Премиерот Груевски го посети Домот ... (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Посвојување, згрижувачки семејства



Порака


agnes77 -> Премиерот Груевски го посети Домот ... (27.12.2010 10:59:51)



Премиерот Груевски го посети Домот за деца без родители „11 Октомври“ - Скопје

 
Скопје, 19 декември 2010 (МИА) - Премиерот Никола Груевски денеска го посети Домот за деца без родители „11 Октомври“, каде донираше новогодишни пакетчиња и компјутери.

Оваа институција ќе добие и 10.000 евра, кои Груевски ги доби како отштета од судскиот спор за клеветите изнесени од Фрчковски за „Окта“. Вкупната отштета изнесуваше 30.000 евра. Покрај Домот за деца без родители „11 Октомври“ по 10.000 евра ќе добијат и Центарот за деца со церебрална парализа и Домот за доенчиња во Битола.

- Парите што годинава ни ги даде премиерот Груевски ќе ги насочиме за реновирање на девет кујни и за нов начин на организација на нашата работа во оваа установа, со што ќе имаме девет воспитни групи, рече Оливера Јовиќевиќ, раководител на служба во Домот за деца без родители „11 Октомври“- Скопје.
Таа истакна дека се задоволни од Владата и од Министерството за труд и социјална политика и од нивната грижа за Домот и за децата-штитеници и додаде оти со поддршка на премиерот Груевски во нивната институција се поставени нови прозорци и врати, а се реновирани и бањите.

Децата во Домот, како што потенцираше, имаат добри услови за живот, одат на одмори, на зимување  и на патување.

Покрај премиерот Груевски, децата ги посетија и министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Гордана Јанкуловска и Џељаљ Бајрами и заменик-министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
Заменик-министерот Ристовски изјави дека Владата и ресорното Министерство покажуваат и докажуваат оти овие деца се во центарот на нивното внимание.

- Грижата за овие деца ќе продолжи и понатаму да биде наш приоритет. Квалитетот на нивната заштита и грижа е поголем кога премиерот е заинтересиран и директно помага со свој личен пример во подобрување на животот на овие деца. Ова денеска е само потврда на она што значи начин на работа и начин на грижа за децата кои се без родителска грижа, рече Ристовски.

Во Домот за деца без родители „11 Октомври“- Скопје во моментов има 59 деца од шестгодишна до 18-годишна возраст. мд/лѓ/16:24

[image]http://www.shrani.si/f/i/2L/39hI8l0T/fb45dca8-8d1f-4706-aa5e-.jpg[/image]




Julie1 -> RE: Премиерот Груевски го посети Домот ... (27.12.2010 11:20:11)

немам коментар....

за пофалба се донациите, но зошто толкав е бројот на деца во домот 11. Октомври и домот за доенчиња во Битола... зарем не треба тоа да биде приоритет децата да се со родители кои сами ке ги носат на одмор и ке им купуваат пакетчиња....

во секој случај браво благодарение на Фрчко кој кажал лош збор сега домот ќе добие 10.000 евра ах како осмислени работи [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




agnes77 -> RE: Премиерот Груевски го посети Домот ... (27.12.2010 14:09:44)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie

... зарем не треба тоа да биде приоритет децата да се со родители кои сами ке ги носат на одмор и ке им купуваат пакетчиња....




"Квалитетот на нивната заштита и грижа е поголем кога премиерот е заинтересиран и директно помага со свој личен пример во подобрување на животот на овие деца. Ова денеска е само потврда на она што значи начин на работа и начин на грижа за децата кои се без родителска грижа, рече Ристовски." 

 
Јулие, можеби премиерот ќе се заинтересира за посвојување ... зато што знае за наше чекање и можеби да се заинтересира и директно помага (јас го молам за помош во ноември ...)




mama26 -> RE: Премиерот Груевски го посети Домот ... (27.12.2010 14:23:36)




Децата во Домот, како што потенцираше, имаат добри услови за живот, одат на одмори, на зимување  и на патување.


[/quote]HM  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] greota ,




Џесика -> RE: Премиерот Груевски го посети Домот ... (27.12.2010 14:52:30)

Јас само ќе кажам едно големо [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] за досегашните активирања на премиерот, знам голем број на деца дека се вработени во државните институции, еден период им беше платена и кирија во становите во кои престојуваа, многу им има помогнато... за другото немам коментар.




agnes77 -> RE: Премиерот Груевски го посети Домот ... (27.12.2010 14:58:00)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика

Јас само ќе кажам едно големо [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] за досегашните активирања на премиерот, знам голем број на деца дека се вработени во државните институции, еден период им беше платена и кирија во становите во кои престојуваа, многу им има помогнато... за другото немам коментар.


онда стварно можно е да се заинтересира и за посвојување нели[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
(зато што од месец мај ние било посвојено нити едно дете) навистина се надам, да се заинтерсира ...




Martins mom -> RE: Премиерот Груевски го посети Домот ... (27.12.2010 16:28:46)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика

Јас само ќе кажам едно големо [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] за досегашните активирања на премиерот, знам голем број на деца дека се вработени во државните институции, еден период им беше платена и кирија во становите во кои престојуваа, многу им има помогнато... за другото немам коментар.


Си помага тој кај што има корист...онака за џабе сигурно нема помогнато. Или му лепеле плакати, трчкале наоколу за изборите, делеле пропаганден материјал, па ги удостоил со помош[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




Viktori -> RE: Премиерот Груевски го посети Домот ... (27.12.2010 22:50:28)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика

Јас само ќе кажам едно големо [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] за досегашните активирања на премиерот, знам голем број на деца дека се вработени во државните институции, еден период им беше платена и кирија во становите во кои престојуваа, многу им има помогнато... за другото немам коментар.


Си помага тој кај што има корист...онака за џабе сигурно нема помогнато. Или му лепеле плакати, трчкале наоколу за изборите, делеле пропаганден материјал, па ги удостоил со помош[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]



Ова нема шанса да се случило, затоа што до сега 100 филма ќе направеа медиумите ни наши независни...
Во врска со какви се условите за живот по домовите, немам коментар, затоа што 2/3 од Македонците живеат на работ на сиромаштијата. Каква ти е државата, таков ти е стандардот и такви ти се условите...

А домовите се полни од многу причини: од нашиот менталитет (бело да е, мало да е), од нивната лакомост 5 000 евра дете и ај последно нека остане, од неспособноста на институциите кои треба да овозможат посвојување...
Им треба една година за закон да имплементираат еј.. па уште пуштаат бубачки однапред дека законот не чинел, неизводливо било, па луѓето имале право да бираат, не баре футрола за мобилен се децата...

Не знам, ама сигурна сум дека некој треба да лежи за ова...




mamicka 010 -> RE: Премиерот Груевски го посети Домот ... (29.12.2010 5:35:41)

Covekot iskreno si ja zavrsi rabotata [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley32.gif[/image]dade sto treba i  tamu deka najmnogu treba




agnes77 -> RE: Премиерот Груевски го посети Домот ... (29.12.2010 21:34:23)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicka 010

Covekot iskreno si ja zavrsi rabotata [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley32.gif[/image] dade sto treba i  tamu deka najmnogu treba


така е [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] и затоа јас имам надеж дека се активно заинтересира и за домашни и меѓународни посвојувања ... иако јас сум странец, дјевојчице које чекам се граѓаните на Р Македонија

најдобри услови во домот не може да го замени родителска грижа, лјубов коју дете добије од мајка ...




Pepelaska * -> RE: Премиерот Груевски го посети Домот ... (30.12.2010 16:19:05)


[/quote]

така е [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]  и затоа јас имам надеж дека се активно заинтересира и за домашни и меѓународни посвојувања ... иако јас сум странец, дјевојчице које чекам се граѓаните на Р Македонија

најдобри услови во домот не може да го замени родителска грижа, лјубов коју дете добије од мајка ...
[/quote]

потпис!

Колку да им е убаво таму сепак не можат да почувствуваат топлина и нежна грижа што може да им пружи едно топло семејство кое одвај ги чека во својот дом,
Агнес се надевам и јас дека премиерот ке се заинтересира за вас




agnes77 -> RE: Премиерот Груевски го посети Домот ... (30.12.2010 17:04:23)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###

Колку да им е убаво таму сепак не можат да почувствуваат топлина и нежна грижа што може да им пружи едно топло семејство кое одвај ги чека во својот дом,
Агнес се надевам и јас дека премиерот ке се заинтересира за вас



[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]  фала фала Пепеласка[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] ... јас најмногу сакам да се премиерот заинтересира не само за нас, напротив сакам да се заинтересира за сите деца која имају услове да биде посвојени ама уште чекају во домот или во дом семејство, да се заинтересира за сите домашни посвојители који чекат деца и за странски посвојители који према меѓународном договору чекају да посвоје во РМ.

не знаем за сите, знаем за две девојчице које имају услове да биде посвојене веќе 8 месеци ама ништо ...кој знае колку такви деца има ... 




Страница: [1]