RE: Кој период од животот би сакале да ви се повтори? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Defne90 RR -> RE: Кој период од животот би сакале да ви се повтори? (12.6.2014 0:29:35)

Па тоа би биле средношколските години,кога бевме млади и неуморни за дружење и организирање разни журки.Потоа периодот кога се криевме и пушевме,хе хе колку послатки ми беа цигарите тогаш.Периодот кога ќе купевме три кила вино за 80 денари и ќе се направевме маф со другарките и на крај место да излеземе по чаршија ќе испозаспиевме дома.Периодот кога се учевме да одиме на високи потпетици и изгледавме смешно и кога сите си теравме сеир на лична сметка.Хи хи со еден збор би сакала да ми се повторат сите оние безгрижни денови кога друг мислеше за нас и друг ни ги береше грижите а ние не се замаравме воопшто.[sm=smiley1.gif]




elenak -> RE: Кој период од животот би сакале да ви се повтори? (12.6.2014 0:36:30)

Дефинитивно студентскиот живот. Иако имаше тешки моменти, обврски стресови и сакав што побрзо да заврши и да ја земам во рака таа фамозна диплома, сега кога се е тоа зад мене сфаќам дека ми недостига, дека сум ги заборавила сите тешкотии и имам само убави спомени. [sm=smiley1.gif]




princessa -> RE: Кој период од животот би сакале да ви се повтори? (12.6.2014 8:32:56)

исто и кај мене. Едвај чекав да завршам а сега пак ми се учи. Кога ќе споредам сум се нервирала за глупости во однос на маките што сега ги имам. Добро маки не баш некои маки ами повеќе стресови, деца-меца, нема веќе безгрижност зашто мора ние да се грижиме за некој итн.
ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak RR

Дефинитивно студентскиот живот. Иако имаше тешки моменти, обврски стресови и сакав што побрзо да заврши и да ја земам во рака таа фамозна диплома, сега кога се е тоа зад мене сфаќам дека ми недостига, дека сум ги заборавила сите тешкотии и имам само убави спомени. [sm=smiley1.gif]





LoveableMe RR -> RE: Кој период од животот би сакале да ви се повтори? (12.6.2014 9:07:31)

Студенските и средношколските денови, имав навистина преубав период тогаш, со многу дружења, излегувања, безгрижност, младешки елан....




Mila mamicka -> RE: Кој период од животот би сакале да ви се повтори? (10.7.2014 12:51:04)

Дефинитивно средношколските денови. Најубав период од животот ми беше тоа, безгрижен.




caciana -> RE: Кој период од животот би сакале да ви се повтори? (26.11.2014 14:56:43)

Detstvoto [sm=smiley13.gif] , si go sakam pak nazad... kolku brzo pominaa godinite[sm=zmeden.gif]
A togas bas bev bezgrizna i srekna i vesela i Se bese super, sovrseno najubavooo [sm=smiley13.gif][sm=smiley19.gif]




Ki4iko -> RE: Кој период од животот би сакале да ви се повтори? (26.11.2014 19:20:32)

Дефинитивно детството,наивно и прекрасно [sm=smiley27.gif][sm=zz_wub.gif]




scared RR -> RE: Кој период од животот би сакале да ви се повтори? (26.11.2014 20:43:14)

Detstvoto i periodot koga ja pocnavne vrskata so maz mi :)




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]