденчиња се пронајдени во еден супермаркет во Горна Пишма во Русија, јавува РТЛ.

Полицијата набрзо уапсила една 30-годишна жена за која веруваат дека ги ставила бебињата во ладилникот. Дознале дека ова монструозно дело се случило во 2008-та година. Откако ги родила близначињата, жената ги ставила во ладилникот во нејзината куќа каде починале. Потоа ги однела мртвите тела во супермаркетот во кој работела во тоа време.

Таа изјавила дека ова дело го направила бидејќи веќе имала дете, и не сакала повеќе деца
извор-точка

user posted image

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 459
   RE: Страшно
22.5.2013 16:08:14   
kikicka
Миана бее user posted image Кај се вакви работи наоѓаш?

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 460
   RE: Страшно
22.5.2013 17:01:39   
miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka RR

Миана бее user posted image Кај се вакви работи наоѓаш?




случајноuser posted image user posted image

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 461
   RE: Страшно
23.6.2013 13:02:53   
Cipi Ripi
Вчера на мм прва братучетка ми кажа нешто многу страшно, имено пред неколку дена некој стар дедо им го киднапирал синот пред влез. Инаку живеат во близина на Зебра. Многу сум петресена и ужасната. Се случило вака: си играло детево со братучетка му и се скарале и се симнал пред влез, дошол некој дедо го фатил за рака и му рекол ќе ќутиш, да не си писнал, и фатил да го шета како да м уе дедо. Го однел нагоре на Водно, па после го однел во некоја куќа во Црниче и го оставил таму и си заминал. За тоа време отишол татко му со кола да го бара насекаде, застанал кај некои мајстор што ги градат зградиве, ги прашувал дали го виделе детето им кажал и како се вика, и среќа откога излегло детево од куќата поминал покрај мајсторите и тие го познале, го земале му се јавиле на татко му и така се добро се завршило. Човекот е пријавен во полиција и го пронашле уште следниот ден, не м убило прв пат вакво дело да направи. Жени пазете си ги децата, јас сум премногу ужасната од сето ова, бидејќи се случило на само 100 метра од мојот дом.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 462
   RE: Страшно
23.6.2013 13:10:29   
rina13
Боже мој што се случува со светот. Сега ми е јасно и зошто маалскиот живот згасна. Никој веќе од страв не го пушта детето да си игра надвор без надзор. А дедово како по обичај ќе извади црно на бело документ дека е психички растроена особа и ќе го пуштат за една година.
За вакви доживотен затвор без право на помилување.

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 463
   RE: Страшно
23.6.2013 13:11:50   
miana
Cipi Ripi mozes li da ni kazes opis na covekov ako znaes,ako ti kazaale?
Inaku jas ziveev tamu na Naroden Front vo kapistes pred da se omazam i redovno sekoj den srekavav eden covek ( dedo so bastum ) na site zeni im prefrlase nevkusni raboti koga pominuvaa,a mnogu cesto i mene mi prefrluvase. Mozno e da se raboti za ist covek a moze i ne,mada mislam deka ovoj bese star za takvo nesto. Te molam ako mozes da ni go opises covekov,sepak se dvizime tamu - mama mi zivee tamu,pa bas me isplasi,mada moive deca se seuste mali za sami da izlezat. Bog da cuva user posted image

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 464
   RE: Страшно
23.6.2013 13:15:06   
Cipi Ripi
Миана немам поима како изгледа дедото, на мое жалење пошто и мене ме тангира ептен пошто ми бил во близина, можеби и сеуште е! Нека се средат малце да не им досаѓам сега, убаво ќе се распрашам кој е. каков е. Само мислам дека нема бастун!

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 465
   RE: Страшно
23.6.2013 13:17:39   
miana
Tamu ima i eden sto spie po vlezovi,ama toj do sega bese bezopasen.. Neznam,ama zastrasuvacki e. Fala sto ja spodeli informacijata .
Neznam dali znaete deka postoi vakva strana samo ne mozam da se set__am kako bese - za manijaci,vo koja okolina se vrtat.Moze sekoj da si napise slucka i da procita kade se im e slucuvale vaki raboti na luge..Bas ke protaraskam pa ke vi stavam link .


тука може да прочитате вакви работи и да знаете во која околина има опасности од манијаци.
на гугл пишете - реагирај-биди безбедна и ке ви ја најде.


< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 23.6.2013 14:57:18 >

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 466
   RE: Страшно
23.6.2013 13:34:50   
Goddess*

ИЗВОРНА ПОРАКА: Cipi Ripi

Вчера на мм прва братучетка ми кажа нешто многу страшно, имено пред неколку дена некој стар дедо им го киднапирал синот пред влез. Инаку живеат во близина на Зебра. Многу сум петресена и ужасната. Се случило вака: си играло детево со братучетка му и се скарале и се симнал пред влез, дошол некој дедо го фатил за рака и му рекол ќе ќутиш, да не си писнал, и фатил да го шета како да м уе дедо. Го однел нагоре на Водно, па после го однел во некоја куќа во Црниче и го оставил таму и си заминал. За тоа време отишол татко му со кола да го бара насекаде, застанал кај некои мајстор што ги градат зградиве, ги прашувал дали го виделе детето им кажал и како се вика, и среќа откога излегло детево од куќата поминал покрај мајсторите и тие го познале, го земале му се јавиле на татко му и така се добро се завршило. Човекот е пријавен во полиција и го пронашле уште следниот ден, не м убило прв пат вакво дело да направи. Жени пазете си ги децата, јас сум премногу ужасната од сето ова, бидејќи се случило на само 100 метра од мојот дом.


Cipi Ripi,a doznavte li zoshto go grabnal deteto i go nosel od edno na drugo mesto???Dobro li e deteto???Grevotica malauser posted image

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 467
   RE: Страшно
23.6.2013 13:37:16   
Mihaela 2010
Strasna rabota gospode boze ,vekje covek da nema verba ni vi komsiite

(Одговор на членот Goddess*)
Непосредна врска до пораките: 468
   RE: Страшно
23.6.2013 14:25:08   
masa
Навистина страшно!!Па ако има и друг пат направено вакви работи местото му е во затвор или во некоја институција,а не да се шета и да трауматизира деца.Ова детенце сега ќе има сртав да оди некаде,и страв од непознати и којзнае дали некогаш ќе го надмине тоа!
Тоа што малите деца се навистина слатки и беспомошни особено ме плаши.Дури некогаш мислам и да не ја дотерувам ќерка ми,особено кога некој што не го познаваме ќе ја задре на улица,незнам тогаш како да реагирам.Дури сум во дилема како да ја воспитувам.Пред некое време бевме на свадба и еден чичко што прв пат го гледа ја задева,она се трга и по некое време ја зема во раце и а однесе кај него на маса.Јас додека стасав по нив ја седна на стол и и даде еден брош од невестата и она се смири.Искрено незнаев дали да го треснам со некое шише по глава.Само си го земав детето и се тргнав.На брошот многу се израдува не го даваше и да не комплицирам и го ставив,но кога стасавме дома пак разговаравме и реков дека кога непознат ќе ја земе да писка и да мава без разлика дали го знаат мама и тато или не и да не зима што и да и даваат.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 469
   RE: Страшно
29.6.2013 23:32:09   
miana
Шестмина загинати во сообраќајка

Шест лица ги загубија животите во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на патот Куманово-Крива Паланка, потврди за МИА портпаролката на СВР Куманово, Валентина Николовска.

Во несреќата кај кумановско Смилчинци настрада едно семејство од Скопје. Во автомобил марка „бмв“ со скопски регистерски таблички животот го загубија маж, жена и две деца (четиригодишно и шестгодишно дете). Телата на жената и дечињата биле целосно изгорени.

Во вториот автомобил „пасат“ со кумановски таблички животот го загубија две возрасни лица.

Николовска онформира дека несреќата се случила во 16:45 часот. По директниот судир возилата „бмв“ и „пасат“ се запалиле, а потоа експлодирале. Засега се непознати причините поради кои дошло до стравичниот судир. Полицијата врши увид на местото на сообраќајката, а екипа на судска медицина ги идентификува телата на починатите.

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 470
   RE: Страшно
15.7.2013 0:02:47   
miana
Двегодишно девојче се удави во гумен базен во српскиот град Нови Сад. Трагичната несреќа се случила откако нејзините родители дошле на гости во куќата на пријателите и додека подготвувале скара девојчето си играло во базенот.

Кога мајката дошла да го провери го пронашла безживотното тело на девојчето. Се обиделе да го реанимираат, веднаш повикале и брза помош но било предоцна. Телото веднаш било предадено на обдукција.

Во базенот немало повеќе од половина метар вода, а се' се случило за само неколку секунди. Таткото бил до скарата на два метри од базенот, а мајката влегла на кратко во куќата за да земе нешто за девојчето, но кога се вратила малата Биљана веќе не покажувала знаци на живот.

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mosa)
Непосредна врска до пораките: 471
   RE: Страшно
23.7.2013 9:53:23   
JovanaJ
Neznaev kade da pisam, pa resiv tuka. Mnogu se nataziv koga slusnav user posted image user posted image user posted image

""Директорката Софијанова која максимално се заложи за да го спаси ова бебенце, ни кажа дека ноќта во три часот меѓу сабота и недела, на Најден престанало да му чука срценцето и починал.

Бебето кое имаше едвај два килограма, било жртва на ѕверско и невидено човечко изживување, му бил пресечен јазикот и му биле нанесени тешки телесни повреди. Се опоравуваше во клиника, преживеа тешки операции и беше вистински борец.

Детското срце попушти пред два дена. Македонија го загуби Најден кој ни ги освои срцата на сите.

Нека почива во мир!""

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 472
   RE: Страшно
23.7.2013 9:59:08   
Mihaela 2010
I jas pred malku procitav,i mnogu mnogu se rastaziv...kolku samo se borese dusha malauser posted image user posted image


_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 473
   RE: Страшно
23.7.2013 10:13:30   
kapina
Neka pociv a vo mir toa angelce a I da ne se ostava taka da se najde ubiecot na taa dusicka neznam zosto gospod. Im dava deca na takvi

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 474
   RE: Страшно
23.7.2013 14:36:31   
miana
Душа мала,нека почива во мир.Го изнамачија кутрото,бел ден не виде. user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 475
Страница:   <<   < Претходна страница  17 18 [19] 20 21   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  17 18 [19] 20 21   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?