|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Полицистични јајници
24.4.2009 7:12:03   
Еца
user posted image
Синдромот на полицистични јајници е најчеста хормонска болест кај жената и најчеста причина за изостанување на овулацијата.Промената кај овие болести се цистични фоликули,менструален циклус без овулација,ретки менструации,неполодност,зголемена појава на влакна,опагање на косата,акни.
Се проценува дека  5 - 10% од жените болуваат од полицистични јајници,а со ултразвучен преглед, цисти на јајникот се наогаат и многу почесто,дури  22 do 25% од жените.

< Поракaта ја уредил Elena -- 24.4.2009 7:13:03 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Полицистични јајници
24.4.2009 7:16:22   
Еца
Еве еден интересен текст

Ајдучката трева лекува болести на матката и на јајчниците
Горчливиот ахилеин, заедно со танините и витаминот К, ја прави билката погодна за сопирање на внатрешни и надворешни крвавења

Ајдучката трева achillea millefolium) е отпорна и приспособлива билка, која е позната и како столисник. Латинскиот назив на оваа билка значи Ахилова трева со илјада листови и доаѓа од преданијата дека митскиот јунак Ахил со оваа билка ги лечел раните. Расте на суви и на умерено влажни терени, ливади, пасишта, крај шуми и патишта, на надморска височина до 1.800 метри. Добро ги поднесува и ниските и високите температури. Цвета од јуни до октомври. Главната сезона на берење е во јули и во август. Се собираат врвните делови на билката или, пак, само цветовите што се ситни и бели собрани во соцветија во облик на штит. Стебленцето на билката нема лековити својства. Билката има специфична арома и горчлив вкус. Горчливиот вкус доаѓа од горката материја ахилеин. Оваа билка содржи и многу танини, провитамин А, витамин К, калиум, флавоноиди, инулин и етерско масло богато со пинен, цинеол и хамазулен. Колку е етерското масло побогато со хамазулен толку бојата му е поинтензивно сина. Хамазуленот е многу ценета состојка на скапите кремови и масла за сончање. Дејствува против воспаленија на слузокожа и кожа.

Етерското масло од ајдучката трева е ефикасно против гасови во цревата и против болки и грчеви во стомакот. Цинеолот од етерското масло ги уништува патогените микроорганизми и се употребува како антихелминтик (против цревни паразити). Поради танините што стегаат и етерското масло, кое влијае антисептично и антивоспалително, ајдучката трева се препорачува против дијареа, колит, воспалени хемороиди и други цревни заболувања. Од истите причини се употребува против воспалени слузници на усната шуплина, грлото, при фарингит и ларингит. Горчливиот ахилеин, заедно со танините и витаминот К, ја прават билката погодна за сопирање на внатрешни и надворешни крвавења. Ајдучката трева ја зајакнува мускулатурата на матката и ја нормализира обилната меструација. Забележана е голема ефикасност при лечење на болна менструација. Третманот треба да се почне една седмица пред менструација со правење топли бањи од ајдучка трева и длабоко плакнење на вагината со чај од ајдучка трева. Истовремено се препорачува и пиење екстракти од ајдучка трева. Екстрактите од ајдучка трева се делотворни и при цисти и воспаление на јајчници, миоми на матка и ендометриоза. Поради диуретичното дејство (поттикнување на мокрењето) и богатството во минерали (пред се калиум), ајдучката трева се применува за лекување на бубрежните заболувања. Како добар диуретик, таа го елиминира вишокот течности во организмот, поради што е корисна и при срцеви тегоби, особено против проблеми со циркулацијата (зголемен крвен притисок, ангина пекторис, срцеви отоци). Се препорачува и во климактериум бидејќи ги ублажува тегобите, продолжените крвавења и помага за намалување на потењето.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Полицистични јајници
24.4.2009 23:22:52   
Lilipop
malku e OT (off topic) ama mene mi rekoa da pijam caj mesavina od ajducka treva, neven i kopriva, 40 dena po 1 ipol litar na den. toa bilo dobro za normaliziranje na funkcijata na jajnicite, za polipi na matkata i endometrioza. a bidejki jas imam 2 od 3 :), pocnav da pijam od pred 3 dena, pa ke vi javam dali mi pomognalo ili ne.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Полицистични јајници
25.4.2009 6:58:42   
Еца
Се надеваме на добри вести Лилипоп,што побрзо да ни јавиш дека ти помогнал чајот!

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Lilipop)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Полицистични јајници
6.5.2009 22:23:50   
delfinka
mene mi rekoa deka imam policisticni jajnici no licno neveruvam vo toa bidejki nikogas ne sum imala problem so istite,nitu pak na eho pokaza nekakov problem

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Полицистични јајници
13.6.2009 17:46:06   
hristijana
mu pomognala nanekoja od vas ajduckata treva nevenot i koprivata za polucisticni jajnici?

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Полицистични јајници
8.7.2009 14:19:08   
Dimitrina
Синдромот на полицистични јајници POS_Policistic Ovarian Syndrome е едно од честите хормонални пореметувања кај голем број жени во репродуктивната фаза (има цели студии и што се не на интернет, главно на англиски и хрватски јазик). Ваква дијагноза имав и јас и патем речено, се додека не се обидов да станам родител, истата воопшто не ме загрижуваше. Имено, познавав многу жени и девојки кои имаа ваква дијагноза, кои без никаков проблем станаа мајки, но тоа не беше случај со мене. Не можам да кажам дека имав долгогодишно искуство и долгогодишни обиди да забременам, но секако периодот од 2 години (обидувајќи се да станам мајка) за мене воопшто и не беше краток период.
Важно е дека УСПЕАВ, сега сум мајка на 11 месечно бебе, ќеркичка и мислам дека секоја секунда потрошена на обидот да станам нејзиното величество MOTHER, мислам дека вредеше за секој мој обид. И тоа замислете, како она од приказните, верував во чуда и чудото се случи- останав бремена по природен пат (без никакви IVF протоколи) и сл.
Имав многу безуспешни обиди да забременам во текот на 1 година од бракот, потоа уште една година бев подложена на разни протоколи за забременување (кломифени, пурегони, прегнили и сл), имаше овулација по вештачки пат, но бебе немашеuser posted image .
Потоа, јас работата ја зедов во свои раце, консултирајќи разни студии на Интернет, разни форуми и сл. и почнав (скоро целосно на своја рака) да пијам МЕТФОРМИН (лек за дијабетис тип II, иако јас не сум дијабетичар) кој ми помогна да си ги вратам овулаторните циклуси, и по 6 месеци пауза со секакви лекови (исклучиво метформин, намалување на телесната тежина за цели 10кг и пиење на чај ВРКУТА или МАЦИНА ТРАВА) јас останав бремена и ја имав најлесната бременост на свет и го родив моето најмило детенце.
Па, затоа драги пријателки, доколку на некоја од вас и треба било каков совет во врска со неплодноста поврзана со овој синдром РОЅ, би била повеке од срекна да ви помогнам.
Кога на свет ке донесете едно бебе, user posted image се друго низ што сме поминале се заборава.
Поздрав до сите, се надевам дека како нов член не бев предолга и презаморна.
Димитрина


< Поракaта ја уредил Julie -- 8.7.2009 14:49:03 >

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Полицистични јајници
8.7.2009 14:34:04   
mami
Димитрина, добредојде во нашето се поголемо семејствоuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image за твојата упорност во достигнување на најпосакуваната цел за многу идни мамички овде...Читам за ова што си го направила и ме интересира- кој ти кажа дека треба да пиеш Метформин? со кого се консултираше? сигурно не си го пиша сама на рецепта?user posted image user posted image user posted image би било супер ако можеш да им помогнеш на мамичките кои го имаат овој проблем

(Одговор на членот Dimitrina)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Полицистични јајници
9.7.2009 14:23:36   
Dimitrina
Helloooo,
Баш убаво што некој го виде мојот пост.
Што се однесува до метформинот, јас сама, барајќи многу сајтови за ПОС синдромот, читав дека добар ефект има и овој медикамент (Метформин-Глукофаж ) бидејќи ги синтетизира одредените хормони (андрогените-машки хормони) и придонесува за појава на овулаторни циклуси кај оние што редовно имаат ановулаторни циклуси.
Значи, пред да направам било што на своја рака, јас нормално, во консултација со мојот гинеколог, ги направив сите можни испитувања (иако сите ми се смееја дека треба да чекам барем една-две години).
Значи приказната беше ваква:
- Испитувања на хормоналниот статус на 3, 15 и 21 ден од мензис= малку покачен тестостерон и намален прогестерон (индикации дека станува збор за ановулаторни циклуси, и тоа не секогаш)
- Спермограм- кај сопругот се беше ок
-Почнат протокол со кломифен (кој треба да предизвика овулација) и следење на растот на фолекулите= со секоја доза на кломифен (и тоа најмала) јас имав овулација, но бебе немаше.
- Два циклуса под терапија со пурегон (малку појаки хормонални лекарства)= Овулација +, бебе-
- Испитување на проодноста на јајцеводите- се е ОК
На мојот доктор му спомнав дека сум читала по интернет или по формуми за Метформинот, но тој некако беше не баш среќен за оваа идеја и ми рече да отфрлам стрес и дека здравје боже за некои 6-7 месеци да се обидам со вештачко оплодување.
Потоа правев четири месеци пауза, почнав да водам малку поздрав живот и да ги пијам метформинот на своја рака (ми ги препишуваше општиот матичен доктор), одат на рецепта и чинат околу 20 ден (што е ништо во споредба со стотиците евра кои ги дадов за пурегоните и сл. препарати).
Она што беше најважно, решив работата да ја земам во свои раце и успеав (се разбира и со помош на Бога- верував и успеав).
Имате повеќе информации како што кажав на roda forum, mame i bebe formum.
Ако имате било што да прашате, тука сум
Поздрав и со среќаuser posted image


(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Полицистични јајници
9.7.2009 14:29:48   
mami
значи скоро редовно излегува дека ке се излечиш со нешто од 20 ден а ке фрлиш во вода 10000000000ден. Мило ми е што си била истрајна во намерата и си пробала, не за џабе викаат дека маката ке го натераи научи човекот на се, па дури и доктор ке го направи. Па девојки кои пробувате, распрашајте се кај своите гинеколози за Метформинот, можеби токму тој ке ви помогне

(Одговор на членот Dimitrina)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Полицистични јајници
9.7.2009 14:56:04   
milijana
Pozz do Lilitop..go citav nejziniot tekst..i mislam deka i jas piev takva mesavina..samo sto jas piev (ajducka trava, kopriva, neven i + kantarion ) sekoj den po tri soli caj(skoro eden litar) za eden mesec, koga otidov na lekar-ginekolog moj maticen, bese zacuden, kako toa jas nemam veke nisto.Mu kazav sto piev, pa kao..dobro..ama medicinata sepak preporacuvala operacija za trajno otklonuvanje na cistite..arno ama eve i po 6 meseci..toj seuste se cudi kako toa samo za eden mesec se cisti se okolu jajnikot i toj normalno si raboti>Pozz devojki..samo napred..borbata e taa..user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Полицистични јајници
9.7.2009 22:31:34   
Еца
user posted image Димитрина, мила браво за твојата упорност.Навистина постовите ти се преубави, и добро е што толку многу се трудиш да објасниш околу овој проблем. Големо благодарам, и се надевам на почеста дружба.Навистина секој од нас носи нешто што може многу да помогне на друг преку разменување искуства.user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот milijana)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Полицистични јајници
9.7.2009 22:45:37   
biljanaM
Девојки може едно глупаво прашање, полицистични јајници е исто што и циста на јајникот или....?

_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Полицистични јајници
12.8.2009 19:00:53   
milijana
Poz do site.Mozete da piete i lepavec(lepka) za samo eden mesec..odlicni rezultati. Se pie tri solji dnevno bez seker.Se vari po 1 l i se pie.mnogu e zdrava se cisti se od organizmot(najmnogu cisti)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Полицистични јајници
9.9.2009 17:38:49   
sandra83
deneksa na lekar mi otkrija deka imam policisticni janici i deka poradi toa nemozam da ostanam bremena,moze li nekoj da mi kaze sto da pravam i mi dadoa terapija dobreston i klomifen zaedno pozz mnogu sum zagrizena ginekologot ne mi objasni nisto za toa samo mi vika nisto strasno ne e se leci.

(Одговор на членот milijana)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Полицистични јајници
29.11.2009 18:05:21   
profesorica
СИМПТОМИ НА СИНДРОМОТ НА ПОЛИЦИСТИЧНИ ЈАЈНИЦИ ИЛИ ПЦОС
Жените со синдром на полицистични јајници имаат барем неколку од следниве симптоми:
  • Нередовна менсруација. Ова е најчестиот симптом. Менструацијата се јавува на растојанија поголеми од 35 дена, често пати може да изостане со месеци. Нередовните менструации можат да се јават од пубертетските денови или пак да започнат после зголемувањето на телесната тежина.
  • Зголемено ниво на машки хормони, што од своја страна предизвикува: зголемена влакнавост, опаѓање на косата, акни и сл. Но не сите жени со ПЦОС ги имаат изразено овие симптоми.
  • Односот на лутеинизирачкиот хормон (LH) и фолукулостимулирачкиот (FSH) е 2-3 пати поголем во корист на LH.
  • Зголемени јајници со многубројни цисти. Оваа појава може да се забележи на ултразвук. Но има жени кои имаат јајници со оваков изглед, а го немаат синдромот на полицистични јајници. Исто така има жени со ПЦОС кои немаат овакви јајници.
  • Неплодност. Често пати кај жените со ПЦОС има отсуство на овулација, односно не созреваат јајце клетките.
  • Прекумерна телесна тежина.
  • Темни флеки на кожата на вратот, под мишките, на внатрешноста на бедрата, под градите и на вулвата.
  • Дијабетес тип 2 или пред дијабетес. Се карактеризира со неспособност на организмот добро да го искористува инсулинот, односно во организмот постои нечувствителност на инсулин. Уште е наречен скриен дијабетис или нарушена способност на организмот за толеранција на глукоза. Во нормални случаи кога има вишок на шеќер во организмот, инсулинот прави тој да се складира. Со тоа нивото на шеќер се одржува исто. Кај дијабетис тип 2 ова функција е нарушена и нивото на шеќер во крвта после оброкот значително расте. Се испитува со тест на толеранција на глукоза.
  • Висок крвен притисок.
ПОСТАВУВАЊЕ НА ДИЈАГНОЗА

За поставување на оваква дијагноза е потребно да се проучат клиничките симптоми кај жената, да се направаи ултразвучен преглед, како и лабораториска анализа на хормоните. Можат да се направат и дополнителни тестови за толеранција на глукоза и присуство на маснотии во крвта. Раната дијагноза е од голема важност за да се спречат подоцните компликации како: дијабетис или срцеви заболувања. ЛЕКУВАЊЕ НА СИНДРОМ НА ПОЛИЦИСТИЧНИ ЈАЈНИЦИ
Лекувањето на жените со ПЦОС се состои во лечење на конкретните проблеми. На пример се превземаат мерки ако се работи за неплодност, се земаат други лекарства ако се работи за акни ит.н. Долгорочно многу е важно да се намали ризикот за: висок крвен притисок, висок холестерол во крвта, срцеви заболувања, зголемена телесна тежина и дијабетис.

Медикаменти за регулирање на менструалниот циклус:

Контрацепција. Ако не се обидувате да останете бремени, докторот може да Ви препише контрацептивни медикаменти. На овој начин се намалува количината на машките хормони, а се намалува и ефектот од преголемото количество на естрогени. Ова ќе ги намали шансите за појава на ендометријален рак или ненормални крварења.

Прогестерон.
Алтернативен метод е да земате прогестерон (најчесто Дабростон или Примолут Нор) во втората половина од циклусот, секој месец. Ова ја регулира менструацијата и ги намалува шансите за ендометријален рак, но не го намалува нивото на машките хормони.

Третмани за постигнување бременост:
За да забремените потребно е да се постигне овулација. Често пати овулација се постигнува со користење на Кломифен. Кломифенот е хормонален препарат, кој се зема 5 дена во првата половнина од циклусот, најчесто од 5-9 ден или од 3-7 ден. Ако лекарот увиди дека не се постигнува овулацијата, може да Ви препише и Метформин. Кај повеќето жени е ефикасна терапијата со Кломифен или комбинацијата со Метформин. Ако не се успее и на овој начин, се даваат гонадотропини во вид на инекции.

Доколку не се успее да се предизвика овулација со медикаменти, се прави т.н. дренажа на јајниците. Тоа се изведува со лапароскопска операција, при која се прават убоди со струја или ласер, на површината на фоликулите на јајниците. На овој начин се уништуваат делови од јајниците, но се овозможува овулацијата. Успешноста на операцијата е поголема кај жени, кои телесната тежина претходно ја довеле во нормала.
Медикаменти за тип 2 дијабетис:

Често се употребува метформинот, за кој исто е утврдено дека после неколку месечна редовна употреба, позитивно влијае и врз овулацијата,.

ЗДРАВ НАЧИН НА ЖИВОТ
Од примарна важност при третирањето на ПЦОС е водење на здрав начин на живот:
  • Редовно вежбање. Често пати редовното вежбање е единствен начин кај жените со ПЦОС, за справување со нетолеранцијата на гликоза. Со вежбањето доаѓа до искористување на вишокот шеќер во крвта. Колку повеќе вежбате, толку подобро.
  • Намалување на телесната тежина. Одржувањето на нормална тежина, често пати е најсигурен начин за да се избегнат другите симптоми на ПЦОС. Често пати жените со преголема телесна тежина ако ослабат, повторно може да ја повратат овулацијата или да се ублажат другите симптоми. Зголемената телесна тежина може да биде одлучувачки фактор и за појава на дијабетис тип 2.
  • Јадете интегрални житарки, мешункасти растенија, кафеав ориз, многу зеленчук, овошје и друга храна богата со растителни влакна. Колку побавно храната се преработува во желудникот, толку побавно се зголемува и концентрацијата на шеќери во крвта, што е многу важно заради опасноста од дијабетес.
  • Избегнувајте едноставни шеќери како: слатки, газирани сокови, премногу овошни сокови и сл.
  • Избегнувајте храна богата со маснотии.
  • Доколку пушите, престанете.
  • Исфрлете го алкохолот.
  • Не заборавете ги редовните лекарски контроли, на тој начин можете да спречите многу од можните компликации кај ПЦОС.


< Поракaта ја уредил Еца -- 22.12.2009 16:11:36 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот sandra83)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Полицистични јајници
30.11.2009 10:51:42   
ZLATICKO
zdravo dimitrina.i jas pocnav da go  pijam metforminot,me zagrizuva toa deka se za seker,a seker nemam,da ne dojde do disbalans na sekerot,i kako ti reagiraa apcinjata.te molam odgovorimi,pozdrav

(Одговор на членот Dimitrina)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Полицистични јајници
22.12.2009 16:10:13   
Еца
Полицистични јајници доаѓа од изгледот на јајниците кај некои жени кои го имаат овој синдром – големи или нормални јајници со многу мали цисти. Точната причина за појавата на полицистичните јајници не е позната, но се знае дека овој синдром е една од најчестите причини за неплодност кај жените. Околу 5% од жените во светот го имаат синдромот на полицистични јајници. Раното откривање и лекувањето на симптомите, може да го намалат ризикот од појава на други компликации како дијабетес и заболувања на срцето.

Кај жените кои го имаат овој синдром најчесто се појавуваат неколку од многуте симптоми и знаци.
'-Нередовна менструација.
Тоа е најчестата карактеристика. Нередовна менструација значи менструален циклус кој се појавува на интервали подолги од 35 дена или се појавува само неколку пати во годината. Овој симптом може да се појави уште во пубертетот, но и подоцна по нагло зголемување на телесната тежина.
-Последици од зголемено присуство на андрогени.
Зголеменото ниво на машки хормони, резултира со физички видливи знаци како:
*зголемена влакнетост на лицето, градите, стомакот, грбот, горниот дел на рацете и нозете;
*акни;
*проретчување на косата.
-Дебелина.
Проценето е дека околу половината од жените кои го имаат синдромот на полицистични јајници, имаат и прекумерна телесна тежина.
-Неплодност.
Синдромот на полицистични јајници е една од најчестите, ако не и најчестата причина за неплодноста кај жените.
-Кожни израстоци.
Жените кои го имаат овој синдром, многу често имаат мали кожни израстоци (со иста боја како кожата) на вратот или под мишките.
-Други последици
кои можат да се појават кај жените со синдром на полицистични јајници се:
*висок крвен притисок;
*високо ниво на холестерол;
*кардиоваскуларни проблеми;
*депресија.

Јајниците ги лачат женските хормони естроген и прогестерон и некои андрогени т.е. машки хормони. Кога во телото е присутен синдромот на полицистични јајници, нивото на андрогени се зголемува, овулацијата се случува поретко од нормалното или воопшто не се случува и менструалниот циклус станува нередовен.

Експертите сè уште не ја знаат точната причина која ги предизвикува овие проблеми, но истражувањата покажуваат дека високото ниво на инсулин, може да го забрза производството на андрогени од јајниците. Истражувањата покажуваат уште и дека оваа појава кај жените може да биде наследна. Синдромот на полицистични јајници не е заразен.

Раната дијагноза и лекување на синдромот на полицистични јајници може да ви помогне да го намалите ризикот од развивање на дополнителни компликации како дијабетес и срцеви болести. Консултирајте се со вашиот доктор ако имате нередовна менструација, зголемена влакнетост на лицето, зголемена тежина и акне. Најверојатно ќе бидете упатени кон специјалист за хормонско нарушување – ендокринолог. Не постои одреден тест кој можете да го направите и кој да ви даде позитивен или негативен одговор дали го имате овој синдром. Докторот специјалист ја прави дијагнозата откако ќе ги земе во предвид сите симптоми и резултатите од ултразвукот и тестовите на крвта. Со тестовите за крвта се измеруваат нивоата на хормоните, а со ултразвукот може да се видат јајниците и образуваните по нив цисти.

Лекувањето на синдромот на полицистични јајници главно треба да се фокусира кон елиминирање на оние симптоми, кои се најголем проблем за жената – неплодноста, влакнетоста, анките или дебелината. Ако не се обидувате да останете бремена, вашиот доктор може да ви припише контрацептивни таблети кои се комбинација од синтетички естроген и прогестерон. Тие го намалуваат нивото на андрогени во телото. Исто така можно е вашиот доктор да ви препише Метформин, лек за дијабетес тип 2, кој го намалува нивото на инсулин во крвта. Ако сакате да забременеете, вашето лекување треба да биде насочено кон предизвикување на овулација. Вашиот доктор може да ве насочи кон терапија со Кломифен или Метформин.

Многу важно е и да ја одржувате вашата телесна тежина. Дебелината влијае лошо на вашето здравје на многу начини, дури и на вашата способност да останете бремена. Проблемот со зголемената влакнетост можете да го решите на различен начин – бричење; депилација со крем, восок или депилатор или отстранување на влакната со помош на ласер и сл. Многу е важно да не започнувате лекување на своја рака. Ако забележите неколку од посочените симптоми, консултирајте се со доктор, кој ќе го избере најдобриот метод за лекување за вас.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот ZLATICKO)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Полицистични јајници
17.1.2010 18:09:36   
none
dobro koj se simptomite na policisticni jajnici i kako se otkriva toa.dali toa e razlog da ne moze da se zabremeniuser posted image user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Полицистични јајници
17.1.2010 19:31:37   
iki82
Здраво none, еве јас имам полицистични јајници и негде од кај 21 година немам редовни менструации (во смисла некогаш добиваш секој месец, некогаш ти касни по еден, два, а на некого и по повеќе месеци).
Полицистичните јајници се откриваат многу лесно со ехо преглед, со оглед на тоа дека се гледаат мали цисти околу целиот јајник. Така да ако до сега ти правеле ехо прегледи(а сигурно ти правеле) докторот би открил дали се работи за полицистични јајници или не. Вакви јајници се една од причините за неплодност кај жената, бидејќи немаш редовно овулација, но не во смисла никогаш да не можеш да имаш деца, меѓутоа се лечи со хормонска терапија односно првио лек што се дава е кломифенот. Но, има и жени кои со овие јајници успеала природно да забременат. Така да ако се работи за овој симптом кај тебе мислам дека до сега би го откриле на ехо. Поздрав

(Одговор на членот none)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Полицистични јајници
18.1.2010 8:28:32   
none
blagodaram za odgovorot no nemam znaci policisticni jajnici zatoa sto tocno lekarot bi mi kazal i imam redovni menstruacii itn .blagodaram uste ednasuser posted image user posted image

(Одговор на членот iki82)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Полицистични јајници
18.1.2010 8:39:04   
arh_diz
None za da se uveris deka e taka mozes na sledniot pregled da mu kazes na gonekologot da te pregleda i ke si bides sigurna
Sto napravi sakase da ispituvas proodnost na jajnicite

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот none)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Полицистични јајници
18.1.2010 9:25:44   
none
prvo mm treba da odi za spermogram pa odam i jas za kanalite,kako si ti so bremenosta se nadevam srekno i relaksiranouser posted image user posted image

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Полицистични јајници
18.1.2010 9:33:51   
arh_diz
Dobra sum zasega none. No vie nekako mnogu odlozuvate so ispituvanjata

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот none)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Полицистични јајници
18.1.2010 17:22:46   
vezilka RR
што се однесува до полицистичните јајници не значи дека циклусот ќе ти прерипува некој месец Јас имам полицистични јајници и имам секој месец циклус, но ми доцни неколку дена, до 7 најмногу. Но, полицистични јајници значи дека нема секој месец овулација и затоа се индуцира овулација со кломифенска или некоја друга хормонска терапија. И твојот гинеколог сигурно знае тоа, бидејќи на ехо тоа досега го видел.. :)

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?