Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Што ја одбележа изминатава година? 18.1.2013 17:14:38
Simona_k
По убавиот полн со радост 2 роденден на син ми,неколку дена пред роденденот дознавме дека наскоро ќе имаме придружба уште едно ангелче...(дека мама е ) и одморот кој следуваше после сите обврски и беше најубав:мама тато и Тино.Си поминавме супер баш се одморивме
RE: Што ја одбележа изминатава година? 19.1.2013 11:57:32
Ring
Ќе ја паметам по мојата среќа- ќерќа ми...по нејзината прва насмевка, првото МАМА, првата кашичка, првото забче, првите неусешни чекорчиња
Ќе ја паметам по раѓањето на втората внука , новата принцеза на тета... по прекрасниот трет роденден на првата внука која има посебно место во моето срце..
Ќе ја паметам по турбуленциите во бизнисот на мажот ми и неговите челични нерви
Ќе ја паметам по тоа што почнав да го гледам светот со други очи...
_____________________________
Your children will become who you are...so be who you want them to be !
RE: Што ја одбележа изминатава година? 20.1.2013 14:12:09
kuklicka26
Пред се ке ја паметам по напорната работа,по крштевката на С,нејзиниот прв роденден,нејзиниот прв одмор,нејзиното прво запче,нејзините први чекори,пред се во знакот на мојата принцезичка.
RE: Што ја одбележа изминатава година? 14.12.2013 19:01:49
Bethany
Веќе сме пред самата завршница на оваа година, па може да размислиме што е тоа што ни ја одбележаа годинава...
Мене некако многу брзо ми минаа годинава. Поради Ј мислам дека е така. Со детето во раниот развој секој ден е нов и интересен, иако се чини некогаш дека секојдневието ми е исто, монотоно, сепак не е така.
Имавме доста фамилијарни моменти, доста време поминавме заедно, се нешто заедно правевме.
Здрави сме.
Неубавите работи не беа толку големи за да ги засенат убавините, така да можам да речам фала на Бог за оваа година.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
RE: Што ја одбележа изминатава година? 14.12.2013 19:10:22
Mihaela 2010
Spored mene za razlika od minatata godina,ovaa kako da mi bese posrekjna i poubava,daj Boze narednata da e uste poubava ovaa godina ke ja pamtam po moeto unapreduvanje,konecno se isplati moeto diplomiranje i nervozite sto gi imav na staroto rabotno mesto konecno izzceznaa,pa taka si najdov mir na novoto rabtno mesto.. Imavme prekrasen i nezaboraven odmor,so moite bliski i dragi luge... Momentite so kerka mi nemozam a da ne gi spomenam,sekoj den e novo dete,kako raste se poumna stanuva,nejzinata nasmevka mene me pravi presrekjna... Mm se zapisa na postdiplomski ,izgleda saka da e povekje od mene ,ama ako mene ne mi e vazno toa,vazno mi e pokacuvanjeto negovo na platata Ete fala bogu zivi zdravi sme,pa se nadevam na podobra i posupesna naredna godina A da,stanav vujna po vtor pat,zolvami se porodi pred dva meseci,pa imame i bebe vo familija..
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
RE: Што ја одбележа изминатава година? 15.12.2013 1:17:25
Defne90 RR
Ovaa godina ke ja pamtam najprvo po prekrasniot avtomobil koj sto go dobivme na podarok od moite svekor i svekrva,ke ja pametam isto taka po svadbata na mojata najdobra drugarka,po renoviranjeto na detskata soba,konecno i decata si dobija svoe katce kade mozat da si igraat,po toa sto posle tolku molbi i solzi za kuce i M konecno si dobi svoe sopstveno kuce so koe si igrase neprestajno celo leto,po novite prijatelstva,po detskite radosti no i solzi zaradi izgrebanoto koleno,po mojata neizmerna sreka blagodarenie na moite srekicki dve,po ubavite migovi pominati so maz mi i naseto prekrasno drustvo od koe sekogas imame golema poddrska.Prvenstveno izminatava godina ke ja pamtam po ubavi raboti,ke ja pamtam po nekoi sonista i zelbi sto si gi zacrtav i se nadevam deka idnata godina ke uspeam da gi realiziram konecno za tie da stanat stvarnost.
RE: Што ја одбележа изминатава година? 15.12.2013 13:17:55
Martins mom
- После долго време, кај мене се падна паричката - Победата на Вешта жена во Битола - Станав Вешта жена на Македонија за 2013 година - Купивме автомобил - Се роди Ана Ќе ја паметам и по една грозна работа, ама нема да ја пишам, пошто меѓу сите убави работи, не вреди да ја споменувам.
Оваа, дефинитивно беше моја успешна година!
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
RE: Што ја одбележа изминатава година? 15.12.2013 13:18:12
deluxe
Оваа година ќе ја паметам по крштевката на син ми,првиот роденден,раѓањето на нашето кумашинче,и веридбата на брат ми како цреша на крајот од годината Убавите моменти ќе ги запаметам,на лошото ке пробам да му направам делит
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
RE: Што ја одбележа изминатава година? 15.12.2013 13:33:43
Палешка РР
Оваа година дефинитивно ми ја одбележаа принцези и битанги Марио стана полнолетен, направи преубав роденден, на одмор не направи белја, пушти брада и заслужи Миа да го нарекува битанга. Миа на почетокот на годината ги фрли пелените, почна поубаво да зборува, почна да стои пред огледало и да гледа дали е убава, посака да има лабело за да се шминка и некако наеднаш стана позрела. И таа заслужи бато да ја вика принцеза.
Имам и други битанги и принцези оваа година...но многу се, а ме мрзи да пишувам
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Што ја одбележа изминатава година? 15.12.2013 15:27:36
ivoni4ka
ke ja pametam po mnogu srekni migovi so mojata kerka i soprug, kerka mi proode, pocna sama da jade, proslava za 1 rodenden na nea,prviot zaednicki odmor so kerka mi i mm, kupivme plac za kuka i vo krajna faza sme za vadenje na gradezno odobrenie, a i po 2 neuspesni obidi za rabota ama se spremam za uste eden obid, pa se nadevam deka ke bide kako glag na torta za krajot na godinata
RE: Што ја одбележа изминатава година? 15.12.2013 18:34:01
Yummy Mammy
Definitivno po raganjeto na mojot tret angel, po prvoto padnato zapce na golemata kerka, i trgnuvanjeto vo gradinka na pomalata kerka po nejzina zelba i bez nikakov problem. Tri mnogu bitni fazi na oddeluvanje na deteto od majkata.
_____________________________
There are no strangers, just friends you haven''t met yet!
RE: Што ја одбележа изминатава година? 15.12.2013 21:34:14
Melanija RR
Оваа 2013 година беше најисполнета
Започна со моја долгоочекувана бременост, 3 свадби на другарки од кои 2 веќе се бремени.И најважното доаѓањето на свет на човечето на мојот живот
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Што ја одбележа изминатава година? 16.12.2013 9:58:19
elenak
Годинава на мој личен животен план се случија две работи од кои едната е функцијата модератор на РР. Во овие две работи запознав и многу драги луѓе, како виртуелно така и реално, некои од нив ми оставија впечаток за цел живот, не само за годинава што помина. Се случија и други општи промени кои се надевам ќе бидат на подобро, засега само чекам. Дома значајно е се што е поврзано со ќерка ми. Секоја ситница, зборче, лудорија, проодувањето, каките во нокшир... Откако е родена таа е главното обележје на секоја моја година.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
RE: Што ја одбележа изминатава година? 16.12.2013 10:12:12
vezilka RR
Богами минатата година најмногу ќе ја паметам оти се скостив од работа, е арно беше и оти не рмбав за без пари. И нормално, по тоа што Никола си побара и си доби (ќе добие де..) бебенце. И оваа година ја поминав во дрштво со РР за што ми е многу мило оти тука се чувствувам како дома. Ајде сега да ја чекаме наредната
RE: Што ја одбележа изминатава година? 16.12.2013 11:27:38
bucko mal
Godinava sto izminuva ja odbeleza pomaliov sin.Prv rodenden,prvo zapce,prvi cekori i site uzivanja sto ni gi prireduva sekojdnevno. Tuka e i golemio sin koj nedozvoluva ni eden den da ni e dosaden Ke ja narecam,,domakinska godina'' preubavi momenti pominati so moite dragi mazinja. Sepak bese mirna godina,ne bese kako 2012 burna godina vo koja se sluci najgolemiot presvrt vo mojot zivot
RE: Што ја одбележа изминатава година? 16.12.2013 12:02:42
sandriana RR
Мали за некого, големи за мене - ситни позитивности, што ја бојат годинава во убава за мене. Првите самостојни чекори на Т паднаа на сам почеток на годинава, РРаја ме почести со улога во нејзиното одржување и ми го прошири кругот на пријатели, мини одморче со нашето мини семејство... Негативностите не дозволувам да ги паметам за да ја одбележат годинава.
RE: Што ја одбележа изминатава година? 18.12.2013 15:51:32
zzaa
Ова година ке ја паметам по многу убави нешта, беше доста успешна и исполнета година за мене и моето семејство. - По тргнувањето во градинка, и отпишувањето. - Првиот роденден - Продувањето - Се што е поврзано со Ева, првите кратки реченици, миење на запчињата, и ред други убави работи што ме прават исполнета и горда мајка на едно прекрасно девојче. - Моето дипломирање -Запишувањето на постдипломски студи - Убавиот летен одмор
RE: Што ја одбележа изминатава година? 20.12.2013 0:14:09
mommy_angels RR
За мене ова беше една од најубавите години.Го прославивме првиот роденден и се радувавме на првите чекорчиња,првите запчиња,првите "мама","тато" и се поврзано со детето. Исто го решивме едно од најважните животни прашања,си направивме куќа и си се вселивме Се на се ова за мене беше прекрасна година и се надевам дека и наредната ќе биде барем приближно толку добра
RE: Што ја одбележа изминатава година? 20.12.2013 15:14:17
Hunny
Претходната 2012 година ми беше најсреќна и најисполнета од сите претходно. Го родив моето сонце, добив подобро работно место, па затоа во оваа година не ни очекував ништо посебно, а сепак ми беше посебна. Ќе ја паметам по првите зборчиња од ќерка ми, првиот заеднички одмор, првите чекори, првото паѓање, нејзиното „мама“ од кое цела се топам. Дома реновиравме, сменивме прозори, врати и тоа. Добро би било и следната да ми биде слична на оваа.
RE: Што ја одбележа изминатава година? 20.12.2013 15:16:25
Hunny
А ќе заборавев, ќе ја паметам и по долгоочекуваното пензионирање на мојот татко, кој како и сите стечајци помина цела голгота и го изгуби здравјето. Баш деновиве доби решение за пензија и сите не израдува.