Низ сито и прстен (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Свадби, крштевки, годишници ...



Порака


profesorica -> Низ сито и прстен (20.8.2009 9:08:43)

Мами со коментарот ме поттикна за темава [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]

Мамицки дали вие го гледавте идниот сопруг низ сито и низ венчалниот прстен.Се верувало дека доколку го видиш маж ти ни сито и прстен и три пати ја повториш реченоцата-НИЗ ПРСТЕН ТЕ ГЛЕДАМ ВО СРЦЕ ДА ТИ ВЛЕЗАМ- дека тогаш ке имаш убав брак и избраникот ке те слуша и сака тебе вечно.




mami -> RE: Низ сито и прстен (20.8.2009 9:13:48)

Ние дека во ноември правевме свадба а дојдоа по мене во 5 попладнето беше темница и немав баш шанса да гледам а и не знев дека сеуште се практикува овој обичај некаде надвор од Галичка свадба[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




ripce -> RE: Низ сито и прстен (22.8.2009 16:49:46)

го знаев ова со ситово и прстенот ама не го направив




arh_diz -> RE: Низ сито и прстен (22.8.2009 16:53:26)

Nie se odlucuvme svadbata da bide bez obicai. Taka da takvo nesto ne mozev da napravam




mis. -> RE: Низ сито и прстен (22.8.2009 17:16:16)

Јас мм го гледав низ венчалниот прстен и знам дека кажав нешто но не се сеќавам што точно сум ги заборавила не се сеќавам.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




nadica -> RE: Низ сито и прстен (23.8.2009 14:32:06)

не сум го правела ова ама интересен обичај ајде нека пишат тие сто го правеле и какво е нивното искуство[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Nikolina -> RE: Низ сито и прстен (23.8.2009 17:53:04)

да јас го правев ова и обичај како обичај не мора да значи дека ако го направив и дека се ми е баш подмачкано имало и убави и неубави моменти,а јас за мојата свадба кај мене дома си правевме обичаи а од кај мажот ми па и не баш тие да речам како покултурни од нас т.е. е од поголем град не сакаа ви рекоа е да бе како селаните,селани или не ние си го напрравивме ќефот,јас сум голем љубител на обичаа едно забавно е и кога само ќе помислам дека и мајами и нејзината мајка го правеле тоа....а кога дојдов дома па кај мажот ми по иницијатаива на тетка му која и таа е од мал град ме пречекаа со слатко мед и вода и на влезот имаше поставено бела крпа и под мишките ми ставија два леба и ме однесоа во кујната и ми рекоа да ги пуштам одеденаш и кога паднаа двата паднаа исто и демек двете деца ќе ми биле исти[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]па ќе видиме здравје.




milijana -> RE: Низ сито и прстен (23.8.2009 18:41:52)

I jas mojot go gledav niz sito i prsten..toj do den denes ne znae za ovoj obicaj..a go napraviv poradi tetka mi..koja mi dade sito , niz prozorec gledav..ne se sekavam sto tocno povtoruvav..taa mi kazuvase.mene mi bese interesno..mlada bev..so 20 god..ama ne mozam da se pozalam.Imam ubav brak..i mislam deka mm me slusa , me saka.Sega dali e do toa..neznam.ama se sluzuvame..se sakame..taka.Pozz od mene do site.




mami -> RE: Низ сито и прстен (25.9.2009 11:39:30)

еве уште еден интересен обичај..

Земањето на невестата, започнува со собирање на сватовите во дворот или во куќата на малдоженецот, се пее и игра со народна музика и заеднички се оди по кумот и по старосватот. Од таму кога ќе се комплетираат сите се тргнува по невестата. По патот свадбената поворка е проследена од музика, песни. Сватовите одат во дворот на невестата каде што на портата стојат девојчиња од страната на невестата и ги китат сватовите. Додека пак сватовите по обичај им ставаат паричка на девојките кои китат. После тоа влегуваат во куќата каде што невестата е затворена во една соба. Невестата обично ја чуваат брат или братучет кои не го пуштаат младоженецот да влезе во собата туку му бараат да плати за да влезе. Откако ќе ја ”купи” невестата  таа ги поздравува гостите со добредојде, им бакнува рака и ги поканува на свечена трпеза во куќата или во дворот.




profesorica -> RE: Низ сито и прстен (9.10.2009 8:50:50)

Кога го гледате идниот сопруг низ сито и прстен треба три пати во себе да ги повторите зборовите: Низ прстен те гледам во срце да ти влезам!




mami -> RE: Низ сито и прстен (21.1.2010 12:15:37)

Дали некоја го правеше ова? дали му кажавте на сопругот дека сте го правеле? како реагираше тој?




tereza -> RE: Низ сито и прстен (21.1.2010 12:34:04)

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

Кога го гледате идниот сопруг низ сито и прстен треба три пати во себе да ги повторите зборовите: Низ прстен те гледам во срце да ти влезам!


Е ајде јас ќе го направам ова на мојата свадба кога ќе биде па ќе ве обавестам како ќе ни оди во бракот[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]инаку интересен обичај. Би го направила зошто да не.




betpet -> RE: Низ сито и прстен (21.1.2010 12:48:44)

Jas go napraviv, ne go znaev,no na svadbata mi go kaza edna tetka i go gledav mm niz sito i prsten, no ne gi kazav zborovite koi gi spomenuva profesorica, ne znaev za niv. No i bez niv za sega e dobro se slusame , se sakame i vo srce mu imam vlezeno.Brakot ni e dobar, imame mnogu razbirawe eden za drug i pokraj site maki sto gi pominavme zaedno.Koga mu kazav deka napraviv eden obicaj i go gledav koga doagase, toj toa go primi normalno i lubopitno, kako toa izgledase.
Gi napravivme i onie obicai koi gi spomenuva mami, i nenako se bese ubavo i tecese se vo najdobar red. Ubavo e, nemazenite neka probaat, pa kako vikaat tao ke ni ostane.




stojanoskad -> RE: Низ сито и прстен (9.2.2011 13:28:45)

Golem skeptik sum na se sto nema logicno ili razumno potkritie.Pa i ovde neli!
Neka ne se najde nekoj navreden meguto pisuvam samo moe mislenje neli!
Pa brakot e tolku zaebana institucija(se izvinuvam na izrazot),kade sto treba mnogu poveke od sito i prsten.Znaci samo prazno sueverije!
Megutoa ako na ova gledam kako obicaj pa i mi se dopaga.
Vo edno predanie za svadbarskite obicai pisuvase vaka:koga momceto so strojnik doaga kaj nevestata za zbor,tatkoto na nevestata veli:Ova go zavrsivme,sega odi doma, i vsreda so kana crveno vino da mi dojdes,a jas sirum ke gi otvoram portite i ke ve precekam kako sto e red, kako svatovi!
Kolku samo ubavo kazano!




Страница: [1]