Mila mamicka -> RE: Книги за деца (15.8.2014 10:13:33)
|
Јас сум голем љубител на книгите, обожавам да читам и затоа сакам и моите деца да ги научам да ги сакаат книгите. Син ми, кој сега има 28 месеци, својата прва сликовница ја доби на 6 месеци. Уште тогаш многу ја сакаше, и јас постојано му ја читав. Досега, направивме добра збирка на книги и сликовници, и тој покажува голем интерес за нив. Има збирка сказни од Андерсен, кои се ставени во музичка кутија, и него му се многу интересни, има од музичките на Просветно дело за возилата, имаме и од најмалите од Просветно дело, и тие ги сака многу. Досега, скоро 90% од книгите и сликовниците ги добиваме како подароци од најблиските, и не доаѓа ред јас да одам и да му одберам некоја. А сега сакам да му купам некоја енциколпедија за негова возраст од Просветно дело. Сметам и дека кога бираме подарок за некој роденден, треба наместо играчка, да се купува книга, затоа што децата треба да си го развиваат интелектот уште од мали нозе со помош на деткските книги.
|
|
|
|