RE: Колешки од работа (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


mommy_angels RR -> RE: Колешки од работа (1.12.2013 23:14:22)

Новите колешки,хм [sm=zmeden2.gif] интересни
Си имаат обичај да се бакнуваат на идење и доаѓање,знаете како во тинејџерски денови што правевме,ама јас тоа не правам . Некако ми е премногу лицемерно. Демек сите се сакаме, а всушност тапкајќи се порамо,бараат погодно место за заривање нож во грб. Затоа со колеги само службено и по некоја шега од време на време. Премногу убавина не е на арно




mommy_angels RR -> RE: Колешки од работа (24.2.2014 8:32:56)

Еве ме мене повторно овде,ама морав да си кажам.Во целина веќе се навикнав на колешките ,а и тие на мене(и да ,уште не ги љубам на доаѓање и одење [sm=smiley36.gif]).Туку сакав да си се пожалам,леле луѓе едната(таа со која сум по цела смена) е комплетен БУКВАЛИСТ.Значи ме вади од такт барем три пати дневно.Незнам со неа дали да се смеам или да си молчам цело време.Значи на секој мој збор после тоа следи цела дискусија со објаснување и дообјаснување што сум мислела.Се сметам дека сум човек што се шали и поднесува шала на своја сметка,ама оваа ништо од тоа не разбира.Понекогаш ми иде да си ја [sm=zz_banghead.gif] оти ужасно многу ме изморува.Еве последен разговор пример,ми вика гледај кажи ме за ова(а само да ви кажам се работеше за толку банална работа што и самиот директор нема да го зачеша уво).И сега затоа што од овие муабети ми е веќе преку к** и реков,ако јас кажував се ,до сега ќе бев кај директорите.И подобро да си молчев [sm=zz_mad1.png].Е сега следеше натегање,објаснување дека само карикирам,дека само сакав да кажам дека досега во мој живот ако бев тој тип на човек ќе бев до некој директор,а не овде кај што сум итн итн . Значи ме фаќа лудило [sm=zz_stomp.gif] Се контролирав многу време ама ми пукна филм и и кажав дека веќе само сериозно и службено со неа зашто поинаку со буквалист не знам да функционирам .Женава изгледа си има мака со мажот ,па си има хронична потреба да се објаснува кој е во право,ама и карактер си е тоа.Ме изморува повеќе од 200 други луѓе кои ќе поминат на работа.
Ете така си ја кажав маката [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
А да и постојано го споменува директорот за која било работа,од типот "леле учителката ќе не кара"
Не знам дали да се смеам или да плачам




Mila mamicka -> RE: Колешки од работа (8.7.2014 12:02:37)

Колешките од работа ми се супер. Па богами и колегите. Имаме некое друштво од 15 тина луѓе, и односот помеѓу нас е супер. Се дружиме и надвор од работа, на разни седенки, ручеци и сл. Имам 2-3 колешки, со кои најмногу се дружам, со мали дечиња како и јас, и имаме теми за муабет. Во фирмата владее некоја опуштена атмосфера, каде што секој си ја гледа својата работа, и никој не мисли да му забие нож во грб на колега. Така да, од тој аспект не треба да внимавам цело време што да кажам пред колегите, а тоа подоцна да биде искористено против мене.




Mihaela 2010 -> RE: Колешки од работа (25.9.2014 15:26:11)

Denovive nemozam da gi podnesam....se samo nesto se suskaat, kako da umrel nekoj...ih kaj me kazni gospod so takvi kako niv[sm=zz_timebomb.gif][sm=zz_banghead.gif]




Snowhite RR -> RE: Колешки од работа (28.9.2014 12:43:53)

Ех моментално ми е болна тема и колегата и колешката откажаа од работа, колешакта уште во август, а по еден месец и колегата и така јас сега сум сама в канцеларија и стварно ми е мноогу досадно, немам кафе со кој да пијам, муабет малку да направам, а башка и пред да откажат почесто бев пак сама во смена, зашто се тие некако беа втора смена или слободни или одмор така од Јули некаде па еве до сега сум сама во смена и уште малку ако не вработи некого не можам да издржам повеќе.




Felly RR -> RE: Колешки од работа (28.9.2014 13:23:12)

Ние сме многу колеги на работа, и главно со сите се согласувам добро. Ама оваа година, за прв пат имав таква ситуација со една колешка - на секое да се договараме за едно исто, јас и објаснувам како може, и таа се согласува, за наредниот пат пак да ме праша „сега ова како вака, не може“ па пак да и објаснувам зошто мора така, и на крај кога ми се смачи од објаснување, и попуштив да биде по нејзино, па сама нека види дека така не одговара. [sm=smiley29.gif]




kapina -> RE: Колешки од работа (28.9.2014 15:15:52)

So site se imam taka vo lanecot sto sme 20 dusi samo so edna ne taa so site se ispokara I nikoj ne se ima so nea




Dilina -> RE: Колешки од работа (29.9.2014 0:18:58)

Многу сме на работа, и стално врие и врие, тензија има насекаде, никој со никој не се поднесува, едни си доаѓаат други си одат, а јас си седам и си посматрам.... и си велам дали јас сум будала што седам во фирмава или сите што доаѓаат и си одат... така да немам некои посебни односи со колеги колешки, гледам да се дистанцирам најмногу што можам, зошто сум човек кој сака да научи и да даде се што знае за корист на фирмата, а од страна на колегите бев само изманипулирана и искористена, така да реков НЕ на пријателство со колеги и така....




scared RR -> RE: Колешки од работа (30.11.2014 18:06:46)

Работев со две колешки, и со двете стоевме добро, сеуште одржуваме контакт ама не сме ниту сме биле претерано блиски [sm=smiley1.gif]




blond -> RE: Колешки од работа (30.11.2014 18:22:19)

Na ista rabotna pozicija kako mene imam dve koleski, ama po dolgi peripetija i so dvete ne komuniciram NIKAKO.
Ednata od prosta poprosta, zad grb ja slusnav kako zboruva sve i svasta za mojot privaten zivot, kako ona ne mozela da me podnese, a pola chas pred toa mi se doveruvase mene. So drugata ne zboruvam bidejki lani septemvri, oktomvri i noemvri mali mnogu se razboluvase, i cesto ostanuvav na boleduvanje. E pa ona se drznala (iako ne mi e pretpostavena) da proveruva dali sum navistina vo bolnica so maliot (patem rabotata mi e vo drug grad, pa ona specijalno dosla vo gradotg kaj sto ziveam za da proveri). Barem da dosla i na poseta, koga veke proveruvala.
Taka da sega sum raat, oni dve se druzat, jas na strana epten mi e ubavo. Ne se zamaram so prosti zeni.

A inaku prvata koleska, koga go imav spontaniot pred 8 meseci zborela deka taka sum jas zasluzuvala, ako mi bilo sto sum imala spontan [sm=zmeden.gif] . Toa go zbori zena sto ima rodeno dete!
Imam roman da napisam [sm=jezicek.gif]

Ama spored niv dvete, jas sum negativecot na rabota, jas sum lepoticata od selo (kako sto oni obicaat da me narekuvaat) i jas sum sakala niv dve da gi skaram.
Nitu se zamaram sto pravat oni dve, ni me interesira. Dve otrovni zmii, ke se vijat, vijat, vijat pa koga ke se zavijat dvete, interesno ke bide [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]



A poveketo kolegi mi se super, odlicno stojam so site. Imam nekolku sto se druzam i nadvor od rabota.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]